Сега е точно : Ноември 15th, 2018, 4:49 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: sEvergreen Memoriez Download Link
ТемаИспратено: Maј 17th, 2011, 10:01 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 6th, 2008, 1:18 pm
Мислења: 900
Линк за download:
http://www.megaupload.com/?d=H2NYMDIE

Слика

sEvergreen MemorieZ е компилациски албум кој е сниман во периодот 2010/11 година.
Уште на почетокот, кога се уште идејата за ваков проект ни беше нецелосна и сеуште бевме несигурни во она што го правиме, знаевме дека сакаме само едно нешто: Да биде оригинална и да ја искористиме секоја можна секунда на понудените 16 инструментали за нешто што сметавме дека треба да биде искажано. Почнавме со малку, но завршивме со (речиси) сите убијци на битови од северниот дел на Скопје, вклучувајќи и некои од постарите. Пред се ни беше важно што успеавме да ја обединиме школата која до некој степен беше поделена, го тргнавме егото на страна, заедно со верската и националната припадност и едноставно, уживавме во музиката додека ја правевме. На компилацијата се рецитира на македонски, албански и босански јазик и има 11 артисти, меѓу кои се и ветераните Music Masta Vlado G, Sunset Maestro и Один:) За продукцијата беа задолжени Ѓоре Милевски-Џоле, Владо Грозданоски и Дуле Христов. Мастерингот беше изработен од Partyman Mastering. Исто така, со компилацијата се врши и промоција на 2 песни од страна на MM Vlado G (основач на Instant Beat), снимани во раните деведесетти, за кои сме сигурни дека примамливо ќе ви звучат. Останува само да се преслуша овој проект и да се сфати главната поента на сите песни, дека нема поделби во хип хопот - има само луѓе што го претставуваат него, и луѓе што го живеат.

Албумот ќе можете бесплатно да го добиете на рака за време на настанот кој го организира екипата на Хип Хоп Македонија и нашата невладина организација Урбан Институт. Се работи за Хип Хоп Дебатата која ќе се одржи во понеделник (18 април) во Американското Катче (American Corner) во Скопје.

Плеј листа:

1. sEvergreen ft. Odin & Sunset – Cypher
2. Dzole&ToshkaZ – 19ка
3. Dozhivotna Smena ft. Tesophobia – Kunem Se
4. Instant Beat (1995) – Kec so tush
5. D’One ft. Deb L – Intelekt
6. Sunset ft. Odin - Nemirite
7. Dzole&ToshkaZ ft. Deb L – Blame it on the Moon
8. Tesophobia – Prati Me
9. D’One ft. ToshkaZ - Ambicija
10. Severnjak ft. Dado – 4 O’clock rap
11. Dozhivotna Smena – Vo dzebot
12. ToshkaZ ft. Topche – Razlika
13. Instant Beat (1993) – Nazad odi satot
14. Dzole&ToshkaZ – Krienka
15. sEvergreen – Konac
16. Outro

(Превземено од http://www.hiphopmacedonia.com )



Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 5 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2009 Македонски Рап