Сега е точно : Maрт 28th, 2024, 10:29 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Хаосот на Скопскиот Урбан Хаос
ТемаИспратено: Септември 15th, 2008, 10:26 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2007, 9:28 pm
Мислења: 168
Локација: Dracevo Dolinata
Хаосот на Скопскиот Урбан Хаос - Зоран Ристовски Растаман

Петок...

Денот е Петок .Погледнуеш пак у календар,гледаш и се уверуваш дека стварно е петок.Знаеш дека треба да се иде накај град(попрецизно Градски Парк),сакаш,да се ''испукаш'' и ослободиш од напорствата и компресиите што ти се "напукале" у глаа во текот на 5-тте работно-раднички денови и да се ослободиш од оние мозочни обрачи што те стегаат кои пак се генерирани од страна на маалските и населбарските "урбани" фаци.По принципот на Словенците пошто они се у ЕУ,а и ние сакаме да влеземе, по шаблон ги применуваме нивните навики - 5 дена работиш ко Јапонец,а 2 дена се праиш шифуњер од пиење.Така седнуваш,се замислуваш и почнуваш со селекција на опциите на превоз.Со патики т.е. пешадија ја тргаш уште у старт.Идеш у гаража го глеаш точакот на кој небаре му фали се,и како прво заприметуеш дека гумичките од кочниците се излижани "до бандаш" и констатираш дека у старт си скинат али пак ги анализираш и наредните недостатоци како на пример педалите ти се искршени до бандаш, задниот бандаш-геврек,фалат шпици,сајли јок, али нема везе има точакот ѕвездица и ланец.На крај стручно констатираш дека точакот ти е Маде ин Куманово,дека е Собим Сајкл т.е ја што го викам Дрвен Точак а нели точак и шпорет од дрво не се прават,па така нормално нема да ти издржи ни 10 метри ке се распадне на 235 парчиња па ни Жан Митрев со цела негова багра нема да можат да го склопат.Опцијата па да се гребеш за картички од твоите уште у старт ја множиш со нула и добиваш празно множество пошо и самиот си знаеш дека татко ти е на принуден одмор и се одмара како да е на Хаваите и ич уво не го боли,а од завод секој месец прима месечен надомест за социјалци во износ од 0.032 денари а плус на тоа кога му го исплакаат ''надоместокот" му одзимаат и 18% ддв така да картите на таа опција се отворени и си свакаш дека си ставен да крчкаш со зачини во котлето што го викаат - статус нула.Така седнуем се замислуем како да се одвлечкам до Градскиот ни парк без да го нарушам "семејниот богат буџет" уште да не кажам на РМ.Фино си задавам функција у мозокот X од Y т.е. пат од пари, ја анализирам непознатата X и несакајќи го добивам резултатот Z.Па да го резимираме Z :Си идеш бате поштено у три саат на пладне на треќа автобуска у населба(зборам стрикно за Драчево) кога сите радници се вракаат од работа од целово Скопје, ОХИС-ари и остала екипа од Пинтија-Драчево фабрики.Поштено они како излагат ги фрлаат куцнатите картички, а ти ги колваш како кокошка од земја и се радуеш кога ке наидеш на некоја со бледо откуцана тазе штампа од аутоматот кај Шоферот т.е. главниот фраер у цела таа маса на подвижно искршено железо шо се движи како локум по Дрчево-Центар пат (што си го викам ја), шо требаат да ти плакаат за да се качиш,наречено ЈСП аутобус.Така значи фино си собираш,најбитно е среќен си,и си ги подредуеш од 1 до бесконечно како сликички од фудбал од некое светско првенство и стиснати у рака како последни 10 денари се упатуваш у најблиската книжара а во случајов - Везилка.Влагаш у нутра и и викаш на тетката шо продава да ти ги даде сите гуми за бришење шо постојат у книжарата,а она како да си ја знае работата,поштено ти вади кутија со 320 врсти на гуми .Се распиштолуваш тоталка,го вадиш купот со картички од џеб,визуелно ги скенираш и ги одбираш оние кои се со побледи отисоци на штампа.Засукуваш ракави и стартуваш со бришење на одбраните картички,а воедно вршиш и дегустација на гумите.Твда,средна,мека,Croatian,Germany,Маде ин Туркиjе,Пеликан,за пенкало бришење....Си ја одбираш нај продуктивната шо најдобро ги отстранува мрљите од "мајсторскиот аутомат" и се упатуваш среќен накај дома да им ја раскажеш приказната на останатите картички од купчето.Седнуеш на маса и ги вадиш потребите елементи исто како да мешаш малтер.Селотејп,ножици,гумата и идејата што ја прошета од автобуска до книжара и до дома.Зимаш така гумата у десна рука и почнуваш да ја париш картичката со гумата,правиш напред-назад потези по штампата исто како при маструбација и нормално...се знае дека се е добро кога добро ке се сврши.За 0 денароси добиваш инстант добитна комбинација-продукт што исто како да е од билетара, само што му фали кецот на десно-горе ивицата.Наредниот чекор е фазата-калемење на картичката за која се потребни вешти и прецизни раце! која пак не важи за особите-прстокршачи,лупачи со чекич,каменорежачи бидејки процентот на толеранција при калемењето е многу мал.Значи се почнува со сечење парче-врло битен елеменат,од друга неизбришлива картичка што претходно стручно ке се констатира дека има небришлива штампа и поставувањето на тој елемент во целина со картичката со помош на квалитетен селотејп за да биде комплетен и компактен целиот тој квази склоп.Така значи поштено си праиш едно четири,пет -60 комада и си ги убацуеш у лична карта за да не ти се извиткаат,и за да ти се најдат преку викендот да си имаш за ако ти се деси и преку ден да си свратиш кај некоја другарка на ракија,не-нормално се разбира.У тој работлив момент ти текнуе дека од твоја страна си ја исполнил дужноста си направил картички,а автоматот може да биде и голем жут кретен како банана да те натера да го гризнеш у нервоза,да изиграва недодирљив и никако да ти се откуца картата.

Овој начин на превоз ми е најпаметниот начин за да ги избегнувам конфликтите со Контрола CREW-то т.е. бивши шофери у ЈСП што ај да не ги бркаат од работа заради Х-пијандурски причини, каснење по саат време,не застанување и утињање на станици,грмење Весна Змијанац и остала Гранд багра у автобус,слични девијантни појави, вандализам и ренесанса од нивна страна.А рецептот за правење контролор ако не ви е познат е следниот:Ако Чичковците Шофери се немирни и ги имаат горните епитети-нив ги повикуваат у Централа и добрата вила Синди со магичниот стап ги претвара у Контролори.Така лиени у кондукторски калап и искалпени у голема серија како Барби & Кен ,со селски набилдан говор,облини и финти на изговор како во стилот "сега те носам у Станица и ке ти ја стаиме глаата на циркулар", се јачаат и заплашуваат народ у вожња.Сватив некои работи дека некогаш беше времето и помина кога бев средно и кога се натегавме со Контрола CREW-то демек они контролори бараат карти а ја па им вракам демек ако они Контрола ја сум Самурај па у џеб носам катана 3,5 метра ако ја распакуем и замавнам ке ги исечкам до атоми, или па се натегаме кој да плати ај ти...не ај ти...па чекај другар ми има златна менѓуша на уво барајте му на него пари он има у него 100 посто,а па другаров на мене :демек сум имал дијаманти у носот и ме тера да извадам некој така поголем па да платам "скапо"со дијамант .Исто па,демек сум дете од оние школите од профилот на "Св.Наум Охридски","Златен Сремец'"...Златно Пајче или Банана, и така невино у џеб сум собрал околу 1253 искуцани ЈСП картички а оваа денешнава несакајки сум ја убацил у тоа множество па така невино му го подаваш "туцето" на Семоќниот претставник на ЈСП Контрола и збунето му велиш -"Абе Чичко ми се смешала со другиве еве ти најди ја тука е некаде",Па лажни имиња како-Перо Ждеро,Дракче Точкарот,На Тубелес син му помалиот,Јане Сандански,Дарко Панчев... и остали урбани херои и моменти...

Поучен и поуздан од една дешавака у ЈСП травеллингс каде ќе јадев масовен сеир беше кога никако не сакаше да ми откуца тоа аутоматот и... бутај бутај али никако,и пред да ми рече мајсторот дај да ти ја видам тоа картичката, морав да употребуем ономатопеи,цкззззззззз!,усно да го произведам звукот на аутоматот демек ми се искуцала картичката и ај некако поминав се снајдов.Така бате поучен од тоа,за против такви моменти,за против такви уроци,и остало множество клетви си купуем ја за секој случај една оригинал картичка за недајбоже тоа аутоматот(аутоГадот) да неке да си откуца.ц ц ц...само да знаете колку им се грижат Шоферите на аутоматите дали работеле,абе ич не ги боли штрафцигер,а па тоа ми претставува најголем проблем.

Така значи ја си го свршив моето картичките се спремни ,и чекам да дојде времето да тргнам накај треЌа аутобуска тука кај мене.Си каснувам пред да тргнам едно аператив летно гурманско јело- маргарин у коцка,леб,патлиџан,солца и си излегуем стандард најнормално у 5 до девет.Сакајќи или несакајќи,по традиција обавезно ги среќавам како попатна станица маалско-кооперациските урбани фаци распостелени полемизираат пред нивната научна установа,нејзиното височество-Кооперацијата.Стандард сценарио како по протокол:ракија,пиво-ѕидарско,вегета,мартадела или месни нарезак,српска скараџиска на мерење за стотка,салама-Посебна(зашто не содржи ништо е посебна),празни гајби Скопско под газ и тема на муабет фудбал,Бранко ВС. Груевски,Вчера слабо јадеше на Пчиња,На овој ќерка му у 4 се врати дома...изгледа *#Ч#&!...Така,зашто немам многу време за губење ги поздравувам продуктивниве фаци со фразата-"Многу работите Мајстори,одморете малце",стигам на аутобуска и заедно со остали ЈСП пациенти си го чекаме црвениот old school 41.

Во не-исчекуење го здогледуем на Втора аутобуска како се пуни,тогаш почињам со џебна селекција на работите како :аналогниот ми упаљач,пола мастика орбит,цигара на парче,два динара-ситно по динар,ѓубре од сончоглед,тапа од винце и на крај стигам до личната карта.Ја зимам у руки,ги погледнувам картичките што ми се ставени у неа онака набавтана исто како кога се повторува лекција за у школо и зимам една.Од друг џеб пак ја вадам оргиналката за у секој случај ако почне аутоматот да се мајтапи да не си се изрезилиме,и ги држам така двете картички у лева рука.У тој момент застануе СФРЈ бусот на станица,се слуша чкарт издув на компресија и се отвара Сезамот. Еден по еден како во трло со овци почињаат да влегуваат лугето а јас после неколку секунди ја пречекорувам и првата скала.Мајсторот главен фраер сал скрсраце мустак шоферски сучи ,абе те ѕвери у сурат и руки,за ако случајно немаш картичка одма да те почасти од тие неговите-црвените 35 денари,да не пропадне државичкава без твоите 35 динари ,абе срце да ти се скине,цел четврт со месо отиде ти се попна,а па тоа автоматот таков жут на црна основа ставен и со зелена лед диода како киклоп ти ги јаде картичките... абе милина...глаа да му стегнеш одма у старо железо да го пратиш без упут од матичен.

Пуштам ја така два три тројца пред мене како индикатори за исправноста на тоа таквото шо ми ги јаде картичките ко ненаситно,и лугево знаеш поуздано ке си купат од кај фраерот у плава кошуља и пешкир на врат од тие црвените по 35 и... си откуцуваат нормално,ништо особено...али за нив.Ја у тој момент пуштам тоа очите "до бандаш"да ми снимаат,како комшиите што ме снимаат навечер кога се вракам така "малце" камено "поднапиен"од парк,и ја посматрам неговата исправност.Ги бројам секундите до средбата со него ,правам нормални движења раце-нозе-глава,ги посматрам покретите рука-аутомат на лугето што се пред мене и му ја проценувам душевната му состојба.Тврди,остри,и гласни удари врз невините картички и наизменични жмигања на зелената диода ко некој ќорав ,значи дека добро е стегнат со имбуси,тонерот фул,ножот е значајно остар,добро е намазан со коломаст и остали мазивни и наливни средства за напивање на автомат,електрониката ми е врло исправна што ја вака од електротехнички аспект да кажам е најбитната работа за да функционишн како германец.Значи при ваква дијагноза аутоматот е Ѕвер Но.1!!! да му стаиш и рука ке ти скине а не па камоли картичка со 1 слој селотејп.Така фино бате без гајле си вадиш од тие чкартот и му ставаш на аутоматот у уста да ти гризне од картата.Откако ке ти гризне еднаш не го нудиш вторпат за да не му се слоши, и среќно весел продужуеш да си завземеш некое место за стоење, се наогаш со твои луге пуштате некоја тема и паѓа онака некое колективно смеење.Се нафрлаш тогаш на картичката, ја ослободуваш од останатите стеги на селотејпот и и пусташ еден мрљ со прст преку тазе отпечатените бројки за да се прикрие претходно бришената штампа. Вака зготвена картичката,не ја сервираш со ништо зашо не е за јадење,можеш слободно да си ја виткаш сега мегу прсти да си праиш фас а ла грасс,триаголници и коцки од неа зашто е најпрофесионално спремна за проверка од страна на стручниот тим на CREW-то Кондуктори.Како и да е, во секој случај и да влезат овие професионалци не ќе мора да изиграваш Телетабис како порано да го бараш поклопецот на моторот у задниот дел од металната ЈСП гасеница за да можеш професионално да исчезнеш од:несаканата ситуација,сркање бедови ,лепење етикети и плакати врз тебе од страна на твоите сеир сопатници и замачкување на твоето име у црно сеир мастило па бате ни Гонг,ни Ариел не те перат тогаш.

Другата ситуација која воопште не ја сакам,а и таа ја има- е кога автоматчето е болно.Целото е неуредно ко да му пукнало петарда унутра.Се дрма ко мешалица за бетон,лед диодата изгорела,му бутнале скршен штрафцигер одпозади и наликува на радио,му паѓа гавата кога сакаш да го нараниш со картичка,флекосано е целото со отпечатоци од уље и коломаст,му залепил некој сликичка од животинско царство па ја одлепувале,абе лом...а најбитната ствар у целава слика е парчето внатрешна гума од кола со која е стегнато ко слеп за стап за шипката за да не му текне да побегне случајно.Значи сликава е за во гоблен!!!многу впечатлива уште од надвор,македонска,недомакинска работа,афтобусот е налепен со застарени реклами,неисперен,изнашкртан со лоши потписи напраени со тенок чкарт маркер од стилот на-Јувентус Закон,Драчево Мафија, и слично... ,има импровизирана каса за 5 денарки од Отров Кола шише,стари слики од фудбал и голи јамболиести женски обесени до ретровизорот... а автоматот мижи целиот и се слуша како без душа ги јаде кецовите од картите.У овој случај штета ако се брзаш и ако не мозеш да го чекаш наредниот афтобус во кој се крстиш да направата за јадење карти е во топ-стање да не мора да ја уништиш оргиналката што насушно ја чуваш при неколку ЈСП-екскурзии Драчево- Центар и назад.Мојата стучна констатација,како стручњак, после многугодишното проучување на овие жути автоматизирани кутии што ненаситно ти ги јадат парите, во јавното ни сообраќајно НЕпретприатие е да не се иде на ризик и да не се бута фалцот у вакви стари и ослабени модели на аутомати-картојадачи.Зашо е тоа така ? е затоа што ризикот е многу голем дали ке мавне аутоматот на картата или НЕ, а ако е НЕ !,мајсторите од овие афтобуси за кои карактеристика е носењето Филтер Југославија-наопаку отворени у леви џеб од кошуља,млатење комова домача 55 степенска и гајање гоблен од Тито у предсобље ,се доста стручно оспособени во своите селски урбани средини во дисциплините како: кршење на рука со еден потег,скок-пук со бокс со фаталити 100-ка,фрлање без залет низ врата,спомнување на женски особи од фамилијата и некои вулгарни работи поврзани со нив,а најлошо од се е она нивно ја шо го викам HARD-CORE брукање-чатење и држење Шоферска Богослужба пред присутните женски ососби што се на твоја возраст.Така да... ти се пушта муабет у населба и поширока околија што ке држи вода едно година ипол дена дека мајсторот те фатил и ти пуштил муабет на така "маааалце "повишен тон од калибарот на:-"Како не ти е срам бе копиљ низаеден,секој ден ли ја ке го праам аутоматот,срам да ти е од женскиве шо те гледаат тука,каков фраер си ти бе? Идеш у град со фалц карти!!некете да купувате карти и пиете со парите по парковине ,ве гледам јас насабајле...маму да ви *бам".Затоа мили мои памет у глаа и послушајте стручњак заради да не настрадувате од вакви ЈУС Стандард појави и да не го јадете калапот мајсторски пошо најзезнат е!

ТреЌана ситуација која е највпечатлива е кога автоматот е во дефект...што и самиот си покажува порака "Во Дефект".Значи при првиот поглед кон него забележуваш дека ти жмига со очињата, дека неговата состојба е асли варнинг!!! и ти вика немој да ми даваш да јадам фалц, Мајсторот е многу нервозен ке ти напраи Нинџитцу захват.Треба да си многу глуп за да се зезнеш.Дефектот се случува кога и при претходно горе наведената лоша состојба на автоматчето му се става да го конзумира фалцот.По некоја случајност жутата кутија со сила го инсконзумирала фалцот ама па ете сега почнуваат и проблемите.Се појавува симптомот -преплет на црева на автоматчето,така што мајсторот во тој случај со помош на алатката-фазомер-употребувана во случајов како штрафцигер го отвара аутоматчето за да ги изповрати заглавените кецови.Станува нервозен,пали една бела Филтерка-Југославија,ја пецка онака наизменично како џоинт,отвара очи небаре како француски кључ,клати глаа и му доага да каже на глас некоја од тие нивните безобразни шоферски мудрости.Не дај боже да има позади тебе уште некој со картичка како твојата,пошо одма ке биде откриен у делото, ке јаде црвен картон и пред да биде пратен у Ресајкл Бин ќе му бидат применети оние шоферски кунг-фу вештини црн појас-седми дан без да му трепне око на шоферот.Работата ќе стане шеќер,вода и ладни крпи...а крпите нормално ќе бидат за држење мраз на тазе отечените места.

Значи да резимираме.Откако ќе се деси дефектот тогаш мајсторот ја применува мануелната техника-рачно кинење на карти.Оваа постапка е најопасна и најлесно се открива фалцот,пошто Мајсторот без разлика на се ти ја зима картата и и ја кине главата така што многу лесно у прстофат зафат може да го напипа и открие селотејпот. Затоа при влез одма грчевито му ја подавате оригиналаката и поминувате без никаков проблем.

Исто така друга урбана финтица што може да се примени во тазе настанатава хаотична ситуација е тоа да му се протнете како игла,да му поминете низ базата без ништо да направите и онака со поглед да му дадете знаење у стилот на "Имам шефе ја слободна у џеб ми е ,неможам да ја вадам сега ај другпат,па ако сакаш и пиво ке ти пуштам".Така да ладнокрвно си се уседлуваш у задните сепариња на бусот,накривуваш капа, ја бркаш мувата од капата-нормално и просто уживаш во околниот простор и бесплатната удобна возња.Варнинг!!! за оваа ситуација е тоа што треба да бидеш претпазлив, да не се опуштиш премногу у "комфортот'' што ЈСП ни го овозможува-да се чуствуваш како бебе у количка,да заспиеш моментално без цуцла и без разлика што од време на време количката си знае да мавне така на некоја поголема дупка на стазата,ти воопште и да не се разбудиш.Така ќе се најдеш у шах-мат позиција...првата слика после будење: Две Црвени Кондукторски легитимации се стремат да ти влезат у нос,елечиња нешто ко Комуналец,Намрштени фаци ко да јаделе туршија и истите отвараат усти нешто како риби на суво; Тематска точка: Заспаната Шверц Прнцеза паѓа у Кондукторски канџи; Локализација на понатамошното дејство: Централа на ЈСП; Главни ликови: Сеир-Персонал,Ти и ЈСП-овците;Идеја: Избавување од "абе што бидна?" ситуацијата по шаблон на финти како:-"Абе чичко ми го знаете вози 65ка-Инџиковска",и одбивање на понудата-перење на најуљосано ЈСП возило со сунѓерче за кондури.Значи само будно размислување и во случај да влезат оние Момци-Кондуркторци да збираат арач и проверуваат карти,мометално ја вадиш оригиналката од џеб што ја сакаш како лебот насушен и своерачно жртвено со тешко срце и ја отсекуеш главата т.е. единицата, за да не те зграбчи закоравената хард-кор кондукторска канџа.Пошто-Зашто ми е познато дека се Тарзани у паметот,ако те однесат-бегалка у Централа кај нив и те видат дека си мекуш може "несакајки" у казан да те стаат-сапун и копчиња да те прават со останатите смртници од Градов како тебе што несакајќи сте се нашле у истата манџа,да те транспортираат дома на твоите у калапчиња сапун,А па мајка ти уште и да не знае и со сапунот алиштата да ти ги пере.

Исто интересен момент е тоа што нашиве автобуси имаат клима уреди што се на"завидно ниво".Да ти е милина кога ќе ти рече некоја тетка :-Дечко ај ако сакаш тоа подотвори го ! а ти така по случајност си се нашол одма под капакот од црвената лименка, и ''нежно''со бокс со сила од 3 Њутни со задоволство го ставаш на тројка.Нека се "ЛАДИ" народ кога и ова е гага.Уствари да не ласкам многу,него овие "климатизери" не се такви што го произведуваат контрастот од климатските неприлики,овие се наши -македонски-за наше добро,кои го појачуваат за 3 пати да биде појак,така да патниците кои несакајќи се наогаат у изобилство во автобусот кој самиот по себе наликува исто како да идеме на екскурзија Тур Де Сенегал,принудени се да го вкусуваат мирисот на моменталната ситуација.+60,фрчат мишки,пот,"весели чорапи",мирис на манџа,ракивче,послеработно пивце и останати научно-кафански реквизити кои ја дополнуваат атмосферата у црвениот red-hot-chili Скопски аутобус.Така патнициве се осудени на овие "весели моменти" иако тие од своја страна поуздано секој месец одвојуваат од својот најскромен приход-сума за попунуење на масните наслаги на ЈСП,така да погледнуваат у часовниците и ја одбројуваат секоја секунда до спасот наречен -дома.

Друга контрас слика на претходнава е моментот на јануари месец.Зима,студ,промаја.Сијалиците сами по себе си напраиле "трансформерс!" како во оној цртанион филм и се претвориле во аквариуми полни со вода. Во нив сијаличките пливаат грбно,а водата што Шоферот почесто не ја мења "чиста" е како 'рга. Те тушираат без ич срам,така да ако не си бањат слободно си повелуваш и уживаш у ладниот туш што ви се овозможува благодарение на ова превозно претпријатие.

-"Мајсторе застани,Срце да ти Застане" ; " Отвори бе!, жан Митрев да те отвори" ; и слично, се најчесто употребуваните фрази кога Ние сакаме да ја напуштиме Црвената Лименка на автобуската станица на која буквално има се,освен табла или некаков индикатор што ќе ни каже дека ете баш тука постои автобуска.Само оние избледени зелени комунистички постројки по 3-4 у пар ,изработени по принципот на кумунистичкиот квалитет-прави за да трае до крај на светов,што ни ураган не ги бута ни се обележие за тоа дека некогаш и ете сега тука постои автобуска станица .Значи после повекекратни рачни ударци врз лимената кутија над вратата-во која скриено се наога копчето за излез што го знаат само ученици од Коце Металец,ЕМУЦ итн. се испалуваат горенаведениве фрази кои Шоферот експресно ги прима.Така добиените нагрдни информации во врска со него Ги обработува со својот 8-битен мозочен процесор ,а како продукт на сево ова се добива рефлективно дигање ручна и масовно нагло 30 степенско накосување на човечката структура во самиот автобус."Не намерно" заборавената отворена врата што ненаситно ушмукува промаја,прашина и останати надразливи продукти е казна за оние претходно испукани рафали кон него.При овој ЈСП Трип атмосверата ќе ти ја прават интересна Чичко режија - Шоферот и вратата-под диригентски прст на Него,кои нехармонично ќе функционираат до самиот крај на трипот.

Да се навратиме на ситуацијата.Значи веке сме внатре во Црвената Капсула што треба преку хранопроводот да не однесе до крајната дестинација-желудникот т.е. центарот на нашиот главен град Скопје.Не намерно се наогам во зипуван фајл со луѓе.Луѓе што ми се познати по фаца,што секој си е томови приказна за себеси но ете тука сме заедно да ја делиме оваа превозна трагедија.Само што не тргнал автобусот и осеќам дека сега Мајсторот ке рече:-Вадете нозете ќе тргнуваме и немој да ми забушавате у вожња,исто како во Флинстоунс.Нема везе ми пролетуваат милион нешта и глупости секогаш така кога ќе се најдам у гужва во ваккум простор излеа ќе да е од недостаток на кислородот па тогаш мозокот размислува натрипано и хаотично.Фатен за држач,си ограничувам база на ротација за да не лупнам некој на старт-стоп периодите,гледам низ прозор и момент на среќа ми е кога ќе го видам чуварот од Детската Градинка ,вреден-кртица али црвен како патлиџан,стандард се напраил Ѕвер од комовача.Превозното му средство-трактор паркирано на аутобуска,се оНЕсвежил,коси ли коси и игра брканица со косилицата.Факт е си викам кога си малце под напон од пиење побрзо ти поминува времето и работата сама си се свршува,али у случајов "шефов" бааги се замачкал со домача па косилицата му праи финтици,му забегува те на лево те на десно....

Извадок од "Хаосот на Скопскиот Урбан Хаос"- Зоран Ристовски Растаман

MsN & e-mail : [email protected]

VERUJTE MI LUGE NAJDOBROTO NESTO STO IKAD SUM GO CITNAL VREDI DA SE CITNE CELOOO :!: ...spored mene,ja otslikuva celata realnost :twisted:


_________________
http://myspace.com/therawandthewicked
-----------------------------------------
Dj Goce D' Sauce 1!!!


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Септември 18th, 2008, 11:12 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 6th, 2008, 1:18 pm
Мислења: 900
хахаххахаххахахаххахахахахахахахаххаа
а шо е ова ,неш ко книга или текстови вакви само? ако има уше нешо постирај одма!
хаха смешки :D :D :D :D :D


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Септември 19th, 2008, 12:48 am 
Отсутен

Регистриран: Jуни 5th, 2008, 5:50 pm
Мислења: 144
Локација: Veles
леле закон


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Септември 19th, 2008, 10:22 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Септември 13th, 2008, 5:48 pm
Мислења: 22
Локација: earth
лејјј цело го прочитав :D ама ств е закон .. се е чиста вистина ! :D :D п0Зз


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Септември 19th, 2008, 12:04 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 6th, 2008, 1:18 pm
Мислења: 900
4у4у сакаш да пробаме ти у 2 ја у 57 да видиме дали ке работи тоа со картицките :)


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Септември 19th, 2008, 12:04 pm 
Отсутен
Модератор

Регистриран: Авдуст 13th, 2005, 12:32 pm
Мислења: 3275
Локација: Битола
Некој од модераторите на забава нека го префрли во канта , по барање на hotsauce.

_________________
Поет ..


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Септември 25th, 2008, 1:25 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jaнуари 23rd, 2008, 2:25 pm
Мислења: 654
Локација: skopje, avtokomanda
dzole Напиша:
4у4у сакаш да пробаме ти у 2 ја у 57 да видиме дали ке работи тоа со картицките :)
хахахахаха ќе се изложиме на ризик брат :lol:

_________________
<º))))><.·´¯`·.ãÞŠöļūť.·´¯`·.¸><((((º>
`''' 水갇務最햰 水갇務最햰‘싋섟縹近曜


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 10 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап