Имаше едно место каде што бев среќен! Комплексот од стари и напуштени згради заедно со градинката во Хром! Местото што јас го нарекував "графити скул"! Немора премногу да ви објаснувам! Тука беа почетоицете на Струја, Стрес, Страјк - наречете го како сакате, сепак човекот е легенда! Не смеат да се заборават ни "троу апите" и "парчињата"на СРК или Ра, Вандал или Долар, Сенс или ЦСБ и сите останати што придонесоа ова место да биде какво што беше! Тука беа и моите почетоци! Еден од моите први графити! Не толку добар и не таков како што го замислував, но секој почеток е тежок! Но без разлика колку бев вешт со спрејот, се чувствував како во гето! Секако да Хром е гето, но тука чувството беше вистинско, како да сум во Бронкс! Го имав онa "олд скул" чувство! Но сепак ретки беа луѓето што знаеа да ја ценат хип хоп културата оставена, испишана на ова место! Едни од нив беа дечките од СВП! Некои кадри од видео записот за траката "Раперите се с'Трама" беа снимеи токму тука! Искажувајќи ја сета убавина на хип хоп кулурата видеото, а и траката се одлични! Но тука не застанувам со СВП или со Бренсис, да бидам поточен! Видеото поставено на неговиот канал "Зад аголот другарче - Прекрасно е да со рапер" само утше повеќе докажа дека има такви луѓе на кој им значи "графити скул" и воошто цел Хром! Зборувајќи за ова неможам, а да не ги поздравам и Римиски Масив", Длабока Трага, Паки и секако да не заборавиме на ветераните во рап школата, луѓето без кои рап музиката и хип хоп културата немаше да биде иста: Џака Накот, Пеше и Страјк! Всушност мојот поздрав е до сите: целата Легија, Алфа, ДНС Екипа и сите останати (се надевам ќе ми пристите ако некого заборавив).
Но да се вратам на темата т.е на "графити скул"! Никогаш нема да го заборавам тој момент, кога прв пат пројдов тука! Бев мал можеби 4то или 5то одделение! И во тој момент се почувствував поинаку! Се почувствував близок со рап музиката и хип хоп културата! Каде и да се сцртев гледав графит! А тука беше кошот на кој за прв пат "закуцав"! Уште еден среќен момент од моето детство, поврзан со ова место! И секогаш кога и да проаѓав низ Хром или пак одев до Влае или од некаде се враќав пеш накај Ѓорче морав да пројдам од тука, макар на момент! Се сеќавам на летните вечери, што ги преседов тука, на лулашките во градинката! Имам толку спомени од ова место, што незнам кој попрво да го напишам!
Хип хопот нема да умре! И јас верував во овие зборови! Но пред неколку месеци ја осетив болката и видов како хип хопот умира! И не зборувам за рапот и за некои "eмсиа" што прават рап за пари, зборувам гетото! Видов како се урна цел комлекс, цело "графити скул"! И како целиот мој свет да се сруши! Ретките слики и некои клипови можат да сведочат какво место беше Хром! Сега наместо уживање во тоа место има само кал, градежен материјал, багери и се останато што е потребно да се направат згради! И може ќе речете: ама во гето и треба да има згради! Но не! Тоа што беше тука, беше нешто посебно! Мало парче од опшитна "Ѓорче Петров", но со многу голема вредност! А сега го нема! Останаа само сеќавања...
Несмееме да дозволиме хип хопот да умре, затоа што тој е нашето срце! Ако него го нема и нас ќе не нема...
Поздрав: Непознатиот
http://www.youtube.com/watch?v=4IxgEuGUKg0