Свои демони[Gjuro:]
Немаш, ни глас ни пристап, при совест чиста
ќе сфатиш кидна од живот блескав, на туѓа плешка
со бол, а прескап, момент, остав - чекаш прошка од раја проста
низ ова можеш ? па оди сам и онака боли, низ ноќи кобни
судни зори, без мотив подбив, од лица туѓи
си добивал нобели, но со некој и не вреди
дали се уште се цениш или сега само бледиш
како слика која, потајно ги губи боите
насликани од поетот, кој остана на својот сон
далеку од детство, кое сакаш да го имаш,
далеку од светот, се е апсурдно во него
сага, примаш само пораз, потсвесно во момент
незаборавен ни живот, и остануваш во спомен.
Рефрен:
Кога сами сме во бездна - уморни од се околу.
кога тивко, во молк - мислиш не можи подолу.
биди на нозе, цврст - можеш уште да се бориш!
нема крај, без борба - се до последни зори. [2x]
[Ха0с:]
Заробен од свој демони - тивко шепоти стравот
бараш изгрев по тунел, но ни блиску не е крајот.
проголтан од црни мисли и сенки на очајот.
очајно - барајќи излез - молчиш ти потајно.
обид последен музички како светлост над дното.
по секој пораз и трепет - кога си осетил горко.
кога слаб си за борба и од порази згрбавен.
кога надвор си свеж - а суптилно раскрварен.
без доверба, изгуби - полн со мисли негативни.
самиот на себе пријател - за проблеми свој лични.
неуспехот нечиј ти го гледаш ко свој пехар.
под наметка на страв - духовно кршлив како ребра.
сами, во нема соба - препуштени на студ и очај.
немаш поблиски од твоите, на друго се ти мочај.
исплукав мисли, болка од дно - до него пак.
бесот го искалив поетски, ќе се врати можда сам.
Рефрен: [2x]
[Ivche:]
Не ми е гајле кој ме мисли туку кој е со мене,
Радост тага да споделам така полесно е.
Мисли внатрешни тешки се чуствувам јас изменет,
Извинете за моите потези грешни не помислени.
Не знам зосто сум повлечен, по малку агресивен
Го чуствувам тоа одвнатре полека се шири
Дали ќе се смири се,со тоа што следи
Или останува времето само да си одлучи.
Земиго тоа што срцето мое го прескокнало,
Чуства растат без запирање,како да ги смирам
датум 16 во мене е врежан
незнам дали попусто нo барем јас се надевам.
Почит колку сакаш секој гледа, за себе,
Една љубов за сите но родителите пред се
Секој свои демони, мисли патеки
Не ме свати за ништо,гледам не ти е ни битно
Рефрен: [2x]
download:http://www.megaupload.com/?d=4WBELIJVwww.myspace.com/xa0tichen