За оние кои го немаат гледано.
Тетовирање - Содржина :
Дејството на филмот е сместено во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија (Мето Јовановски), кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.
Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот - комунистичкиот режим во распад - по една караница со сопругата (Љиљана Меѓеши) го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер. Откако им станува сомнителен на двајца полицајци кои го забележуваат на железничката станица, завршува во Истражниот затвор каде е подложен на „вербална и физичка тортура“ . Иако малтретиран од затворските чувари и вистинските криминалци и иако дел од една истражна постапка која непрестајно се одолговечува, невиниот Илија оправдано очекува да биде ослободен од причини што, покрај својата невиност, на негова страна го има и таткото на неговата жена, кој е познат адвокат.
Во меѓувреме, по еден од судирите, борејќи се за сопствениот живот во тепачка со криминалецот Љупчо (Александар Чамински) - кој потоа, не по вина на Илија, им подлегнува на повредите - обвинет е за убиство и е упатен на издржување на затворската казна. „Со тоа, односот меѓу сопружниците добива нова, дури и побогата димензија; миговите на посети од страна на неговата сопруга му даваат на Илија сила да истрае и да се бори за ревизија на процесот.“ Сепак, еден ден, Илија е вовлечен во бегството на затвореникот Змија (Јовица Михајловски) и, при тоа, убиен е од специјалец со куршум испукан во челото на сликата на Исус - истетовирана на неговите гради.
Поздрав!