Кога сонцето заоѓа, бурата доаѓа
Небото паѓа, исконска сила се враќа
Земјата потистната и светот се руши
Ова е вистината со која секој се гуши
Врати ме назад, кога бев за неколку дена помлад
Кога светот беше широк, кога му требаше пророк
Кој ќе ги води изгубените, отпишаните и лудите
Кој ќе ги насочи водите да течат по своја насока
Пророкот беше убиен, застрелан на овој ден
Кога соцнето зајде, кога бурата дојде, водата надојде
Се се сруши, облаците паѓаат како круши, нема ангели
Нема откривања на овие предели, се стивна и се подели
Како јаце светот напука, на два дела се раздели
Кој го предаде, самиот нож во грб си забоде
Сакаше да владее, но остана сам и сам ќе умре
Едните смачкани на една, останатите на друга страна
Залудна самоодбрана, кога пукна брана и водата изли
Сили зли или не, можеби е за добро оваа перење
Налетав на текст кој сум го напишал и решив да го испратам на форумов.
Пис
