Keep goin’
Па зарем има некој на светов,
Што не паднал на тестот,
Што не почуствувал бетон,
Не бил мета на прекор,
И низ пекол некој има ли што минал лесно?
Како и да е – сите можеме и свесно.
Сите осеќаме бол,
Сите сме од крв и месо,
Што би било кога секој,
Би бегал од нешто.
Па неможе така вечно,
Нема вечно да вее,
Запомни – никој совршен не е.
Животот ти е највредното што го имаш,
Ако нешто зимаш – на кого му одиш на инат?
Со стонот брат на колку долго бегаш?
Нели треба да се вратиш назад еднаш?!
И што сега?..
Проблемот е поголем од вчера,
Бараш кеш да се вратиш во бездна,
И продолжуваш да бегаш до бескрај..
Незнам што планираш следно,
Но запрашај се – дали живот е вредно?
Неможе така вечно,
Ќе те однесе ветрот,
Касно е да превземеш нешто,
Чим те покрие снегот.
Така може секој,
Не си прв на светов,
Но дал е таа игра нешто,
Што го преживеал некој?
Немој! Дигни глава,
Верувај и јас патам,
Па сепак, можам да се справам.
Не е никому лесно,
Кога е бос по ледот,
Отвори срце – таму ќе го најдеш лекот.
Реф – Продолжи напред!
Не се предавај, не тони,
Дигни глава!
Можеш – колку и да боли!
Колку и да е никаков, преебан, беден,
Запомни – Животот е еден!
Кога ќе видиш дека венеш,
Веќе слаб си со време,
Не бегај од себе,
Така нема да си среќен,
Ништо потешко не е,
Од да не си свој веќе.
Разбуди се – надвор ден е,
Отвори очи пред да паднеш дете.
Везден бегство од нешто,
Не те води кон ништо.
Она што тежело и било вишок,
Пак ќе е исто.
Нема да се сврти листот,
Ако не се решиш за живот.
Тргни си го жигот,
Дур не си го разбрал вицот.
И не попувам, свати го ова ко совет,
Кога ќе го искусиш и мислиш сон е,
Нема назад, неможе од ново да почнеш,
Решението се претвара во најголем проблем.