Сега е точно : Maрт 29th, 2024, 12:37 am

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Паметни стихови
ТемаИспратено: Декември 14th, 2008, 8:08 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Октомври 2nd, 2008, 9:53 pm
Мислења: 753
Локација: Кисела Вода, Скопје, Македонија
[align=center]И еве сега ново мое издание,
рокам достојно на мајкот ве молам за внимание,
стихов адекватен,
но дали ќе биде сфатен,
се додека пишувам на листов во мене гори светол пламен,
рапот го чувам во срце и го бранам со честа,
вештината моја ја одзема свеста,
ви давам во стихов сатисфакција,
доминантен во оваа хип-хоп акција,
овие бели страници се посветени на рапот,
затоа што неговата чистина и сила ќе останат до крајот,
културата нема никогаш да умре,
но животот е тежок, останува само надеж за подобро утре,
па започни - создај ја својата иднина,
но тешко е кога си осамен на празна бина,
биди Ти - одраз на сопственато ЈАС,
твојот став ќе биде чуен само викни на глас,
биди горд на тоа што го гледаш во сопствениот одраз.



Не можеш да создадеш дела без свест,
стои зад својот збор имај чест,
не попуштај ни пред најтежок тест,
во тешките моменти остај срцето нека те води,
колку и да е тешко пробај преброди,
па отпочеток пренови,
секој ден носи предизвици нови,
јас улицата ја сфатив како радост на животов,
беше единствена светла точка во секојдневното сивило,
но сфатив дека само небото е граница,
нови чувства на секоја нова страница,
но тешко е секој ден да се бориш за капка среќа,
убавиот живот остана само мечта,
затоа живеј го својот живот - дари љубов и насмевка,
не дозволувај никој да те повреди бидејќи душата е кревка...



Секој текст - нова сага,
бо животов ништо освен тага,
се што гледаш е само обична лага,
секој ден е исто пак,
лажен акт,
секоја постапка знае да те извади од такт,
труди сењ да успееш во светов мрачен,
секој втор човек сака да те заебе, секој е алчен,
сакаш моќ, сакашуспех, сакаш пари...
но пак си сиромашен кога немаш вистински другари,
секој сака да дава малку, а што повеќе да зима,
секој лицемер во главата темни мисли има,
секој гледа да повреди, да упати навреда,
надежта се губи кога живееш во беда,
но луѓето не сфаќаат изгледа им треба превод,
државата полека ни го празни џебот,
немаат ни 2 грама ум,
лечат комплекси на форум,
и после сево ова сфаќаш нема излез од оваа бездна,
реалноста не е лесна...но се прашувам и јас - до кој ли ќе допре оваа песна...
во душата имам свет храм,
се борам за она што го сакам но не чекорам сам....

Се решив да испразнам емоции...јебига...


_________________
Hip-Hop nije fraza koja se pise. Hip-Hop je razlog radi koj ja disem. Rap is what we do. Hip-hop is how we live!!!


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Декември 19th, 2008, 7:24 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Септември 10th, 2008, 4:19 pm
Мислења: 523
Локација: Скопје
Добро е.Само напред.Поздрав!


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Декември 23rd, 2008, 5:17 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Авдуст 30th, 2007, 5:49 am
Мислења: 1196
Не е лошо ...

_________________
I’m tired of people judging what’s real Hip Hop.


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето:
ТемаИспратено: Декември 25th, 2008, 3:20 pm 
Отсутен
Баниран

Регистриран: Декември 24th, 2008, 11:20 pm
Мислења: 87
океј е

_________________
КОРИСНИКОТ Е БАНИРАН


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 11 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап