Не ги читав целите постови, ама АГАТО не си во право брат. Стварно голема утка имаш во математиката. Да можеби би било 100 денари ако снимките ти се на опрема што вреди 100 евра, ако ги принташ на обична хартија, на ЦД-то ставаш лепенка, да земеш но-наме ЦДа, и го режеш секое ЦД дома. Па ете колку да се покријат трошоците. Но да бидеме реални, доколку албумот има квалитетни песни кои се снимани на скапа опрема, има добар омот, на цд-то има штампа, и нема да ти се заебе после едно слушање на цд плејарот, тогаш вреди да се дадат толку пари. Оригинални ЦД-а во колата ги слушам веќе 2 години нон-стоп не се заебале, а ефтиниве но-наме, принко или слично (што се испод 9 денари), од едно слушање почнува да сецка како лудо и го фрлам низ прозор.
Па луѓе, неможе цената да биде иста на албум сниман на опрема од неколку стотини евра, и на опрема од неколку илјади евра.
И како што кажа Ронин, што се 500 евра ако се продадат 100 ЦД-а ? Размислете колку пари се вложени.
Поздрав!