Сега е точно : Maрт 29th, 2024, 12:07 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна Предходна  1, 2, 3, 4, 5 ... 16  Следна

Зашто Македонскиот Рап се назадува наместо да оди напред?
Не го бива , секој е его-трипер. 42%  42%  [ 27 ]
Ќе го биде само овој статус кво период да престане. 50%  50%  [ 32 ]
Не ме интересира рапот , ме интересира само сопствениот Гз. 3%  3%  [ 2 ]
Не идам на туѓа журка освен на моите од маало! 5%  5%  [ 3 ]
Вкупно гласови : 64
Автор Порака
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 5:23 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Септември 19th, 2006, 12:12 am
Мислења: 1003
Локација: Skopje Grada
ја би додал уште една опција, НЕМА ЕТЕР ! порано имаше црна хроника на 103 а сега единствен начин на промовирање нови траки е myspace или да правиш тон спотови на ТВ...


_________________
Hardcore Rap Will Never Die

MC VOJNIK
http://www.myspace.com/mc_vojnik

DNS PRODUKCIJA
http://www.dnsproduction.com
http://www.myspace.com/dolinata

Macedonian Hip Hop Festival
http://www.hiphopfest.com.mk


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 6:22 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 6th, 2008, 1:18 pm
Мислења: 900
да правиш тон спотови на ТВ...[/quote]

со што повеќето од луѓето кои не се разбираат ќе ти речат дека си станал комерцијала,само дека те има на тв( колку сум слушал од луѓе за легија , станале комерцијала ради што продавале капчиња на промоцијата / ...снајди се па живеј бе брат ) ... (барем тоа така го сфатив )
иначе и пропагандата тука можда има влијание ,нз..ко што рече мајспеј им е единствен френд на изведувачиве од мк
зз


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 7:27 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
VOJNIK Напиша:
ја би додал уште една опција, НЕМА ЕТЕР ! порано имаше црна хроника на 103 а сега единствен начин на промовирање нови траки е myspace или да правиш тон спотови на ТВ...
епа брат, можеби и треба да се "забави" малку "напредоков" кој го доживуваме...можеби треба да се "вратиме" (да ти ебам наводници коа не може у живо да се разбереме:))) на старите методи на комуникација (читај: промоција)...радио, живи настапи, промоции...ако случајните "шетачи" - авантуристите во овој музички правец можат да прават промоции и настапи и радио емисии и спотови и шо знам уште шо, тоа 100 пати подобро го можат, а и МОРА да го направат оние кои планираат да се замараат со "хип хопање" подолго време...
или барем ја мислам така...
почит
мир!
Нема да дозволиме хип хопот да умре, нели?:)

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 8:35 pm 
Отсутен
Модератор

Регистриран: Авдуст 13th, 2005, 12:32 pm
Мислења: 3275
Локација: Битола
Конечно добра, продуктивна и сериозна тема на форумот.Ради отсуство на вакви теми, добар дел од старите добри членој ги нема, а за то сме сите криви.

А околу темата..
Не сум бил на журка во другите градој, али овде одам доста често, редовно.Првиот проблем е малоумноста на одредени емсиња и групи, кој шо се занимават само со дисој и то во главно празни.Далеку од добри, а накурчени како да се најдобри.Тука дополнително помага и малобројната публика, редовно 50 души, од кој пола се артисти + дел од нив се трга ко ќе настапва конкурентот.Не мораш да рипаш ако не те бендисва рапот шо е презентиран на сцената, фати си кош (ова колку да си присутен ) или застани позади во публика и слушај и гледај.Така да, публиката е главен проблем, недоволна подршка шо се одразва на артистите и губат мотив и да се претстават во добро светло и воопшто да настапат.
А околу публиката содржана од најголем дел изведувачи, делумно се сложвам.Свесни сме дека секој денес снима, а исто така дека и рапот од сите музички правци бара најмалку ( во поглед на музички талент од аспект на пеење, инструментали и слично ), а бара лиричка способност, така да зато и стојат вака работите.Јас би рекол, пиши си дома текстој, вежбај и рецитирање, фристајл ..Ко ќе сметаш дека си доволно добар, излези и во музичките води во вид на снимено дело, песна и толку.А не секој антиталент да снима.Точно сите сме биле аматери, али то не треба да значи дека треба да се изнаснимаш за да научиш.Исто така факт е дека сите се гледаме како конкуренција и секој сака да биди подобар од другиот, па и да му е другар, шо е и нормално.Али треба да знајш и да го подржиш конкурентот, дека како шо работите генерално стојат ( пола публика, артисти ) , кој ќе го подржи ?И одзивот на публиката е поголем ако е медиумски рапер, неретко познат со песни за поширока маса.Шо не значи дека нема добри рапери и групи, а излегле на телевизија, напротив.Отприлика вака стојат работите, сум разочаран од одредени работи, али ќе продолжам по ист пат понатака.Факт е нема да сме вечно рапери, али дур се пронаѓам, ќе бидам и то е то.

_________________
Поет ..


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 8:56 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
RaP-RiVaL Напиша:
Така да, публиката е главен проблем, недоволна подршка шо се одразва на артистите и губат мотив и да се претстават во добро светло и воопшто да настапат.
Па ако е публиката проблем, да и обрнеме внимание, нели? Јасно како ден е дека не може рап да се продолжи да се прави со "пичка ти матер, ќе те убијам, кур ќе пушиш" итн итн...мора публиката да слушне и разбере дека знаеме што сакаме да кажеме, дека основата не ни е пцуење...гнев се изразува на многу начини, од кои добар дел се без пцовки...исто и закана, дис, без разлика, постои интелегентен начин да се каже СЕ, пцовките се една од најголемите бариери помеѓу нашата музика и публиката...значи, колку е проблемот во публиката, толку е и кај нас. Мора луѓето да видат дека речникот не ни се состои од 10 збора. Ако мораш да бидеш тежок во текстовите, не мора да бидеш одбивен...
почит
мир!

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 9:15 pm 
Отсутен
Модератор

Регистриран: Авдуст 13th, 2005, 12:32 pm
Мислења: 3275
Локација: Битола
Не брат, мислам не се пцовките.Сум сведочел и на настап, на кој шо од својот 20-30 минутен настап, артистите 20 минути посветват на теми различни од пцовки, поедукативни теми.Фали и разновидност на Битолската сцена конкретно, односно рапери и од друг град, али организаторите немат мотив, од причини шо нема спонзори како прво, шо ќе го подржат настанот, а од свој џеб ретко кој има да дај несигурен влог е.Тој влог треба да поткрепи изнајмување на локал, пијачка ако има, артисти од друг град шо носат дополнителен трошок, озвучување, шо ретко е добро и други фактори.А со 50 души во публика, тие работи не можат да се поткрепат и тука се губи мотивот.Така да публиката носи доста голема кривица за монотоноста ( истите изведувачи на секој настап ).+ ретко кој од публиката би ја привлекле поинтелектуални теми, сакат прости и едноставни песни наменети за поширока маса.Наведов во погорниот пост поопширно, да не се повторвам. :)

_________________
Поет ..


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 10:11 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
Ок, твое мислење, ама ја мислам дека луѓето баш бегаат од тие прости и едноставни текстови...Работата е дека треба време да помине додека да увидат луѓето дека знаеме нешто повеќе од прости и едноставни текстови...

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 2nd, 2009, 11:41 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Авдуст 30th, 2007, 5:49 am
Мислења: 1196
c-sativa Напиша:
не знам што точно би кажал на темава, освен дека мислам дека рапот кај нас не умира, туку му треба време да се насочи...
и второ: мислам дека ептен денеска луѓево гледаат изговор во ситуацијата кај нас...економска политичка здравствена и шо ти ја знам каква...не мора да издавдеш 2 албума месечно, да го ебам...направи едно, ама квалитетно...ко шо рече специјалист, имаш пари за трава, цигари и остали непотребни "посластици", а кога ќе дојде ред да се поддржи некој настан, многумина се глуви и слепи...или дошло ред да се сними песна, па следи итрата и херојска мисла: "зошто да плаќам продуцент, шо разбира он, а не разбирам ја!? ќе си купам микрофонче, другар ми има нов ком, има арна звучна картица, може да се стави Acid, Qbase, или шо знам која програма, и ќе си снимам, а парите ќе ми останат! ништо не сум изгубил"...жими КУРОВ!!!
а настан кој бара поддршка кај нас нема секој ден...затоа и не би требало да е толку тешко да се поддржи истиот оти се случува еднаш во подолго време...наместо да инвестираш во нешто за кое се колнеш дека сакаш да инвестираш, ти си купил скутерче or some SHIT! многу се 1500 еур за инвестирање во рап нели? епа ако е така, зошто сите тие чукања у гради дека СИ вистински негувател на рапот како музички правец, на хип хоп културата или на тој начин на живот? изгледа проблемот кај нас е - сите сакаат да пробаат од новото, па кога ќе им дојде горчливиот дел, ќе почнат да го плукаат...јебига, некои од нас и ќе голтнат...ќе покаже времето...
почит
мир!

п.с. секоја чест за nyx за темава и за специјалист за таа другата слична на оваа...мора да се расчистат некои работи, и некои од децава шо сакаат да сфатат нешто повеќе, да сфатат, а тие што не сакаат, можеби ќе сфатат еден ден, и тогаш рапот ќе почне да си доаѓа на заслужената позиција...


Се сложувам со твојот пост.

_________________
I’m tired of people judging what’s real Hip Hop.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 12:08 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jaнуари 29th, 2008, 2:23 pm
Мислења: 306
Се повеќе и повеќе ме разочарува форумов. Наместо да ги спојте темите ја избришавте другата. Зарем не ги цените мислењата напишани на таа што некој се помачил да ги креира? Немаше лоши и оффтопик единствена сериозна тема на форумов е оваа.

Како и да е. Да донекаде навистина умира рапот кај нас.
А за тоа сме самите ние криви!

Ај прво да одговорам на прашањата во првиот пост на темава..
1. Во Скопје ретко има одзив на публика и така. А кога настапуваат групи од други градови и јас сум приметила дека присуствуваат само оние кои се познаваат со тие кој што настапуваат. Некако ко да нема доволно почит и респект.
Ок додуша има и се повеќе групи и соло артисти што нечинат како од другите градови така и од Скопје па на истите не ни очекувам да има нешто посебно публика пошто и јас не одам.
А за другите најверојатно е тоа така со публиката затоа што немаат сите ни слушнато за артистите пошто сепак друг град е во прашање, а кај нас неретко има онакви локални патриоти што сите остали ги сметаат за провинцијалци. А и повеќето се најверојатно слушатели само на тастатура а тешко во реалност. Но има такви како мене што не го слушаат Македонскиот Рап па најверојатно и затоа не идат, а сепак мислам дека треба да се оди ако не друго за почит немора кон артистот нека биде кон културата и нека биде за трудот што бил вложен да се создаде нешто а потоа и да се организира. Тоест реално незнам баш зашто нема публика но мислам дека се повеќе се намалува публиката доека не останат само тие на сцена што се.. Дека се помалку и помалку има квалитетни журки и затоа некако се помалку и помалку има и публика но и слушатели на Македонски Рап. Така да не верувам дека се прај квалификација - Скопјани и рапери од други градови. Туку - Рап и рап ама незнам можеби и не е така нека ме поправи кој знае.

2.Рапот во Македонија вистина тоне се повеќе. А зошто? Па можеби затоа што се повеќе и повеќе рапери има.. Чудно е да. Али се повеќе и повеќе има некој фејк емсиња што се баш од вчера во рапот. Слушаат само Стаклар и Тони Фен и преку ноќ станаа ХЦ. Неостварена желба им е да бидат рап ѕвезди со пички и коли. А сепак.. Рецитираат некој неквалитетен рап во домашно студио за уличен живот и во филм - Јас сум вистински, ти си тапа - Ќе ти ја скршам вилицата. И баш ради тоа што секојдневно се раѓаат и појавуваат на сцената вакви дечиња со спуштени фармерчиња и оние малку што останаа добри и квалитетни емсиња ги снема.
Тоест дел почнаа професионално да си прават спотови и да делуваат на некој начин ноншалантно. да го покачат својот тираж и по можност да останат хардкор. И на некој им успеа.
А останатите пак несакајќи да бидат ставени во ист кош со оние новопечени раперчиња престанаа да се замараат и трудат воопшто. Е да, има и фаци кој што имале неколку демо и квалитетни проекти а сега станаа дел од оние фејк фаци само затоа што нема каде.. Но нема веќе такви што се борат вистински за културата, што прават квалитетни журки, а истовремено и квалитетен рап. Па како да не тоне културата?
Култура не се гради само со публика, културата ја градат пред се квалитетните МСиња.. А кога има квалитет ќе има и добри слушатели. Денешната публика.. Оние што сега одат по журки не оние што одеа некогаш се по другарска линија или поретко дел од оние дечиња што немале шанса да влетаат во екипа па останале фејк публика на фејк Македонски МСиња.. Кога ќе има квалитет ќе се видат вистинските.

Денес едноставно секој сака да биде рапер. Секој мисли дека е нешто посебно ако почне да го живее она што го нарекуваат улица. И секој мисли дека треба да пишува хардкор текстови за да биде почитуван. Само има една работа.. Рапер може да биде оној што го разбира рапот, а не само оној што го слуша со сила. Тие што го слушаат со сила не ни знаат што слушаат. Улица се оние кои биле во животот принудени да бидат улица.. Улицата ќе ја засакаш кога ќе ја живееш подолго, а оние што станале преку ноќ улица ја сакаат зошто им е нешто ново и интересно.. И ќе ја сакаат додека не осетат како горчи улицата понекогаш. А хардкор текстови неможе да пишува секој. За да си емси не треба да си поет, треба да си рапер. За да се пишуваат квалитетни текстови требаат двете погоре наведени работи.
Да се разбира рапот, да се живее Хип Хопот. Да се има проживеано за да може да се твори за тоа. Да се твори за реалноста, не за соништата и желбите. И пред се, да се има талент. А и всушност залуден ти е текстот без квалитетна матрица и добар рецитал но некој не ни знаат што е тоа па не им е нешто битно. Затоа ја уништуваат оваа култура мислејќи дека ја надоградуваат и фурајќи се со неа после. Треба некој да ги срамни овие фаци. Треба квалитетот да го надвладее квантитетот за да се прероди повторно Рапот во Македонија. Немора да живееме Хип Хоп, само сакаме да слушаме квалитетен рап. И по можност да ни се створи желба за да слушаме наши производи, не само странско. Но додека имаме само квантитет ќе имаме и само странски артисти во плеер.
Рапот во Македонија е скоро мртов. Ако не се прероди наскоро нема да се прероди никогаш.
Единствено ме разочарува тоа што како тргнале работите некогаш овој фејк *рап* и овие фејк размислувања на тема - Хип Хоп Култура луѓето ќе ги сметаат за правилни. Што рапот и Хип Хопот ќе се сведат на оваа катастрофа што е денес барем кај нас. Значи она вистинското мислам дека сосема ќе се истреби. Се надевам дека нема но како што кажав ако не се превземе нешто наскоро.. Ќе останеме без оваа култура. Ќе бидеме приморени само да слушаме странски артисти.. И казнувани да одиме само по фејк џет сет журки ако не ни се седи дома. Јебеш га.. Сами сме си криви што им дозволивме на фејкерите да се протнат, па и што е уште полошо да успеат да стекнат исто таква фејк слава кај некоја одредена фејк публика. Треба да сватиме дека е ова вака за да можеме да превземеме нешто, а се надевам дека дотогаш нема да имаме купено ковчег за на погреб. :wink:

_________________
I take on the bravest one
And turn into that bitch ass nigga he was
Cuz, ain't no fakin and no playin
And every word that I say, is every word that I'm slayin


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 12:10 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jaнуари 29th, 2008, 2:23 pm
Мислења: 306
Упс се извинувам за првата реченица од мојот пост.. Сега видов дека ја има и другата тема.
Сори. :?

_________________
I take on the bravest one
And turn into that bitch ass nigga he was
Cuz, ain't no fakin and no playin
And every word that I say, is every word that I'm slayin


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна Предходна  1, 2, 3, 4, 5 ... 16  Следна

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 17 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап