Секој ден се будам меѓу истите четири ѕидови
Поминувам низ шитови само со стихови
Тврдокорни рап битови и металкор рифови
Ги претворам во зборови секојдневните мигови
Секој ден се будам изморена на истиот кревет
Иста перница и ќебе, во иста маица со deathbat
Иста главоболка, вртоглавица, истото чувство
Дали повторно го живеам истото утро?
Секој ден се будам подеднакво нервозна и бесна
Од сонување се тресам, сакам да урлам и врескам
Сакам да буткам и трескам од земја се што ќе фатам
Сакам да престане се, маките да си ги скратам
Но не би сакала да биде моето последно дело
Студено железо вперено во врелото чело
Или тесен јазол врзан околу мојот врат
Или скок без падобран од 13иот кат
Се наоѓам на работ спремна да направам чекор напред
Дали некој ќе ме запре, ќе ми помогне и даде
Смисла за постоење и причина за обид
Сите денови се исти, без разлика што се нови