Сега е точно : Maј 24th, 2019, 6:51 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Promocija na albumot na Strogo Doverlivo na 2ri april 2011
ТемаИспратено: Maрт 29th, 2011, 8:15 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Јули 30th, 2004, 4:24 pm
Мислења: 54
Локација: Pella, Ancient Makedon
[img]file:///C:/Documents%20and%20Settings/PC/My%20Documents/My%20Pictures/mobilen/Promo%20flaer-Strogo%20Doverlivo.jpg[/img]


Промо на албум на Строго Доверливо во сабота вечер




Во сабота вечер (2 април), со почеток од 21 часот во кафе-барот Африка (Т.Ц. Лептокарија) ќе се одржи промоција на албумот на Строго Доверливо, кој го носи името „На самото дно“. Во продолжение ви даваме поширок осврт на албумот и на неговите автори. Истовремено ве покануваме да ни се придружите на промоцијата.

Строго Доверливо е рап група формирана во 2005та, најпрво составена од 3ца членови, сите од различни градови: МС Нерв (Парадокс, Скопје), Террор (Битола) и Кико МС ака Месија (Демир Хисар). После снимањето на првите две песни Кико МЦ се откажува од понатамошно учество во проектот. Албумот носи наслов "На Самото Дно" и тематски опишува настани од секојдневниот живот, претежно социјални теми и содржи критички осврт за нискиот морал и хипокризија на луѓето. Во суштина албумот има песимистички призвук, но има и повесели траки преку кои на комичен начин и со нескромна употреба на иронија и сарказам ја карикира и исмејува суровата реалност, но делумно има и доза на патриотизам. Албумот е сниман во периодот 2005 - 2009, од кои најголем дел од песните (70%) се снимени во 2006.

Како гости на албумот се појавуваат: Ессе, Кико МС, свеТец, Дарк Дог, Ханс, Alich ака Дилер - БТ, THE E и ДЈ Славе кој скречува на Интрото од албумот. Сите текстови се напишани од самите членови на Строго Доверливо, плус гостите својот дел. Продуцент на сите траки е Нерв, освен интрото кое е продуцирано од свеТец. Сите песни се снимени во студиото "Топли Дом" на Ошав Продукција, а албумот се издава за истоимената продукциска куќа. Мастеризиран е во 2009та и иако доцни со своето издавање заради финансиски потешкотии, сепак вреди секој хипхопер да го има во својата колекција.
Албумот ќе се продава на самата промоција по цена од 100 денари.

Аудио инженеринг: Таззак Акабатов, свеТец
Мастеринг: свеТец, Нерв
Извршни продуценти: Нерв, свеТец


_________________
"Whoever wants to anex Macedonia to Bulgaria, Serbia or Greece, may be a good Bulgarian, Serb or Greek, but he is not a good Macedonian."


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Promocija na albumot na Strogo Doverlivo na 2ri april 2011
ТемаИспратено: Aприл 5th, 2011, 1:55 pm 
Отсутен
Модератор

Регистриран: Авдуст 13th, 2005, 12:32 pm
Мислења: 3275
Локација: Битола
А за тие кој сме гурмани на добар рап, а не бевме на промоција, кај можи да се најди?

_________________
Поет ..


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Promocija na albumot na Strogo Doverlivo na 2ri april 2011
ТемаИспратено: Aприл 24th, 2011, 8:35 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jуни 27th, 2006, 3:10 pm
Мислења: 1490
Локација: Велес
Освен за download нема друго чаре. Ептен ако има некоја залиха кај Нерв.

_________________
www.myspace.com/crashmc1
www.myspace.com/ulicnaumetnost


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Promocija na albumot na Strogo Doverlivo na 2ri april 2011
ТемаИспратено: Aприл 26th, 2011, 5:25 pm 
Отсутен
Модератор

Регистриран: Авдуст 13th, 2005, 12:32 pm
Мислења: 3275
Локација: Битола
Или кај Терор по Битолска линија. :)

_________________
Поет ..


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 5 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2009 Македонски Рап