Сега е точно : Maрт 28th, 2024, 7:41 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Дали Александар го изградил Кинескиот ѕид :)
ТемаИспратено: Jaнуари 31st, 2009, 11:16 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 6th, 2008, 1:18 pm
Мислења: 900
Огромната улога што ја одиграл Александар Македонски во светската историја го направила да биде најпознатиот Македонец на сите времиња. Легендите и преданијата за него почнале да се јавуваат и развиваат уште непосредно по неговата смрт, а за посебно интересни се сметаат оние што се појавиле во средниот век.
ПРЕДАНИЕ НА НАРОДИТЕ ОКОЛУ КАСПИСКО ЕЗЕРО
Според ова предание, во пределот околу Касписко Езеро порано живеел таинствен народ, кој го носел необичното име Црвени Евреи. Преданијата за потеклото на овој митски народ ги истражувал историчарот Колин, кој во својата книга „Црвените Евреи: антисемитизмот во периодот на апокалипсата 1200-1600“ запишал дека овој народ бил населен околу Касписко Езеро од Александар Македонски (Г.А. Колин, Леиден, Холандија, 1995).
ЛЕГЕНДИТЕ ШТО ГИ ЗАПИШАЛ МАРКО ПОЛО
Познатиот средновековен морепловец и патописец Марко Поло, роден во 1254 година во Венеција, запишал четири легенди за Александар Македонски и ги објавил во своето дело „Патувањата на Марко Поло“ во 1300 година.
Осаменото дрво
Оваа легенда е запишана некаде во Иран. Таму на Марко Поло му било кажано дека во тие земји постоело осамено дрво среде огромна пустина. Наводно тоа дрво никнало на местото на големата битка помеѓу Александар Македонски и персискиот цар Дариј. Поло пишува дека дрвото било со огромна големина и дека од едната страна имало зелени лисја, а од другата бели. Она што е интересно е фактот дека на најстарата зачувана претстава за битката кај Ис (мозаикот во Помпеја од 80-та година пред Христа) во заднината навистина се гледа едно осамено дрво.
Наследникот на Александар
Според оваа легенда, Александар се оженил за ќерката на Дариј некаде на територијата на денешен Авганистан. Од тој брак добиле деца, кои пораснале и се омажиле и ожениле и така нивното потомство стигнало се до 13 век, т.е. до посетата на Марко Поло на тие краишта. Тој запишал дека стигнал во земјата Бадакшан, чии владетели себеси се сметале за директни потомци на Александар и на неговата персиска невеста. Во чест на својот наводен предок, тие ја носеле титулата зул-карнијан, што претставува исламско описно име за Александар, под кое се смета дека тој е спомнат во Куранот.
Последниот еднорог
Според оваа легенда, познатиот коњ на Александар по име Букефал до својата 14-та година од животот наводно бил еднорог. Според тоа што го напишал Марко Поло во земјата Бадакшан, наводно постоело едно стадо еднорози, кои наводно потекнувале од Букефал. Ова стадо било во сопственост на некој богат член на кралското семејство во таа област. Кралот посакал да добие макар еден еднорог од тоа крдо, но богаташот го одбил. Поради тоа кралот наредил да биде убиен. Но, жената на богаташот, за да му се одмазди на кралот, им наредила на своите слуги да ги убијат сите еднорози што ги имале. Така била прекината лозата на коњот Букефал.
Александровата преграда
Легендата зборува за настан што се одиграл на територијата на денешна Грузија. Во оваа земја напредувањето на Александар било спречено зашто пред него се појавил опасен теснец. Од едната страна се наоѓало морето, а од другата непроодни планини со густи шуми пред нив. Овде Александар решил да изгради преграда во теснецот меѓу двете планини. На тој начин ги спречил племињата што го напаѓале и ги отсекол од цивилизираниот свет. Таа преграда била наречена „Железна порта“. Многумина подоцна се обидувале да ја пронајдат железната порта. Некои средновековни арапски географи сметале дека таа преграда, всушност, е Кинескиот ѕид, а други, пак, мислеле дека се наоѓа во Дагестан.

(продолжува)

старо е,од Време,кога кје објават продолжетокот кје го ставам :)



Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 10 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап