-Сократ: ,,Умни и морални се оние кои што знаат што е добро и тоа го прават и знаат што е лошо и тоа го
избегнуваат,,
-Платон: ,,Философија, одисеја на духот,,
-Питагора: ,,Филозофијата на животот не е само ars vivendi (уметност на живеење), туку таа е и ars moriendi
(уметност на умирање),,
Питагора: ,,Не мавај го кучето, во него го ја препознав душата на мојот пријател,,
-Robert Cody - ,,Имај храброст да живееш. Секој може да умре!,,
,,Сликата вреди илјада зборови,, (Стара кинеска поговорка)
Овие се од некои книги шо ги имам прочитано, ми се допаднале, па сум ги запишала:
,,Оние кои знаат - не зборуваат, оние кои зборуваат - не знаат,,
,,Кога мудрецот покажува кон месечината, идиотот го гледа само неговиот прст,,
,,Пријатните искуства го прават животот прекрасен, а болните водат кон созревање,,
,,Зборовите се само ознаки, не се описи на адекватната реалност,,
,,Оној ден кога ќе престанеш да патуваш, си стигнал,,
,,Ако некој те натера да поминеш милја, ти со него помини две,,
,,Од слободниот човек не може да се направи роб, затоа што слободниот човек е слободен дури и во затвор,,
,,Ако сакаш да бидеш маченичка, омажи се за светец,,
,,Блескавата тајна е чудотворната моќ на човечката потсвест, скриена во длабочините на умот во секој човек,,
,,Секоја мисла е причина, а секоја карактеристика е нејзина последица,,
,,Секоја доблест е вредна за пофалба.Љубезноста е доблест,,
,,Секој човек е капетан на својата душа и господар на својата судбина,,
,,Човекот е она што мисли дека е, не она што другите ќе му го кажат,,
,,Советот што му го давате на друг, си го давате себеси,,
,,Молитвата е искрена желба на човечката душа,,
,,Секој со глава плаќа, штом раката згреши,,
,,Познатото зло, помалку измачува,,
,,Староста е зора на мудроста,,