Сега е точно : Maрт 29th, 2024, 1:13 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]

Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна Предходна  1 ... 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16  Следна

Зашто Македонскиот Рап се назадува наместо да оди напред?
Не го бива , секој е его-трипер. 42%  42%  [ 27 ]
Ќе го биде само овој статус кво период да престане. 50%  50%  [ 32 ]
Не ме интересира рапот , ме интересира само сопствениот Гз. 3%  3%  [ 2 ]
Не идам на туѓа журка освен на моите од маало! 5%  5%  [ 3 ]
Вкупно гласови : 64
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Re: Зашто во МК рапот умира?
ТемаИспратено: Октомври 29th, 2009, 11:01 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 6th, 2008, 1:18 pm
Мислења: 900
мислам дека шала беше тоа,али шо знам ја :)

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Зашто во МК рапот умира?
ТемаИспратено: Октомври 30th, 2009, 3:55 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
dzole Напиша:
мислам дека шала беше тоа,али шо знам ја :)
И ја 8) исто мислам и исто шо знам :mrgreen:

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Зашто во МК рапот умира?
ТемаИспратено: Октомври 30th, 2009, 10:56 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jуни 14th, 2008, 5:05 am
Мислења: 184
Локација: право па лево
_SpeciaList_ Напиша:
freaky_dicky Напиша:
Не ме интересира рапот во мк, ме интересира само сопствениот Гз. И пенис, нормално.

Не дај Боже да те сака и почитува некој со таков став....
Значи ти живееш само од корист или... како да те разбереме после ова?

Позитивно е тоа што си искрен (ако воопшто си). :roll:

Не ни реков некаде дека те сакам или почитувам :S

Требаше да биде шала, али знаеш она во секоја шала има вистина, така да што би рекол Џокерот: Why so serious?

Мислам дека повеќе не треба да коментирам на темава, зашто не сум доволно компетентен да кажам зашто рапот во мк умира. Има други кои се разбираат повеќе на оваа тема.
Peace!

_________________
Фрлам шурикени како да се пенкала!

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Зашто во МК рапот умира?
ТемаИспратено: Октомври 30th, 2009, 10:06 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
freaky_dicky Напиша:
_SpeciaList_ Напиша:
freaky_dicky Напиша:
Не ме интересира рапот во мк, ме интересира само сопствениот Гз. И пенис, нормално.

Не дај Боже да те сака и почитува некој со таков став....
Значи ти живееш само од корист или... како да те разбереме после ова?

Позитивно е тоа што си искрен (ако воопшто си). :roll:

Не ни реков некаде дека те сакам или почитувам :S

Требаше да биде шала, али знаеш она во секоја шала има вистина, така да што би рекол Џокерот: Why so serious?

Мислам дека повеќе не треба да коментирам на темава, зашто не сум доволно компетентен да кажам зашто рапот во мк умира. Има други кои се разбираат повеќе на оваа тема.
Peace!

Ќути подобро, ако немаш што да кажеш.
Понекогаш е подобро да се заќути.
Пријателски совет.

_________________
http://www.myspace.com/SpeciaListMK

„Или ќе чекориме заедно, или ќе умреме како робови“ АГО

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Зашто во МК рапот умира?
ТемаИспратено: Декември 1st, 2009, 7:48 pm 
Отсутен

Регистриран: Декември 1st, 2009, 7:39 pm
Мислења: 4
Исклиширан муабет, ме мрзи да ги читам сите мислења, може моето мислење ќе се поклопи со нечие, но како и да е.
Жими ја, не сум ни приближно компетентна да зборам за рап, али се регистрирав на форумов само ради темава.
Морам да почнам вака, каде разграничувате комерцијала со андерграунд?
Ако се водиме најгенерално, моментално рапот е таман, само уклучете телевизор, троа Зенови, Слаткари и такви фаци, така се класифицират. Не дека се малце луѓето што нив не ги поштуваат, но пола од нив (луѓето што не ги поштуваат) се водат по махинацијата да бидат андерграунд, кул и tr00, што стриктно исклучува телевизор.

nyx Напиша:
Зашто кога има рап журка во Скопје организирана од групи надвор од тој град, нема скоро никаква публика од Скопје?

Ова е ради дефицит од реклами и (не)информираност, ништо друго.
Принципите ни се делумно контрадикторни, кога некој го знаат повеќе луѓе, станува комерцијала, срање, нели... Овде нема многу рап артисти, па верувам дека барем повеќето би сакале од време на време да видат и нешто ново/непознато, пример од друг град, или па на крај краева да кажат дека биле на "рап дешавка" or whatsoever.
Според моиве познавања, индивидуалната проценка на квалитетот на рапот е речиси еквивалентен на неговата тематика, Слаткар(ќе ме тужи човеков, али најкомпетентен пример е) си збори за шопинг со неговите, со негов речник, пички, а Str2 си пеат за нивните општествено социјални, финансиски, или какви и да се, бедови. Луѓето од публиката ќе се придржуваат до тематиката што им е поблиска (јасно е што е доминантно, нели). Тоа по извесни принципи докажува само колку е рапот андерграунд(мада звучи иронично), и јас радо би настапувала пред дваесетина души што ми ја разбираат музиката, отколку пред две илјади нафурани тинејџери себелабелирани како рапери *смајли што повраќа*.

Овде веќе преминав и на второто прашање на авторот на темава.
nyx Напиша:
Зашто рапот во Р. Македонија наместо да се издига на повисоко ниво тоне во калта се подлабоко и подлабоко? (се мисли на тоа дека нема нови и квалитетни изданија , нема оригинални цд-а албуми итн.) ?

Јас повторно да ја потенцирам мојата воопштонеинформираност околу оваа музика, комотно поправете ме ако грешам, али нели рапот у срж треба да биде хардкор, пред сè идеолошки, па пак ќе се навратам на тематиките, идеологијата со себе мора да повлекува и вистина уште од самите почетоци. Не би имало смисла артист што си рецитира за реалноста(муките) во негов живот или општеството, да вади платинести изданија со беспрекорна продукција. Тоа се случува во поп/комерцијалната музика.

Зборот ми е, сметам дека рапот е таман и моментално е таму каде што треба да биде, само мала, али соодветна пропаганда нема да му штети.

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Зашто во МК рапот умира?
ТемаИспратено: Декември 2nd, 2009, 5:51 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
Daftie Напиша:

ти го прочитав мислењето од почеток до крај, не се слагам баш, ама во главно си во право и се слагам со тебе, освен во болдираниот дел погоре. Тоа можеби е така доколку се работи за артист во Македонија, но не и на запад. Се случувало underground артисти да урнат рекорди на топ листи со хардкор рап. Поентата не е да не се продаваат албуми со врвна продукција, туку напротив, да се пристапи и од таа гледна точка колку што е можно посериозно, за конечно да се остави печат дека тоа што го твориме има некоја позадина, значење, длабочина, вистина, нели? А тоа не се постигнува со домашни или подпросечни продукции...
и уште една работа, мое мислење околу границата помеѓу андерграунд и комерцијален рап (мислам дека тоа ти беше најпрвото прашање во постот, нели?)
Не значи дека за да биде рапот андерграунд, треба да не се продава во милион копии. Уште еднаш (според мене, секако), рапот со продажбата нема врска (кога се полемизира дали е андер или комерц.), туку има врска следното:
1. Дали артистот го задржал основното во себе, запамтил од која причина и со која цел почнал да твори, дали му останале темите и текстовите исти (мислам во тежина и стил, а не буквално исти :idea: ) и сега продава албуми како луд, или
2. Дали артистот ја сменил филозофијата, дали омекнал во своите текстови и гледишта на срањето околу себе, дали замижал пред некои свои принципи, дали почнал да прави розова музика за да продава албуми како луд?
Според мене, девојче, под 1 секогаш е андер, затоа што луѓето го сфатиле токму тоа што тој сака, допрал луѓе со оргиналната своја појава, а под 2 е комерц, поради тоа што од Х-причини се сменил и почнал да зборува тоа што сакаат другите да слушнат (читај: хитмејкер), а не тоа што тој искрено го мисли. Значи ја лично така ги разграничувам.
Се надевам дека се разбравме
почит до тебе и добредојде на форумот 8)
мир!

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Зашто во МК рапот умира?
ТемаИспратено: Декември 2nd, 2009, 11:40 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jуни 27th, 2006, 3:10 pm
Мислења: 1490
Локација: Велес
Ќурин брат изгледај го Notorious, најдобар репер е тој како се печалат пари.
Поготово на траката "Juicy".

Поздрав!

_________________
www.myspace.com/crashmc1
www.myspace.com/ulicnaumetnost

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Зашто во МК рапот умира?
ТемаИспратено: Декември 2nd, 2009, 2:24 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Aприл 3rd, 2005, 4:48 pm
Мислења: 1567
Локација: "...I appear everywhere and nowhere at once..." - Veles
CrashoOoT Напиша:
Ќурин брат изгледај го Notorious, најдобар репер е тој како се печалат пари.
Поготово на траката "Juicy".

Поздрав!
?шо ти е бе забеган :mrgreen: не прашав нигде како се прават пари...? само му кажував мое мислење на девојчето тебаам. поарно кажи дека филмот за Notorious е јак, ќе те разберам :twisted:
почит бе краш
мир!

_________________
"...to speak the truth it takes bravery,
and no man could stop my flow
because i know what i speak, and i speak what i know..."The RZA

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Зашто во МК рапот умира?
ТемаИспратено: Декември 2nd, 2009, 2:29 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jуни 27th, 2006, 3:10 pm
Мислења: 1490
Локација: Велес
sorry забегав улав :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:

многу филмови глеам у последно време :lol: :lol:

_________________
www.myspace.com/crashmc1
www.myspace.com/ulicnaumetnost

Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Зашто во МК рапот умира?
ТемаИспратено: Декември 2nd, 2009, 4:13 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 6th, 2008, 1:18 pm
Мислења: 900
Daftie Напиша:
Не би имало смисла артист што си рецитира за реалноста(муките) во негов живот или општеството, да вади платинести изданија со беспрекорна продукција. Тоа се случува во поп/комерцијалната музика.

Не би ми пречело продукцијата да не е беспрекорна , нели, се гледа во лиричкиот дел , возењето на битот и колку самиот артист е реален. Меѓутоа во Македонија,поготово во Скопје , оние што слушаат рап ( зборам за поголем дел од ,, слушателите ,, ) веднаш вадат замерки за продукцијата од видот : ,,Овој снимал на ефтин мајк ,песната му е бед ,, и гасат.Значи,колку и да е добар артистот во трите претходно наведени дела (реална тематика, лирика и флоу ) неговата песна се гаси веднаш после 5 секунди од почетокот на вокалот ,односно : Ако на пример , лириката ,флоуто итн ( да не набројуем пак ) сочинуваат 90 посто од траката,СЕ паѓа во вода,ако не се погодени и тие 10 посто ( Продукцијата ) . Значи ,девојче :) , иако кај мене ( а и кај доста други луѓе од форумов и вистински обожаватели на рап ) продукцијата не игра улога поголема од текстот , ипак би требало да се потрудиш и во mixing/mastering областа . Не мора никогаш да биде беспрекорно , но и јас не би слушал песна со лош квалитет ( било да е дисачка,тужна и сл ) повеќе од еднаш..
Сакав само ова да го пишам( иако е веќе познато ) ,пошто глеам се навлезе у дебата за реченицата :)
Башка добредојде на форумот :mrgreen:

Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна Предходна  1 ... 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16  Следна

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]

Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 21 гости

Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап