Сега е точно : Maрт 29th, 2024, 6:50 am

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна Предходна  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 16  Следна

Зашто Македонскиот Рап се назадува наместо да оди напред?
Не го бива , секој е его-трипер. 42%  42%  [ 27 ]
Ќе го биде само овој статус кво период да престане. 50%  50%  [ 32 ]
Не ме интересира рапот , ме интересира само сопствениот Гз. 3%  3%  [ 2 ]
Не идам на туѓа журка освен на моите од маало! 5%  5%  [ 3 ]
Вкупно гласови : 64
Автор Порака
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 12:12 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
RaP-RiVaL Напиша:
Точно сите сме биле аматери, али то не треба да значи дека треба да се изнаснимаш за да научиш.Исто така факт е дека сите се гледаме како конкуренција и секој сака да биди подобар од другиот, па и да му е другар, шо е и нормално.Али треба да знајш и да го подржиш конкурентот, дека како шо работите генерално стојат ( пола публика, артисти ) , кој ќе го подржи ?И одзивот на публиката е поголем ако е медиумски рапер, неретко познат со песни за поширока маса.Шо не значи дека нема добри рапери и групи, а излегле на телевизија, напротив.Отприлика вака стојат работите, сум разочаран од одредени работи, али ќе продолжам по ист пат понатака.Факт е нема да сме вечно рапери, али дур се пронаѓам, ќе бидам и то е то.


Вака сега брат, да те поправам за некои работи.
Само со учење, вежбање и снимање можеш да се научиш да рецитираш... и додека го правиш тоа треба да внимаваш на кого му ги даваш снимките за фидбек... и така се надоградуваш, креираш свој стил, добиваш инспирација за текст, навлегуваш подлабоко во срањето... Тоа е факт!

Неможе да се каже дека СЕКОЈ сака да биде подобар од другиот, зашто не се сите его трип! И што е уште по лошо е ако твојот најдобар другар ти станува конкурент! Тоа брат НЕ Е НОРМАЛНО!
Хип Хоп не е конкуренција туку БРАТСТВО, ЕДИНСТВО, НЕМА НАЦИЈА, НЕМА РЕЛИГИЈА, СИТЕ ТРЕБА ДА СЕ БОРАТ ЗА ЕДНОТО!
Друга работа е Battle-Rap... Тоа е натпревар, такмичење на кое што се дознава на крај Кој Фраер Има Помоќна Вештина Во Лирика и Рима. Значи само тука треба да има конкуренција.
Класичен "beef" на пример значи кавга помеѓу двајца и тука не треба да се меша цела екипа, цел град или некои други сеир да гледаат и да имитираат од досада...
Значи во бифот нема конкуренција, него тоа е сосема нормална појава која се дешава секаде каде што има завист, љубомора, недоразбирање и други срања.

Кој до кога ќе остане рапер сам ќе си одлучи и ќе се покаже дали има ограничен рок на траење.


_________________
http://www.myspace.com/SpeciaListMK

„Или ќе чекориме заедно, или ќе умреме како робови“ АГО


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 1:08 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
Ај нека се јави тој или таа што гласал(а) за следнава опција:

- Не ме интересира рапот , ме интересира само сопствениот Гз. [ 1 ]

Баш ме интересира :)

_________________
http://www.myspace.com/SpeciaListMK

„Или ќе чекориме заедно, или ќе умреме како робови“ АГО


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 1:23 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Jуни 14th, 2004, 12:31 am
Мислења: 894
Локација: Tetovo , Brooklyn
супер , конечно продуктивност малце на форумов, баш ми е мило искрено...се надевам дека иако постарите пишуваат помладиве на форумов ќе сватат дека повеќе ќе бидат почитувани и ценети ако се вистински слушатели и негуватели на Македонскиот Рап одколку кењатори и остали ствари...супер постови од сите бај д веј...
е сеа, мое мислење е проблемот во т.н младина во рапов т.е. новодојденци итн...тие (да ги наречем ваке) со нивното влегување и неучтивост хејтеризам само доведоа да меѓу цела младина се претопи само мржња,дисриспект и поделба...и тоа самото доведува до празни журки, контрапродуктивност итн...па и тоа да постарите веќе не гледаат некој од младата рап публика кој ги почитува и им дава надеж да бидат уште покреативни и подобри (наместо тоа сигурен сум дека гледаат само голем недораснат его трип)....квалитетот кај нас е многу мал се согласувам со сите, но наместо да се зачува тој квалитет тој се отфрла...и поради тоа и назадува како што спомна грл растењето на тие постари екипи... не е тоа ништо лошо, туку напротив повеќе добри ствари за нашите уши...повеќе квалитетни журки, ИСПОЛНЕТИ со публика! ех ко сон да е јебига :) искрено се надеам дека ќе се средат работиве....поради таа причина и ја отворив и темава...

кип он рокин!

се читамо сун агаин
риспекта

_________________
I'll be Brooklyn till i die!


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 1:29 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Jуни 14th, 2004, 12:31 am
Мислења: 894
Локација: Tetovo , Brooklyn
бај д веј утре ќе го попраем постов подобро да изгледа вака и мене ме збунуе...се надеам нешто ќе сватите што сакаше да каже писателон...многу сум уморен и не ми работи главава уопште :|

поздра

_________________
I'll be Brooklyn till i die!


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 1:41 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
Брат фала многу што ја отвори темава.
Треба уште многу глави да се наполнат со главната поента на Рапот и Културата....

и уште нешто: Незнам каков е тој филинг кога рокаш пред верна и голема публика, но мислам дека баш тогаш ти се отвара срцето и желбата за напред! :)

_________________
http://www.myspace.com/SpeciaListMK

„Или ќе чекориме заедно, или ќе умреме како робови“ АГО


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 3:28 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
girlll Напиша:
Ок додуша има и се повеќе групи и соло артисти што нечинат како од другите градови така и од Скопје па на истите не ни очекувам да има нешто посебно публика пошто и јас не одам.
А ако не одиш од каде знаеш дека не чинат...?
girlll Напиша:
Но има такви како мене што не го слушаат Македонскиот Рап па најверојатно и затоа не идат,
Не слушаш македонски рап, а цел ден овде кажуваш ЗОШТО македонскиот рап умира!? за почеток, види се во огледало...
girlll Напиша:
2.Рапот во Македонија вистина тоне се повеќе. А зошто? Па можеби затоа што се повеќе и повеќе рапери има.. Чудно е да. Али се повеќе и повеќе има некој фејк емсиња што се баш од вчера во рапот. Слушаат само Стаклар и Тони Фен и преку ноќ станаа ХЦ. Неостварена желба им е да бидат рап ѕвезди со пички и коли. А сепак.. Рецитираат некој неквалитетен рап во домашно студио за уличен живот и во филм - Јас сум вистински, ти си тапа - Ќе ти ја скршам вилицата. И баш ради тоа што секојдневно се раѓаат и појавуваат на сцената вакви дечиња со спуштени фармерчиња и оние малку што останаа добри и квалитетни емсиња ги снема.
Како што реков, ќе рецитираат и времето ќе покаже дали ќе опстанат или не...а за другите, тешко дека ги снемало....
girlll Напиша:
Тоест дел почнаа професионално да си прават спотови и да делуваат на некој начин ноншалантно. да го покачат својот тираж и по можност да останат хардкор. И на некој им успеа.
Ако ти сметаш дека им успеало со неколку направени спотови да останат хардкор, тогаш пак ќе ти речам, размисли малку дали тоа има логика, или само ти така мислиш...?Ако тебе ти се сфиѓаат, не значи дека останале хардкор...не знам по што оцени дека останале НС...
girlll Напиша:
Е да, има и фаци кој што имале неколку демо и квалитетни проекти а сега станаа дел од оние фејк фаци само затоа што нема каде..
Ако мислат дека нема каде, па затоа станале fake, значи дека не биле вистински...
girlll Напиша:
Но нема веќе такви што се борат вистински за културата, што прават квалитетни журки, а истовремено и квалитетен рап. Па како да не тоне културата?
Овоа многу рапери во Македонија може да си го сфатат како лична навреда и ништо повеќе...очигледно не следиш што и каде се прави и работи...ама и самата кажа - не слушаш македонски рап, па од каде да знаеш!?
girlll Напиша:
Кога ќе има квалитет ќе се видат вистинските.
Единствена твоја реченица со која би се сложил до негде...за квалитет сепак треба време, така? Значи со тек на време ќе се видат вистинските...
girlll Напиша:
Денес едноставно секој сака да биде рапер. Секој мисли дека е нешто посебно ако почне да го живее она што го нарекуваат улица. И секој мисли дека треба да пишува хардкор текстови за да биде почитуван. Само има една работа.. Рапер може да биде оној што го разбира рапот, а не само оној што го слуша со сила. Тие што го слушаат со сила не ни знаат што слушаат. Улица се оние кои биле во животот принудени да бидат улица..
Сосема точно, браво, се слагам!
girlll Напиша:
Улицата ќе ја засакаш кога ќе ја живееш подолго, а оние што станале преку ноќ улица ја сакаат зошто им е нешто ново и интересно.. И ќе ја сакаат додека не осетат како горчи улицата понекогаш.
Баш тој што бил принуден да живее на улица НЕМА ШАНСИ да ја засака, и тоа од проста причина - знае што има на неа...
girlll Напиша:
А хардкор текстови неможе да пишува секој.
Сосема точно
girlll Напиша:
За да си емси не треба да си поет, треба да си рапер.
Сосема НЕТОЧНО, нема логика муабетов овде, си претерала малку...
girlll Напиша:
И пред се, да се има талент.
Знаеш како викаат за талентот - тој е 98% НАПОРНА РАБОТА...
girlll Напиша:
Треба некој да ги срамни овие фаци.
Нормално...а знаеш кој? Времето - т.е. квалитетот кој времето го носи...пак сме на истото - тој што е вистински и ќе истрае, ќе ја гази таа фаца за која зборуваш!
girlll Напиша:
Треба квалитетот да го надвладее квантитетот за да се прероди повторно Рапот во Македонија.
ПОВТОРНО? Кога рапот бил во поголема експанзија од денеска? Кога беа само Most Wanted и Чиста Околина!?Рапот кај нас не го чека преродба, туку РАЃАЊЕ, затоа и не се слагам со констатацијата дека рапот кај нас умира, моментално (мислам на сите овие години - ако во америка требаа децении за да излезат ѕверови емсија, кај нас најверојатно ќе треба некое време, нели?) рапот сеуште се насочува, гради
girlll Напиша:
Немора да живееме Хип Хоп, само сакаме да слушаме квалитетен рап. И по можност да ни се створи желба за да слушаме наши производи, не само странско. Но додека имаме само квантитет ќе имаме и само странски артисти во плеер.
А како би ти се створила желба да слушнеш македонски производ, кога ти сама рече - НЕ СЛУШАШ МАКЕДОНСКИ РАП!?!?
girlll Напиша:
Рапот во Македонија е скоро мртов. Ако не се прероди наскоро нема да се прероди никогаш.
Без навреда, ама многу непромислена реченица ти е оваа..пак ќе речам, не знам ни дали имаш право да го карактеризираш нивото на развој на македонскиот рап, кога НЕ ГО СЛУШАШ...???
girlll Напиша:
Единствено ме разочарува тоа што како тргнале работите некогаш овој фејк *рап* и овие фејк размислувања на тема - Хип Хоп Култура луѓето ќе ги сметаат за правилни.
просветли ме, кои се тие фејк размислувања на тема хип хоп?
girlll Напиша:
Што рапот и Хип Хопот ќе се сведат на оваа катастрофа што е денес барем кај нас. Значи она вистинското мислам дека сосема ќе се истреби. Се надевам дека нема но како што кажав ако не се превземе нешто наскоро.. Ќе останеме без оваа култура.
Почнува развојот на рапот кај нас...значи, нема да го изгубиме, па ние го негуваме girlll...а ти?
girlll Напиша:
Ќе бидеме приморени само да слушаме странски артисти..
Очигледно ти си ја прифатила казната без никаква борба...кого судиш!?
girlll Напиша:
Сами сме си криви што им дозволивме на фејкерите да се протнат, па и што е уште полошо да успеат да стекнат исто таква фејк слава кај некоја одредена фејк публика.
Само да биде јасно, имаат фејк слава кај фејк публика

Е сега, како прво - извини ама видов дека си најогорчена од рапот овде, а не го слушаш, па затоа седнав да ти го изанализирам муабетот...ваква огорченост од присутните на форумов би можел да очекувам на пример од nyx, човек со искуство во правецот, и со ЈАСНО ОДРЕДЕН СТАВ дека кај нас од рап нема ЛЕБ, туку ЗАДОВОЛСТВО...ама ти си повеќе огорчена и од него...зошто!?
И второ, почни да слушаш и следиш макрап, па суди ги емсијата и публиката и културата и музиката...до тогаш - уживај на начин кој си решила да уживаш...
поздрав до сите кои коментираат на форумов воопшто, размислете ако треба и неколку пати, па плукајте...

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 4:45 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jaнуари 29th, 2008, 2:23 pm
Мислења: 306
c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Ок додуша има и се повеќе групи и соло артисти што нечинат како од другите градови така и од Скопје па на истите не ни очекувам да има нешто посебно публика пошто и јас не одам.
А ако не одиш од каде знаеш дека не чинат...?

Мислам дека е доволно да слушнеш нечија музика за да можеш да дојдеш до некаков заклучок нели?
c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Но има такви како мене што не го слушаат Македонскиот Рап па најверојатно и затоа не идат,
Не слушаш македонски рап, а цел ден овде кажуваш ЗОШТО македонскиот рап умира!? за почеток, види се во огледало...

Вака сеа да ти кажам..
Се до пред некој месец слушав да речеме 90% од времето стриктно Македонски рап.. Но сега не слушам пред се од 1 многу битна причина - Муабетите што ги правам како што викаш цел ден. Фактот дека повеќе во Македонија нема квалитетен рап и фактот дека нема повеќе што да се слуша, а она што чинело ми е одамна веќе преслушано и тоа на памет научено. Така да неам намера ја да слушам некој срање мак рап за да ти го праам тебе меракот и за да добијам твоја дозвола за да постирам на темава.. Значи имам и повеќе од многу слушано мак рап па и имам сигурно и од тебе повеќе право да дискутирам за него.[/quote]

c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Тоест дел почнаа професионално да си прават спотови и да делуваат на некој начин ноншалантно. да го покачат својот тираж и по можност да останат хардкор. И на некој им успеа.
Ако ти сметаш дека им успеало со неколку направени спотови да останат хардкор, тогаш пак ќе ти речам, размисли малку дали тоа има логика, или само ти така мислиш...?Ако тебе ти се сфиѓаат, не значи дека останале хардкор...не знам по што оцени дека останале НС...

Од кога бе спотовите те прават комерцијала?
Тогаш зашто гледаш спотови било Амерички било наши? Кога тие фаци се нели комерцијала?
Не секој спот те прави да си продаден.. Знаеш на секого му треба да заработи за она што потрошил да го сними спотот, а и секој сака неговиот труд чим има можност да биде виден од поголема публика. Од кога тоа те прави комерцијала?
Тогаш зашто постојат спотови во рапот.. И како очекуваш повеќе луѓе да слушнат за Хип Хоп културата и да слушнат рап.. И како очекуваш помладите генерации да бидат наклонети кон оваа музика и култура ако немаат шанса воопшто и да дознаат за нешто повеќе од Тони Фен, Стаклар, Пифти Сент и тн?

c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Но нема веќе такви што се борат вистински за културата, што прават квалитетни журки, а истовремено и квалитетен рап. Па како да не тоне културата?
Овоа многу рапери во Македонија може да си го сфатат како лична навреда и ништо повеќе...очигледно не следиш што и каде се прави и работи...ама и самата кажа - не слушаш македонски рап, па од каде да знаеш!?

Ти објаснив погоре тоа за дали слушам или не Македонски рап а на крај краева и не е твоја работа.
А инаку нека го пронајдат за навредливо дали треба јас воопшто да се замарам? Дали мислиш дека ако они не се навредат и освестат дека нечинат и дека ја расипуваат оваа култура ќе се постигне нешто?
И дали јас несмеам да го кажам своето мислење за да не навредам некого?
Ја директно не навредив никого.. Кој ќе се пронајде подобро нека го препрочита мојот пост и убаво нека размисли зашто се пронашол. Тоа е веќе негов проблем а не мој.

c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Улицата ќе ја засакаш кога ќе ја живееш подолго, а оние што станале преку ноќ улица ја сакаат зошто им е нешто ново и интересно.. И ќе ја сакаат додека не осетат како горчи улицата понекогаш.
Баш тој што бил принуден да живее на улица НЕМА ШАНСИ да ја засака, и тоа од проста причина - знае што има на неа...

Верувај ми дека ќе засакаш нешто кога ќе ти стане секојдневие.. И ќе научиш да живееш со тоа и да се бориш.. Јас ја сакам улицата.. И никогаш не би прешла на кафански живот и на кафичи.. Кажувам од лично искуство дека е тешко да се напушти она што цел живот го живееш.. Навика е и начин на живот.

c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Треба квалитетот да го надвладее квантитетот за да се прероди повторно Рапот во Македонија.
ПОВТОРНО? Кога рапот бил во поголема експанзија од денеска? Кога беа само Most Wanted и Чиста Околина!?Рапот кај нас не го чека преродба, туку РАЃАЊЕ, затоа и не се слагам со констатацијата дека рапот кај нас умира, моментално (мислам на сите овие години - ако во америка требаа децении за да излезат ѕверови емсија, кај нас најверојатно ќе треба некое време, нели?) рапот сеуште се насочува, гради

Дефинитивно не си слушал рап и не си следел што се случува пред неколку години..
Имаше далеку по квалитетна рап сцена одколку денес. И рапот кај нас се има родено уште одкога почнале Моуст Вонтед, Чиста, Црна Тачка.. И како можеш на ваква катастрофа да кажеш дека не умира кога сите приметија дека е пред умирање веќе? Како што кажав дефинитивно не слушаш одамна рап..

c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Немора да живееме Хип Хоп, само сакаме да слушаме квалитетен рап. И по можност да ни се створи желба за да слушаме наши производи, не само странско. Но додека имаме само квантитет ќе имаме и само странски артисти во плеер.
А како би ти се створила желба да слушнеш македонски производ, кога ти сама рече - НЕ СЛУШАШ МАКЕДОНСКИ РАП!?!?

Е баш така би ми се створила ко што ми се имаше створено порано да слушам најмногу од се Македонски рап.
А всушност и оној што никогаш нема наш рап слушано сака да слушне квалитетен наш производ нели? Со самото тоа што е НАШ и КВАЛИТЕТЕН. Ако ние не си го слушаме и почитуваме нашето кој ќе го почитува?
Но за да почитуваме треба да имаме ШТО да почитуваме.. Неможам јас да слушам и да почитувам нешто што не вреди ни да трошам време а ни место во компјутер.

c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Рапот во Македонија е скоро мртов. Ако не се прероди наскоро нема да се прероди никогаш.
Без навреда, ама многу непромислена реченица ти е оваа..пак ќе речам, не знам ни дали имаш право да го карактеризираш нивото на развој на македонскиот рап, кога НЕ ГО СЛУШАШ...???

За ова триесет пати ти објаснив немам намера пак.
Али ете ако некој не слуша Македонски рап значи дека незнае што се случува на рап сцената кај нас и НЕМА ПРАВО да коментира за него? Од кај ти е оваа глупост? И чекај ти си во таа комисија што треба да одредува дали некој има или нема право да коментира?
Не трескај.. Неможеш да донесуваш правила по кои смее да се коментира на одредена тема..
Секој МАкедонец што слуша вистински рап и што вистински ја почитува музиката и културата има право да коментира за нашиот рап и нашата култура.

c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Единствено ме разочарува тоа што како тргнале работите некогаш овој фејк *рап* и овие фејк размислувања на тема - Хип Хоп Култура луѓето ќе ги сметаат за правилни.
просветли ме, кои се тие фејк размислувања на тема хип хоп?

Разлистај добро по форумов ќе сфатиш..
Но за жал оние со погрешни и фејк размислувања тоест мислења што покажуваат дека станува збор за луѓе кои воопшто не се разбираат и воопшто не ја следат оваа култура и музика тоа се обично за жал оние наши новопечени раперчиња, што ете уште незнаат што е рап и Хип Хоп а почнале со рецитирање, курчење и продавање муда за бубрези.

c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Што рапот и Хип Хопот ќе се сведат на оваа катастрофа што е денес барем кај нас. Значи она вистинското мислам дека сосема ќе се истреби. Се надевам дека нема но како што кажав ако не се превземе нешто наскоро.. Ќе останеме без оваа култура.
Почнува развојот на рапот кај нас...значи, нема да го изгубиме, па ние го негуваме girlll...а ти?

Што требаше ова да значи?
И не, јас не го негувам рапот и не го кријам тоа. Кога никого не го боли курот и никој не се труди да го негува рапот зошто јас да трошам време и нерви да го правам тоа? А и мислам дека е доволно од моја страна што го слушам, почитувам и живеам.
А со што тоа дечко ти го негуваш рапот жити се објасни ми?
Од тоа погоре што го наведов дека јас го правам што повеќе впрочем може и да се направи?
Да се снима?
Да, би снимала но не во период на фејк фаци па без разлика дали ме бива или не да станам дел од нив со самото тоа што единствени журки на кои ќе имам шанса да присуствувам и настапувам ќе бидат баш журки со тие фаци зошто поинакви веќе нема кај нас.

c-sativa Напиша:
girlll Напиша:
Ќе бидеме приморени само да слушаме странски артисти..
Очигледно ти си ја прифатила казната без никаква борба...кого судиш!?

Казната?!
Сакаш да кажеш дека ти си даваш за право да се нарекуваш вистински а немаш слушнато Странски Рап и рапот го сфаќаш само преку Македонскиот редок квалитет и она што почесто го има ѓубрето? И после мене ми збориш дали имам право или не? Македонскиот рап не те прави рапер може само патриот да те направи. Слушни странско за да слушнеш зашто викам дека рапот кај нас нечини.. Значи твојте заклучоци и теории за рапот се вакви какви што се бидејќи не слушаш странски рап? Колкаво ти тоа познавање можеш да имаш за рапот со одприлика 1000-1500 песни што ги има кај нас?

c-sativa Напиша:
Е сега, како прво - извини ама видов дека си најогорчена од рапот овде, а не го слушаш, па затоа седнав да ти го изанализирам муабетот...ваква огорченост од присутните на форумов би можел да очекувам на пример од nyx, човек со искуство во правецот, и со ЈАСНО ОДРЕДЕН СТАВ дека кај нас од рап нема ЛЕБ, туку ЗАДОВОЛСТВО...ама ти си повеќе огорчена и од него...зошто!?
И второ, почни да слушаш и следиш макрап, па суди ги емсијата и публиката и културата и музиката...до тогаш - уживај на начин кој си решила да уживаш...
поздрав до сите кои коментираат на форумов воопшто, размислете ако треба и неколку пати, па плукајте...

Огорчена сум затоа што сум тотално реално.. Ја гледам од страна сотуацијата во која се наоѓаме и е мизерна.. Неможам да слушам нешто што е се повеќе и повеќе катастрофално и се повеќе и повеќе пропаѓа. Ти кажав дека имам слушано, но имам слушано она што вреди.. И несакам некој фаци што незнаат воопшто ни што е рапот, незнаат ни што е Хип Хоп културата, ни пак улицата.. Што најверојатно поголем дел се до 13 години и незнаат ни носот сеуште да си го избришат мене да ми ги продаваат музиката и културата што ги живеам одкако памтам за себе.
Несакам фаци што до вчера слушале Бритни и Мадона и ме заебавале со муабет - раперката сега да ми се прават похардкор и поквалитетни и вистински од мене и да го тераат филмот што и јас го терав некогаш - широки фармерки. И пред се да ме потценуваат зошто не снимам и да врти нивната музика во мојот систем а и да ми продаваат теории што воопшто не ги ни знаат па ни разбираат.
Ајд мислам дека е доста и дека зајдов тоталка денеска на темава.. Но сепак е доста дискутабилна тема и мислам дека секој треба да даде свое мислење затоа што може да се направат тука многу добри и квалитетни дискусии што држат вода.. А не да коментираме само 5-6 фаци.. Што зарем другите се неспособни да коментираат на сериозни теми? Обидете се не е тешко. Форумот е всушност за дискусии не ко што е тука само за караници и препукувања.
А и би сакала вака на посериозна тема да прочитам сечии мислења зошто сепак така полесно можам да си создадам слика во глава за луѓето што не ги познавам а со кој секојдневно дискутирам на форумов, и со поголемо познавање може да се водат многу поквалитетни муабети и да вртат многу подобри дискусии а и најверојатно ако секогаш се трудиме вака да дискутираме повеќе ќе има со сигурност помалце караници и повеќе посетители. Ајд сеа доста замарам и јас.
Ајде поздрав.

_________________
I take on the bravest one
And turn into that bitch ass nigga he was
Cuz, ain't no fakin and no playin
And every word that I say, is every word that I'm slayin


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 10:59 am 
Отсутен
Модератор

Регистриран: Авдуст 13th, 2005, 12:32 pm
Мислења: 3275
Локација: Битола
c-sativa Напиша:
Ок, твое мислење, ама ја мислам дека луѓето баш бегаат од тие прости и едноставни текстови...Работата е дека треба време да помине додека да увидат луѓето дека знаеме нешто повеќе од прости и едноставни текстови...


Не реков јас дека требат прости и едноставни текстој брат, јас баш такви не практикувам.Прочитај го поубо мојот пост, ќе видиш дека друго сакав да кажам, сериозно.

А специјалист, не си во право.Ќе се земам самиот за пример.Јас слушам рап од 8мо оделение негде, сега сум 18.Прочитај ги мојте први текстој, овде на форум.И ќе ти пратам сега нови текстој , па одреди сам колку напреднав.Ова го кажвам од причини шо ме иритират идиоти, со 5 слушнати песни и 2 дена во рап, снимат песна и то со малоумна содржина, без некоја подлабока вредност.Јас ненамерно, непланирано чекав некоја година за да снимам.Имав неколку демо обиди, а сега од пред неколку месеци се трудам да снимам поредовно, иако сум голема мрза.А за то со другарот, ти гарантирам дека се јавува љубомора, не треба да се јавува прекумерно, него во одреден нормален степен.а та љубомора треба да се одрази да работиш уште појќе.И сите сакаме да сме подобри, би било доста неискрено ако се лажиме дека нејќиме.Мене не ми смета напредокот на другарот, прв скокам на журки за другар и го подржвам искрено.Мене би ми сметало ако јас останам поназад, по моја вина, која шо нормално ја барам во мене.Не ме сфаќај погрешно, не зборам за гадна љубомора, да му посакаш неуспех.То не е нормално, во никој случај.А за то кој до кога ќе остани, точно не е ограничено и јас со мојот пост не го ограничив туку напротив реков дека дур се пронаоѓам во рап, имам љубов кон рап ќе останам и дел од него.Колку то ќе потрај, не знам.А за то дека хип хопот е братство, ќе ти кажам дека треба да биди братство.Али не е, декларират една љубов, а љ од та љубов немат.На журка пола ги нема, само на свој настап се појавуват, на туѓ се зафатени.И општо во се и ова е најголемата иронија и ми се гади од истата.Али то е то, нивна работа.

Симона, ти си контрадикторна во постот.
Кажваш одредена работа која шо ти ја практикуваш, после истата ја негираш.
Како на пример ко кажваш дека би одела на журка од почит за рапот и за трудот на артистот, а погоре го изјавуваш спротивното.Немам ништо лично против тебе, знајш и сама, само не се сложвам со твоето мислење.
И рапот не умира, има уште многу квалитетни и талентирани шо го држат рапот.И во главно активни се помалите рапери, би ти набројал дел од нив шо држат квалитет.Тие се нормално процентуално мал дел, али сепак ги има.А исто има и постари рапери шо држат уште квалитет.Негативно е то шо, помладите ги подржваме постарите, а не и тие обратно ( зборам генерално, има и искључици и се за пример).А ова ме иритира многу.И треба да се смени, а то би се одразило и на публиката позитивно.

_________________
Поет ..


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 12:49 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jaнуари 29th, 2008, 2:23 pm
Мислења: 306
Нема да коментирам за тоа дека има и добри и дека не сум во право дека рапот умира затоа што се изјаснив ја дека мислам така и се изјаснив зашто а и ќе останам на своето.
Сепак..
Да, јас би одела на журки Хаос за да покажам почит и на некои одам..
Но знаеш што? Неможам да одам на журки на луѓе што немаат почит ни кон културата ни кон музиката.. Зошто јас би ги почитувала нив ондак? Како очекуваш да одам ради почит на луѓе што стануваат преку ноќ рапери за кеш? :roll:

_________________
I take on the bravest one
And turn into that bitch ass nigga he was
Cuz, ain't no fakin and no playin
And every word that I say, is every word that I'm slayin


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Aприл 3rd, 2009, 1:52 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
girlll Напиша:
Фактот дека повеќе во Македонија нема квалитетен рап и фактот дека нема повеќе што да се слуша, а она што чинело ми е одамна веќе преслушано и тоа на памет научено. Така да неам намера ја да слушам некој срање мак рап за да ти го праам тебе меракот и за да добијам твоја дозвола за да постирам на темава.. Значи имам и повеќе од многу слушано мак рап па и имам сигурно и од тебе повеќе право да дискутирам за него.
Не верувам дека си слушнала нови изданија од нови артисти. И пак дискутирај колку сакаш и имај поголемо право не од мене, туку од сите на форумов.
girlll Напиша:
Од кога бе спотовите те прават комерцијала?Тогаш зашто гледаш спотови било Амерички било наши? Кога тие фаци се нели комерцијала? Не секој спот те прави да си продаден.. Знаеш на секого му треба да заработи за она што потрошил да го сними спотот, а и секој сака неговиот труд чим има можност да биде виден од поголема публика. Од кога тоа те прави комерцијала?
Тогаш зашто постојат спотови во рапот.. И како очекуваш повеќе луѓе да слушнат за Хип Хоп културата и да слушнат рап..
А кој рече дека те прават комерцијала!? WTF!? Не гледам спотови - како прво. Како второ, тоа е проблемот што јас упорно сакам да ти го посочам, а лежи КАЈ ТЕБЕ! Ти си чекала спот од некој рапер за да му ја слушнеш песната?. Ете така се искомерцијализира рапот од кај истите тие фенови и стаклари шо го редиш...сфатиле луѓето дека децата повеќе ќе летаат по нив ако направат спот за тоа нивно срање наречено музика. Само со спот може да ги натераш луѓето да те слушнат!?Спотот е додатна афирмација/комерцијализација - зависи кај кого...
girlll Напиша:
И дали јас несмеам да го кажам своето мислење за да не навредам некого?
Ја директно не навредив никого.. Кој ќе се пронајде подобро нека го препрочита мојот пост и убаво нека размисли зашто се пронашол. Тоа е веќе негов проблем а не мој.
Епа девојче, тој што МОМЕНТАЛНО прави добар и квалитетен рап, прави забави, промоции и 300 курци за да се одржи културава во живот, е исплукан во твојот пост! Тоа е тоа што не чини во твојот пост - според мене. Едноставен проблем е што ти си решила веќе мак рап да не слушнеш - автоматски нема шанси да знаеш дали е тоа така како што го зборуваш...се надевам дека сум појасен малку...кажи го мислењето слободно, ама ако навредиш некого, ќе те навреди и он тебе...ЕТЕ ЗОШТО НАЈВЕРОЈАТНО БИ УМРЕЛ МАКРАПОТ...проста работа...
girlll Напиша:
Верувај ми дека ќе засакаш нешто кога ќе ти стане секојдневие.. И ќе научиш да живееш со тоа и да се бориш.. Јас ја сакам улицата.. И никогаш не би прешла на кафански живот и на кафичи.. Кажувам од лично искуство дека е тешко да се напушти она што цел живот го живееш.. Навика е и начин на живот.
ЈАС да ти верувам ТЕБЕ за овоа нешто!?Леле смешкиве. Ти мислиш дека тој што живее на улица всушност не оди по кафани и кафиќи!? Извини, ама за КАКОВ УЛИЧЕН живот разговараме овде? тој што излегуваш со екипата, пиеш на клупа у парк и си одиш дома на спиење? :lol: :lol: :lol: :lol: Ако си преживеала макар еден единствен УЛИЧЕН ден, ќе ЈА МРАЗИШ таа улица меретна, и ќе бараш начин да избегаш од тоа, верувај ми ТИ мене...Пробај на пример да не смееш дома да си отидеш оти на секои 3 саати џандари те бараат ради некои разно разни активности...да спиеш у парк оти НЕМАШ КАДЕ, а не оти си се опил и една вечер си се изгубил и си паднал у несвест...немој така...
girlll Напиша:
Дефинитивно не си слушал рап и не си следел што се случува пред неколку години..
Имаше далеку по квалитетна рап сцена одколку денес. И рапот кај нас се има родено уште одкога почнале Моуст Вонтед, Чиста, Црна Тачка.. И како можеш на ваква катастрофа да кажеш дека не умира кога сите приметија дека е пред умирање веќе?
Нормално дека се родил тогаш, не реков не...Друго, никој не примети, туку сите дискутираат ДАЛИ е, и ако Е, ЗОШТО е пред умирање...Слушај што сакаш, ама не ги криви артистите ако уметноста не ти се сфиѓа. Има идиоти што знаат квалитетно да го измелезат правецот, ама ќе ги снема...секаде имало, има и ЌЕ има такви луѓе...и ако според тебе поради таквите една култура умира, тогаш не ни била култура...
и да ти повторам една "катастрофална" работа:
МАКРАПОТ НЕ УМИРА!!!!!
girlll Напиша:
Е баш така би ми се створила ко што ми се имаше створено порано да слушам најмногу од се Македонски рап.
А всушност и оној што никогаш нема наш рап слушано сака да слушне квалитетен наш производ нели? Со самото тоа што е НАШ и КВАЛИТЕТЕН. Ако ние не си го слушаме и почитуваме нашето кој ќе го почитува?
Но за да почитуваме треба да имаме ШТО да почитуваме.. Неможам јас да слушам и да почитувам нешто што не вреди ни да трошам време а ни место во компјутер.
Епа тоа е тоа, мило ми е што дојдовме КОНЕЧНО до проблемот. Ако ти мислиш дека не вреди, не значи дека НЕ вреди..тоа пробувам да ти го кажам цело време...
girlll Напиша:
За ова триесет пати ти објаснив немам намера пак.
Али ете ако некој не слуша Македонски рап значи дека незнае што се случува на рап сцената кај нас и НЕМА ПРАВО да коментира за него?
:lol: :lol: :lol: Добро де, ми објасни 300 пати, ама дури сега ги гледам, така да, не си морала да се мачиш, сфатив од првиот пат. И ако не слушам РОК, како тоа добивам право да коментирам за него? Мислам, реално јас ИМАМ право, да, ама тоа нема да биде конструктивна критика, од проста причина што, ако некоја музика не ја слушам НЕМА ШАНСИ ДА ДАДАМ КРИТИКА, како ќе критикувам нешто што не го следам?ете толку е едноставно. Не реков да не коментираш, коментирај, ама барем размисли шо тресеш ти, а не ја! И не е лошо малку од малку почит да покажеш кога разговараш со постар, макар да возраста нема врска. Разговараш со некого за кого немаш ни 1% познавање. Пробувам да ти докажам нешто, а не да те навредам, па затоа не ми кажуј дали трескам или не, ок? Фала
girlll Напиша:
Разлистај добро по форумов ќе сфатиш..
Но за жал оние со погрешни и фејк размислувања тоест мислења што покажуваат дека станува збор за луѓе кои воопшто не се разбираат и воопшто не ја следат оваа култура и музика тоа се обично за жал оние наши новопечени раперчиња, што ете уште незнаат што е рап и Хип Хоп а почнале со рецитирање, курчење и продавање муда за бубрези.
Ок, побарав да ме просветлиш, и ме просветли, фала. Е сега, нормално е за секоја дискутирана тема (во животот мислам, не само на форумов) да има човек кој сака нешто да каже, ама не знае што, нели? Нормално. Така е и овде. Тоа треба да ме откаже, или да ме натера да им објаснам на тие што не знаат и што тресат глупости? Зачувување и негување на една култура не значи само забави и песни правење..има тука и труд, љубов и уште многу работи. И пак ќе повторам, како тоа некој што НЕМА ПОИМ за твојата култура може да те откаже од неа!? Не би требало да може нели?
girlll Напиша:
Што требаше ова да значи?
И не, јас не го негувам рапот и не го кријам тоа. Кога никого не го боли курот и никој не се труди да го негува рапот зошто јас да трошам време и нерви да го правам тоа? А и мислам дека е доволно од моја страна што го слушам, почитувам и живеам. А со што тоа дечко ти го негуваш рапот жити се објасни ми?
Од тоа погоре што го наведов дека јас го правам што повеќе впрочем може и да се направи?
Да се снима?
Да, би снимала но не во период на фејк фаци па без разлика дали ме бива или не да станам дел од нив со самото тоа што единствени журки на кои ќе имам шанса да присуствувам и настапувам ќе бидат баш журки со тие фаци зошто поинакви веќе нема кај нас.
Епа тоа е тоа девојче...без разлика дали некој се труди или не, тој што го сака рапот ќе се труди, тој што не го сака ќе се откаже. Тоа се вика љубов. И те молам веќе да не ги обвинуваш фејк фаците, оти прилично е понижувачки да кажеш дека фејкерот те откажал оти ти си бил вистински...логика... :shock: Или ти е страв дека не би била подобра од нив? Каков е тој став дека не сакаш да бидеш смешана со нив? ако си квалитетна, ќе се издвоиш, факт! Така лесно не се откажува култура...
girlll Напиша:
Казната?!
Сакаш да кажеш дека ти си даваш за право да се нарекуваш вистински а немаш слушнато Странски Рап и рапот го сфаќаш само преку Македонскиот редок квалитет и она што почесто го има ѓубрето? И после мене ми збориш дали имам право или не?Македонскиот рап не те прави рапер може само патриот да те направи. Слушни странско за да слушнеш зашто викам дека рапот кај нас нечини.. Значи твојте заклучоци и теории за рапот се вакви какви што се бидејќи не слушаш странски рап?
Не знам како заклучи дека не слушам странски рап? Реков казната, оти ти рече дека си ОСУДЕНА да слушаш само странски рап. Јас не се чувствувам осуден да слушам само странски рап. Од почетокот мислев дека сум, ама видов дека во македонија има добри поети...кој не ги гледа, негова работа...
girlll Напиша:
Неможам да слушам нешто што е се повеќе и повеќе катастрофално и се повеќе и повеќе пропаѓа.И несакам некој фаци што незнаат воопшто ни што е рапот, незнаат ни што е Хип Хоп културата, ни пак улицата.. Што најверојатно поголем дел се до 13 години и незнаат ни носот сеуште да си го избришат мене да ми ги продаваат музиката и културата што ги живеам одкако памтам за себе.
И пред се да ме потценуваат зошто не снимам и да врти нивната музика во мојот систем а и да ми продаваат теории што воопшто не ги ни знаат па ни разбираат.
Ајд мислам дека е доста и дека зајдов тоталка денеска на темава.. Но сепак е доста дискутабилна тема и мислам дека секој треба да даде свое мислење затоа што може да се направат тука многу добри и квалитетни дискусии што држат вода.. А не да коментираме само 5-6 фаци.. Што зарем другите се неспособни да коментираат на сериозни теми? Обидете се не е тешко. Форумот е всушност за дискусии не ко што е тука само за караници и препукувања.
А и би сакала вака на посериозна тема да прочитам сечии мислења зошто сепак така полесно можам да си создадам слика во глава за луѓето што не ги познавам а со кој секојдневно дискутирам на форумов, и со поголемо познавање може да се водат многу поквалитетни муабети и да вртат многу подобри дискусии а и најверојатно ако секогаш се трудиме вака да дискутираме повеќе ќе има со сигурност помалце караници и повеќе посетители. Ајд сеа доста замарам и јас.
Ајде поздрав.
Епа како може бе девојче сите овие фаци што ги наброа да те набркаат од рапот!? Тоа не ми е јасно, се друго можам да го сфатам само како твое мислење, и ветувам дека нема да се обидам да го сменам за се што кажавме погоре...ама како може некој што не разбира да го откаже тој што разбира?
И на крајот, нека коментираме само ние 5-6 фаци, јас се надевам дека другите ќе прочитаат и ќе створат пореална слика за макрапот и за рапот воопшто.
Извини ако некаде погоре те навредив, не било намерно
се надевам дека не ти е толку црно како што кажуваш, потруди се, ќе видиш дека има квалитетни работи.
Почит
мир!
п.с.:За тие фаци што те потценуваат, да ти кажам: Тој што те потценил можеш полесно да го победиш, знаеш нели?

girlll Напиша:
Нема да коментирам за тоа дека има и добри и дека не сум во право дека рапот умира затоа што се изјаснив ја дека мислам така и се изјаснив зашто а и ќе останам на своето.
Сепак..
Да, јас би одела на журки Хаос за да покажам почит и на некои одам..
Но знаеш што? Неможам да одам на журки на луѓе што немаат почит ни кон културата ни кон музиката.. Зошто јас би ги почитувала нив ондак? Како очекуваш да одам ради почит на луѓе што стануваат преку ноќ рапери за кеш?
Браво. Не знам зошто не го кажа ова нешто уште на почеток, па да не дебатираме со цитати и shit? Тоа е тоа. Повеќе коментирање, не знам...

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна Предходна  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 16  Следна

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 13 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап