Да бидеш вљубен знај тоа не е доволно
да те сакаат и тоа е малку
да враќаш љубов тоа е веќе познато
да ја задржиш цел живот тоа е потребно...
Си сакал знам од срце и тебе многу те сакале
си кршел срца што љубов ти враќале
за твои грешки трпеле и не се жалеле
да бидеш нивен за секогаш е се што посакувале
и ти ја бараш среќата ја тражиш во празнините
во различни срца ги бараш убавините
но во нивните само ги ствараш пукнатините
продолжуваш кон ново срце ,срце извини ме...
мотото ми беше ЖИВЕЈ додека си жив
секој ден нека ти биде животен мит
секој ден хит и разни срања ,шит..
да не беа тие нема приказна нема бит
пораснав сфатив љубов ми е потребна
од срце во срце работа станува здодевна
сакам да сакам не само ако ти ме сакаш мене
сакам да те сакам зашто ти си дел од мене
повредуваш во животот а животот ти враќа
и кога мислиш си го заебал дупло тој ти плаќа
но не со пари туку тага тешка ,сфаќаш
животот е коцка во коцка се дигаш и паѓаш
си мислев човекот само еднаш се раѓа
искористи го моментот под притисок не паѓај
едно,две,три,десет срца крши и не жали
сфатив направив глупост сега љубов ми фали