Xa0c - Јинг и јанг
I дел
Здивот на ладна ноќ, под пори кожни се зарива.
изложен на студ, со сила последна , залиха.
во зандани на умот окован - пред да заспијам.
тргаат сенки во бездна - нивни обид да заминам.
очај, зариен страв - тивко ја бранува крвта.
во мисли вирее немир - чекајќи повик од смртта.
го навлеков гневот - завива глас на адот.
мисли пелтечат- страв - наѕира тивко, крајот.
пред да замри здивот - решен, без да се колебам.
до смрт, крај на живот - досега, од детска колевка.
до пепел - со секој отисок, белег и трага
која остава спомен, да продолжат да ме памтат.
моменти минати - слики од се што проживеав.
пред да ме проголта смрт, во неповрат да исчезнам.
во тунел - кој на крајот нема светло.
само молк и мрак - кој ќе го засени денот.
спомен немилосрден - траги лишат заборав.
носат сомнеж во одлука, одвраќа и младоста.
пламенот згасна, одамна - свеќата е восок стопен.
сопки - трња и порази - сеништа од кој сум гонет.
на работ стојам сам, облак црн ме надвисна.
дожд истура, накиснав - време е да заминам.
тогаш, одекна глас - ме повлече наеднаш назад.
спокој - над мојот немир, се што не знаев - разбрав.
Рефрен 1:
Сам уморен - во страв, со мирисот на гроб и почва.
да привршам приказна - која со плачот ја почнав.
чекор до скалила гнили, кој во неповрат водат.
на работ на бездна - самиот на себе гробар. [2x]
II дел
Се вратив чекор назад - видов сосема доволно.
се што прашав - сфатив во нас е секој одговор.
барав смисла одамна, можеби конечно најдов.
пред да погледнам во себе, трагав одамна надвор.
на погрешни места - залута мојот патоказ.
мрак над мене надвисна - и ми засени насока.
денот утре непознат - спремен да го дочекам.
на нозе и за невреме - сепак ќе го победам.
кога сам си, напуштен - облаци штом те засенат.
кога мотиви тонат - ќе исплива сепак надежта.
барај искра - да пламне, огнот пред да згасне.
поглед упати напред - мотивот ќе биди најден
живот - синоним борба, радост и облак надвиснат.
секој трн и кал - со кој ти си се разминал.
се грбот твој, исправен - ако правилно толкуваш.
шансите чекаат будни - во облик на понуда.
товарот на грб налегнат - пат трња и болка.
решен да се исправам - макар и крварам, сопнат.
живеам за утре - жеден за секој предизвик.
да останам запомнат - во сеќавања нечиј си.
Рефрен 2:
Мракот гласник на падеж, но секој пламен - твоја надеж.
одзива ѕвоно на радост - треба да го слушнеш, најдеш.
стравот засенет од храброст, на нозе и во замор.
секој здив вдишан право - одзив е на борба, напор. [2x]
Снимена: Boom Records production 2011
Вокал и текст: Драган Милевски, Хаос
Инструментал: Интернет.
download: http://soundcloud.com/xa0c/xa0c-prod-boom-recordzСе надевам дека ќе ве бендиса.