Сега е точно : Maрт 28th, 2024, 1:14 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: (Р)ЕВОЛУЦИЈА
ТемаИспратено: Авдуст 19th, 2009, 7:00 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
Слика: група црнци облечени во широки фармерки искомбинирани со Nike Air Force патики стојат потпрени на ѕидот на нивната project building од црвена цигла. Некои стојат, го фураат оној хип хоп став со наведната глава и една нога на ѕид, некои се седнати на тротоарот, кулираат, а некои цел ден возат точак околу блокот, одвреме навреме застанувајки на "whuttup" муабет со нивните "homies"... Оние со повеќе среќа, возат некое интересно автомобилче од кое се слуша гласен андерграунд рап, ама битно од блокот подалеку не мрдаат додека не дојде 10 навечер. Тогаш во таа урбана населба умира денскиот живот, а ноќниот се крева од мртвите. Прилично морничава е ноќта под уличните светла каде што се меша моралот со неморалот, човечноста со борбата за опстанок и каде што законот важи само онаму каде што е ставен на хартија. Ако се придвижиш само блок-два понатаму, ќе ги видиш девојките што преку ден се грижливи самохрани мајки, а потоа се трансформираат во професионални "придружнички", па имаш неограничен избор: од надворешен изглед, до боја на кожа и коса, висина итн. Вистинска улична продавница со разновидни продукти. Истата слика секој ден.

Додека работев во еден град во New Jersey што беше смисловно поделен на опасен и сигурен дел, можев да го забележам овој деноноќен тек што го опишувам. Америка не е она што го гледаме на филмовите во смисла на леснотијата на живеењето, ама кога се работи за ваквата слика, истата е многу реално пренесена во било кој филм. Белците се исфрустрирани зашто плаќаат пари на државата од кои живее најголемиот дел од невработеното црно население. Бесни се бидејќи менталитетот на Афро-Американците бил загрозен со уверувањето дека белците се расисти, па заради тоа, за црнците нема работа. И така, тие спротивставени мислења водат до непријателство, омраза, конфликти.

И оттука треба да се почне. Ова е повеќе социолошки отколку хип хоп проблем, но содржи битна лекција. Ако ја оставиме настрана нивната проблематика и продреме подлабоко во нашата, ќе утврдиме дека ние немаме расизам, не издржуваме толку големо малцинство, сме драстично помала нација, а сепак меѓу хип хоперите постојат ИСТИТЕ претходно споменати проблеми. Сите луѓе сто пишуваат на hiphopmacedonia.com го обработуваат овој проблем, но поентата е тој конечно да се прифати како таков. Јас нема да се изморам од обидите да го издигнам македонскиот рап на повисоко ниво, ниту пак од писување колумни кои се наменети да помогнат во тоа, ама првиот момент кога ке помислите дека (Р)Еволуцијата е невозможна, веќе сте надвор од игра. Ако тврдите дека правите рап за душа, треба да бидете свесни дека секоја една трака е рефлексија на самите нас и вредностите што ги поседуваме, па кога зборувам за (Р)Еволуција, не мислам да грабнеме пушки и пиштоли, туку мислам да ги разбиеме менталните окови што го спречуваат напредокот. Во Америка, секоја минута е клучна, па секојдневието е СЕКОГАШ неизвесно. А вие, ако веќе го користите за хип хоп, искористете го да направите нешто корисно и квалитетно, зашто во една трака треба да ја внесеш големината на твојот дух и талент, а не само опсегот на пцовки и дисови што го поседуваш. Прогресот започнува оној момент кога ќе одлучиш да се бориш. Да имаш визија, сон, цврстина, одлучност... Негативност, нејасни намери и неодлучност само носат уназадување.

Изборот е твој, мој, наш.

Сега постои hiphopmacedonia.com, па ако некој барем малце се пронаоѓа во моите зборови, слободно нека ме контактира.

Време е за промени, не е ли?

Со почит,
Sleet.


_________________
http://www.myspace.com/SpeciaListMK

„Или ќе чекориме заедно, или ќе умреме како робови“ АГО


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 3 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап