Сега е точно : Maрт 29th, 2024, 12:36 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Ритам и поезија (Rhythm and Poetry - RAP)
ТемаИспратено: Февруари 3rd, 2011, 3:18 am 
Отсутен
Модератор

Регистриран: Авдуст 13th, 2005, 12:32 pm
Мислења: 3275
Локација: Битола
Пред некој сат, напишав некој си тип на колумна. Бујрум.

"Рапот не е музика, не знам шо гледаш во него." - доволно провокативен став, да ме натера да застанам во самоодбрана. То е погонот на моето денешно излагање. А следи подолу.
Пред делот на аргументирана самоодбрана, ќе тргнам од "ентериерот." Ние самите. Рапот е конзервативен жанр. То подразбира конзервативен агол на перцепција на добар дел на тие кој го создават. Генерално, разгранети се на два слоја. Комерцијален и подземен звук. Не, има добра и лоша музика. Толку. Пред да ме реплицираш: Не се разбираш. Немој. Не сум тазе во ова, подмладок. Ниту пак друг ми го градеше ставот. А секако има инфлуенци од туѓото искуство. Искуството пред младоста. Другиот стереотип е базиран на уличноста на рапот во стилот на: Рапот од улична колевка потекна. Баш така. А ти потекна од мајчина утроба. Тогаш, шо не си остана уште малце, пошто некако си пораснал а? Немаш појќе заби млечни. Секоја работа подложи на еволуирање. Во тој процес битно е да не ја изгуби автентичноста, базисот. Да не се извештачи жанрот. Во склоп на то, не е загрозена музиката. Облеката нема ни да спомнам, се надевам созреа глупоста на тој стереотип. За подетално аргументирање на мојот став од овај горенаведен аспект, преслушај ја "ЗЛАТНА МАЛИНА".
Сега малку за делот на аудиториумот во аверзија на рапот. Добар дел од таквите музички стереотипи се неосновани, претежно одраз на глупост. Да, глупост. Пошто најверојатно не си слушнал ни три песни, а си наводно компетентен и поткован музички, за да имаш аверзија кон рапот. За татко ми и родителите генерално и можам да разберам. На средовечна личност малку е потешко да го видоизменам ставот. А не ме засега ни промената на твојот став, само сакам да ја истакнам неговата контрадикторност. Освен конзервативноста на рапот, која е приближно генерализиран став од аспектите кој ги набројав погоре, рапот веројатно има и најголем опсег на тематики, креативност. Да, инструменталниот дел претежно е базиран на семплување иако кај доста артисти и групи има сериозни напори за свој оригинален инструментален контекст. Како и да е и sample-от е уметност. Постојат инструменти - sampleri за професионално производство на ритам. Во инструменталниот концепт спаѓа и ангажирањето на бенд, заедно со сите негови финеси, кое денес е се позастапено. Воедно идеално парира рап со бенд. Али настрана од тој инструментален концепт, опсегот на теми е енормен. Пеењето - генерално отсуствува, рециталот е во предност. Рецитирањето како и пеењето е уметност и не така лесно изводливо. Флоу-то ја карактеризира таја уметност. Протокот на римите и стихојте во една синхронизирана форма. Флуентна, течна форма. Од лирички аспект, досега не сум сретнал подобар текстописец од рапер. То би се видело преку една жанровска паралела. Без недоразбирање, не викам дека кај друг жанр лирички не можи да парира. Напротив. Само сепак, од мој агол - кој и не е така ограничен само на рап музика, туку малку пошироко, во рапот се едни од најдобрите текстописци. Пред да го посочиш делот со дрогата, само размисли колку од светските брендирани имиња, кој не се рапери, се конзументи на наркотици. Наркотици од висок ранг.
Уште една пломба на рапот е медиумското покровителсто. Медиумски генерално изостанва најдоброто од рапот. Иако во последно време медиумите се малку поангажирани со по отворен слух, за малку покомплексни форми на рап. Уште се во предност антиталентираните квази рапери со ментална дисторзија во концептот за добар рап. Во нивните видео записи, освен добар силикон и напрчена уста, која веројатно страда од херпес - неприметен е рап делот. Имај бе жени во спотот, не сме педери, али да слушниме и рап! Не тралалајки. А и auto-tune сегментот завзеде големи размери. Значи, генерално аудиториумот го диктира вкусот на медиумите. Цимерот ме поправа, вика дека обострани се инфлуенците. Точно Бушав, живели. Значи, добриот рап најчесто не е медиумски експониран. Сега засега, ќе го бараме на друго место. Интернет и слично. Образованоста исто е есенцијална предиспозиција на една современа личност. Информацијата. Во склоп на то, не сме сите рапери неамбициозни. Не има и добар дел кој се надевам сме надежни, перспективна младина. Сума сумарум - остај ја амбалажата, под-отвори. Во ирисот на секој од нас, прво упадна е амбалажата - изгледот. А секундарна е внатрешноста, така да разгледај подлабоко. Мозокот и срцето се сонда за подлабоките, прави вредности.
За крај, материјалните побуди - не ми се погон за да напишам песна и да ја снимам истата. (Без лажна скромност и фолирање. Секој сака пари. А рапот не ми е професија, туку хоби. Од тој агол, немам материјални побуди - а материјалната награда за трудот е добредојдена, кај секој.) Погонот е рапот како психијатар, другар кој ќе ме сослуша. Место на кое ја празнам плуќата. Место на кое го оставам отисокот на внатрештиот конфликтен свет во мене, спектарот на бунтовност, нервоза, радост, среќа, креативен домет.
Не велам никогаш. Растам - се менват ставојте.
Во име на то - Вива ла рап!

П.С. Во склоп на темата предлог за музичка нумера

Common sense - I used to love H.E.R. (Hearing Every Rhyme) - уживајте!


_________________
Поет ..


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 15 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап