Сега е точно : Aприл 23rd, 2018, 7:03 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Став: Зашто хип хопот умира?
ТемаИспратено: Февруари 6th, 2012, 2:19 am 
Отсутен

Регистриран: Февруари 6th, 2012, 2:12 am
Мислења: 1
Имаше едно место каде што бев среќен! Комплексот од стари и напуштени згради заедно со градинката во Хром! Местото што јас го нарекував "графити скул"! Немора премногу да ви објаснувам! Тука беа почетоицете на Струја, Стрес, Страјк - наречете го како сакате, сепак човекот е легенда! Не смеат да се заборават ни "троу апите" и "парчињата"на СРК или Ра, Вандал или Долар, Сенс или ЦСБ и сите останати што придонесоа ова место да биде какво што беше! Тука беа и моите почетоци! Еден од моите први графити! Не толку добар и не таков како што го замислував, но секој почеток е тежок! Но без разлика колку бев вешт со спрејот, се чувствував како во гето! Секако да Хром е гето, но тука чувството беше вистинско, како да сум во Бронкс! Го имав онa "олд скул" чувство! Но сепак ретки беа луѓето што знаеа да ја ценат хип хоп културата оставена, испишана на ова место! Едни од нив беа дечките од СВП! Некои кадри од видео записот за траката "Раперите се с'Трама" беа снимеи токму тука! Искажувајќи ја сета убавина на хип хоп кулурата видеото, а и траката се одлични! Но тука не застанувам со СВП или со Бренсис, да бидам поточен! Видеото поставено на неговиот канал "Зад аголот другарче - Прекрасно е да со рапер" само утше повеќе докажа дека има такви луѓе на кој им значи "графити скул" и воошто цел Хром! Зборувајќи за ова неможам, а да не ги поздравам и Римиски Масив", Длабока Трага, Паки и секако да не заборавиме на ветераните во рап школата, луѓето без кои рап музиката и хип хоп културата немаше да биде иста: Џака Накот, Пеше и Страјк! Всушност мојот поздрав е до сите: целата Легија, Алфа, ДНС Екипа и сите останати (се надевам ќе ми пристите ако некого заборавив).
Но да се вратам на темата т.е на "графити скул"! Никогаш нема да го заборавам тој момент, кога прв пат пројдов тука! Бев мал можеби 4то или 5то одделение! И во тој момент се почувствував поинаку! Се почувствував близок со рап музиката и хип хоп културата! Каде и да се сцртев гледав графит! А тука беше кошот на кој за прв пат "закуцав"! Уште еден среќен момент од моето детство, поврзан со ова место! И секогаш кога и да проаѓав низ Хром или пак одев до Влае или од некаде се враќав пеш накај Ѓорче морав да пројдам од тука, макар на момент! Се сеќавам на летните вечери, што ги преседов тука, на лулашките во градинката! Имам толку спомени од ова место, што незнам кој попрво да го напишам!
Хип хопот нема да умре! И јас верував во овие зборови! Но пред неколку месеци ја осетив болката и видов како хип хопот умира! И не зборувам за рапот и за некои "eмсиа" што прават рап за пари, зборувам гетото! Видов како се урна цел комлекс, цело "графити скул"! И како целиот мој свет да се сруши! Ретките слики и некои клипови можат да сведочат какво место беше Хром! Сега наместо уживање во тоа место има само кал, градежен материјал, багери и се останато што е потребно да се направат згради! И може ќе речете: ама во гето и треба да има згради! Но не! Тоа што беше тука, беше нешто посебно! Мало парче од опшитна "Ѓорче Петров", но со многу голема вредност! А сега го нема! Останаа само сеќавања...
Несмееме да дозволиме хип хопот да умре, затоа што тој е нашето срце! Ако него го нема и нас ќе не нема...
Поздрав: Непознатиот
http://www.youtube.com/watch?v=4IxgEuGUKg0



Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Став: Зашто хип хопот умира?
ТемаИспратено: Јули 12th, 2012, 11:31 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jaнуари 4th, 2008, 5:38 pm
Мислења: 201
Локација: Скопје, Капиштец
Доколку се одржува и пренесува на новите генерции така како што е без никави измени и додатоци нема да умре но бидејќи живееме во свет каде што се многу брзо се менува и од "ништо станува нешто" не ме чуди и да му дојде крајот или во краен случај да се замени со турбо глупине певачици во придружба на кремците со нивните надуени мускули (машки шмизли). :)

_________________
Кога си сам(а) никој не може да те остави!


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Став: Зашто хип хопот умира?
ТемаИспратено: Авдуст 16th, 2012, 6:01 pm 
Отсутен

Регистриран: Ноември 29th, 2011, 4:16 am
Мислења: 3
Тажна случка :/ :cry:


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Став: Зашто хип хопот умира?
ТемаИспратено: Септември 16th, 2012, 4:59 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maј 25th, 2004, 10:28 pm
Мислења: 1048
Локација: Silitus - The Power od Divinity
Ова не сум го направил со години, неможам ни да се сетам коа беше последниот пат кога сум го посетил форумов, а не па да пишам :) Имаше една дискусија на фаца факинг книга за тоа дека форумов изумира... а темава е дека уствари хип хопо-ов умира... жално е што е факт и за едното и другото, а причината е проста... Нема многу луѓе што сваќаат што уствари представува целата хип хоп култура... музиката не ја сваќаат, а уште потрагично е што е многу погрешно представена во јавноста... Да не покажувам со прст кој, како и што... битно е следното... Ако ја сваќаш, живеја ја... остај ги другите нека летаат таму горе или доле, бутот акни го од земја море....
Абе убаво е што на крај сепак има некаков интерес, one way or another. Само да напоменам дека хип хоп-от(горе реков дека умира) но сепак неможе да умре, само човекот може да умре... културата останува, ако не кај нас... таму негде во западот никогаш нема да згине...

Абе кај е најде темава можам да седнам и да правам реферати на мислења и случувања ти ибам :)

Ај после толку време доста е ова, немора повеќе ке оставиме за друг пат да се кажат уште неколку збора ;)

Поздрав,
Doktor_

_________________
Nokniot Cuvar na Denovnata Psiha - samo Edna Bolno Izduvana Psihoptska Rastroena Licnost


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Став: Зашто хип хопот умира?
ТемаИспратено: Ноември 11th, 2012, 3:14 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jaнуари 4th, 2008, 5:38 pm
Мислења: 201
Локација: Скопје, Капиштец
Doktor_ Напиша:
Само да напоменам дека хип хоп-от(горе реков дека умира) но сепак неможе да умре, само човекот може да умре...

Не се согласувам со тебе, точно е дека само човекот може да умре (и животните :) ) но хип хопот може да се заборави, а тоа на некој начин ти е умирање, мада тоа нема да се случи секогаш ќе има некој што ќе се залага за хип хопот. :)
Поздрав :wink:

_________________
Кога си сам(а) никој не може да те остави!


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови и 1 гостин


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2009 Македонски Рап