Сега е точно : Maј 26th, 2024, 6:04 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Тоа што те плаши-тоа ќе те стигне
ТемаИспратено: Jуни 14th, 2009, 12:34 am 
Отсутен

Регистриран: Jaнуари 2nd, 2009, 1:03 pm
Мислења: 8
Локација: Te
Слушнав се плашиш од БОЛКА,
сам ме повика, па еве ме дојдов,
ко чадот низ градот,
во крвта, низ твоето тело пројдов.
Сега секоја клетка твоја, нахранета е со дел од мене,
сега си ко осамен лист, кој веќе почнува да вене.
Животот тестира, ова е една од многуте проби,
се напив од потта, што со малку мака ја здоби,
само да посакам можам, да бидам таа што ќе те здроби.
Што? Сеуште не знаеш која сум..Се прашуваш...Што е ова?
Ќе кажам само едно,
не сум напиток што можеш, да го внесеш преку уста,
влегов сама на својствен начин, во твојата внатрешност густа.
Си најдов убаво место, го одбрав срцето за почеток,
па почнувам да гризам, запомни краток ти е векот,
а сеуште не е смислен лекот, што ќе може да ме сотре.
Еднаш влегувам, останувам, се дур радоста не ме стопре,
но радосен момент, тебе нема да те допре.
За тоа се потрудив сама,
ќе паднеш на дното, во најдлабоката јама.
Предупредувам, нема да поминеш лесно,
напоменувам, сам си се уништи свесно.
Сега е тесно, другарите се само маски,
те оставија со мене, да чекориш по стари даски.
И сеуште се плашиш, гледам тоа те совладува,
веќе почнуваш болно да се чувствуваш, тоа те надвладува,
моето задоволство, врз твојата немоќ се насладува,
проблемот, со проблем се надоградува, тоа те згадува.
Ја изгуби и желбата да се разбудиш наутро,
знаеш мораш да ме погледнеш во очи, а тоа те кочи,
усто подобро молчи, зборовите ти се празни,
зар не ти е познато следново-секој ги отплаќа своите казни.
На тебе јас сум ти казна, во судбината записана,
навлегувам во твојата психа, која и онака е разнишана.
Владеам со тебе, ти стана мој заробеник,
се плашеше од мене, сега си мој поробеник.
И запомни-
тоа што те плаши-тоа ќе те стигне,
ќе те фати и можеби никогаш нема да те пушти!



Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 7 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап