Нарко принцезата ја зацица жабата
Меѓу џанаците во Србија постои нова хит дрога, објавуваат медиумите од Србија и Хрватска. Комплетно достапна а дури 5 пати посилна од ЛСД. Се добива со лижење и цицање на крастави жаби кои психоактивната сустанца ја имаат во своите жлезди. Милина
Иако звучи како урбана легенда, Неделен телеграф пишува дека жабите се апсолутен хит меѓу поискусните наркомани кои се во постојана потрага по нови и посилни сензации.
И двата вида жаби кои живеат во земјата (Bufo viridis и Bufo bufo) во своите жлезди кријата буфотенин, психоактивна супстанца која е 5 пати посилна од ЛСД.
Жабата може да се молзе два пати дневно а "робата" трпи држење во фрижидер.
Велат, оваа дрога била особeно популарна меѓу интелектуалците бидејќи освен визуелните и звучните халуцинации им овозможува и онтолошки "просветлувања".
(tnx do _AntiChrist_ za ova)