леее не сум ја загледал темава ејј
South Park е најлудата цртана серија НА ПЛАНЕТАВА !!!!
Ги иам изгледано од 1 до 9 сезона, и од 13 новите...
Омилен ми е Cartman, како и на многуте...
видете само колку поопширно го опишале Треј Паркер и Мет Стоун (авторите) во споредба со другите...
-
Стенли „Стен“ Марш (Stanley "Stan" Marsh), заедно со неговиот најдобар пријател Кајл е „водачот“ на групата и најверојатно најнормалниот член. Стен е прилично чесно, зрело и добронамерно момче кое често ја изнесува моралната порака на крајот од епизодата. Деталите од неговиот живот се совпаѓаат со оние на Треј Паркер и затоа се смета за негово алтер-его.
-
Кајл Брофловски (Kyle Broflovski) е Евреин, иако не посебно религиозен; прикажан е како интелигентен, скептичен, понекогаш невротичен, но општо разумен и веројатно најморалниот член на групата. Во многу лоши односи е со Картман кој често го задева заради неговото потекло. Мет Стоун изјави дека Кајл го потсетува на себеси во од деновите на детството.
-
Ерик Теодор Картмен (Eric Theodore Cartman) е најпроблематичниот член на групата, често во конфликт со Стен и Кајл.
Прикажан како расипан, лицемерен, алчен егоистичен, манипулативен, непристоен, агресивен, а покрај тоа и антисемит, расист i сексист. Дел од неговите недостатоци можеби произлегуваат од фактот дека нема татко, па е разгален од неговата мајка која е хермафродит, наркоманка и проститутка, а тајно и порно-актерка. Картман е сепак многу паметен, со неверојатни способности за раководење и бизнис. Базиран е врз ликот на Арчи Бункер, протагонистот на некогаш популарната американска серија „Сите во семејството“ (All in the Family).
-
Кенет „Кени“ МекКормик (Kenneth "Kenny" McCormick) е сиромашно момче, секогаш во портокалов скафандер кој му го скрива лицето и му го прави говорот неразбирлив. Неговите пријатели сепак го разбираат и често од него бараат појаснувања на некои зборови кои не ги разбираат, најчесто вулгарности. Во првите пет сезони Кени умираше во секоја епизода, за повторно да се врати во следната. Во шестата сезона воопшто не се појави, а беше заменет со ликот на Батерс, а потоа е вратен и сега веќе ретко умира.
Еве неколку my own screenshots од екипата во други облици
[align=center]Сезона 5 Епизода 13 "Osama bin Laden Has Farty Pants"
Сезона 7 Епизода 8 "South Park is Gay"
Сезона 8 Епизода 1 "Good Times with Weapons"
Сезона 9 Епизода 13 "Free Willzyx"

[/align]