Последна ствар што очекував на рап форум, е да налетам на Zaitgeist
Да не ме сфатат погрешно теистите, али ако генерализираме, повеќето рапери се догматични христијани со крстови на врат, така да, јас како тврдокорен атеист, Zeitgeist на рап форум го сметам за прогрес.
Откога ги симнав, значи со месеци се кандисувам да ги изгледам. Од прочитани критики и изгледани фрагменти, можам да кажам дека Zeitgeist (заедно со вториот дел, Zeitgeist Addenum) е одличен документарец, го афирмира и аргументира чувството што го имаме сите, дека "позади завесата" има некој со моќ и пари, алудирајќи на американците, кои претендираат да си играат со балансот на моќ во целиот свет.
Опфаќа и почувствителни теми, како религијата(има квоти од Џорџ Карлин, што е закон еден тон), така што не би рекла дека е филм за секого, така да, ако лесно ви се вреѓа суетата, баталете.
А, ако сте за експлорирање на реалноста, масовната манипулација во повеќе сегменти итакодаље, Zeitgeist е правата ствар!