Сега е точно : Maрт 28th, 2024, 12:43 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Само напред
ТемаИспратено: Jaнуари 12th, 2013, 4:09 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Авдуст 27th, 2012, 4:12 pm
Мислења: 11
Уште еден час и уште еден ден помина
И недела и месец цел и уште една година
Без намера за промена и не мисли на завчера
Но спомени непожелни на тоа те тераат
Сакам да слушнам, да видам, допрам и да осетам
Моменти стари и нови, но без желба да те повредам
Можа да се сетам, но со сомнежи дали вреди
Зошто тежи тоа што лежи и заебано е, нели?
Цела тага собрана и гледа спас во друго шише
Едвај памтам, да, но сега не знам ни дали дише
Сакам да заборавам, некако не сум слободна
Гневот силно ме потчини, не се осеќам слободна
Што се случи со срањето дека крвта не е вода
Луѓето зборат, мојот стар мора да не слушнал за тоа
Кога сонувам за одмазда, осеќам огромна радост
Немам храброст да кажам, да дознаат за мојата слабост
За оваа состојба пеколна, која ми ја изменува
Секоја молекула, душата ми е немирна
Чувството е толку лудо, ти го заебува менталитетот
Сака да ти го украде и убие идентитетот
Кога ништо не остана и последното чувство замре
Освен желба да опстанам, се прашувам понатаму каде?

САМО НАПРЕД !!!

Музиката е магија, не мора да ме сфатиш
Зошто не можеш да го осетиш тоа што најмногу ми значи
Не се грижи, океј е, само имај верба во мене
Како јас што имам во тебе и до крај на целото време
Љубовта ќе остане, чиста, недопрена
Душата исполнета, затоа имај доверба
Тешко е со страв за тоа што понатаму следи
Пробај барем затоа што животот за тоа вреди
Учам од твоите и моите грешки, надежта напред ме бодри
Во денови тешки само напред ме води
Низ омразата и гневот што се врзале во чвор
Па не мора да кажеш повеќе ни еден збор
Знам што може да натера
Возрасен човек да заплаче и да ја изгуби во животот цела вера
И сјајот и надежта и волјата
И желбата за да се продолжи со борбата
Ја носиме болката колку што можеме
Но понекад битно е да немаме за да допреме
До тоа што го сакаме, па верувај во молбите
И задржи ги солзите, заедно ќе продолжиме

САМО НАПРЕД ОДИМЕ !!!


_________________
So let me simply add that it's my very good honor to meet you and you may call me "V".


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 10 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап