Се повеќе и повеќе ме разочарува форумов. Наместо да ги спојте темите ја избришавте другата. Зарем не ги цените мислењата напишани на таа што некој се помачил да ги креира? Немаше лоши и оффтопик единствена сериозна тема на форумов е оваа.
Како и да е. Да донекаде навистина умира рапот кај нас.
А за тоа сме самите ние криви!
Ај прво да одговорам на прашањата во првиот пост на темава..
1. Во Скопје ретко има одзив на публика и така. А кога настапуваат групи од други градови и јас сум приметила дека присуствуваат само оние кои се познаваат со тие кој што настапуваат. Некако ко да нема доволно почит и респект.
Ок додуша има и се повеќе групи и соло артисти што нечинат како од другите градови така и од Скопје па на истите не ни очекувам да има нешто посебно публика пошто и јас не одам.
А за другите најверојатно е тоа така со публиката затоа што немаат сите ни слушнато за артистите пошто сепак друг град е во прашање, а кај нас неретко има онакви локални патриоти што сите остали ги сметаат за провинцијалци. А и повеќето се најверојатно слушатели само на тастатура а тешко во реалност. Но има такви како мене што не го слушаат Македонскиот Рап па најверојатно и затоа не идат, а сепак мислам дека треба да се оди ако не друго за почит немора кон артистот нека биде кон културата и нека биде за трудот што бил вложен да се создаде нешто а потоа и да се организира. Тоест реално незнам баш зашто нема публика но мислам дека се повеќе се намалува публиката доека не останат само тие на сцена што се.. Дека се помалку и помалку има квалитетни журки и затоа некако се помалку и помалку има и публика но и слушатели на Македонски Рап. Така да не верувам дека се прај квалификација - Скопјани и рапери од други градови. Туку - Рап и рап ама незнам можеби и не е така нека ме поправи кој знае.
2.Рапот во Македонија вистина тоне се повеќе. А зошто? Па можеби затоа што се повеќе и повеќе рапери има.. Чудно е да. Али се повеќе и повеќе има некој фејк емсиња што се баш од вчера во рапот. Слушаат само Стаклар и Тони Фен и преку ноќ станаа ХЦ. Неостварена желба им е да бидат рап ѕвезди со пички и коли. А сепак.. Рецитираат некој неквалитетен рап во домашно студио за уличен живот и во филм - Јас сум вистински, ти си тапа - Ќе ти ја скршам вилицата. И баш ради тоа што секојдневно се раѓаат и појавуваат на сцената вакви дечиња со спуштени фармерчиња и оние малку што останаа добри и квалитетни емсиња ги снема.
Тоест дел почнаа професионално да си прават спотови и да делуваат на некој начин ноншалантно. да го покачат својот тираж и по можност да останат хардкор. И на некој им успеа.
А останатите пак несакајќи да бидат ставени во ист кош со оние новопечени раперчиња престанаа да се замараат и трудат воопшто. Е да, има и фаци кој што имале неколку демо и квалитетни проекти а сега станаа дел од оние фејк фаци само затоа што нема каде.. Но нема веќе такви што се борат вистински за културата, што прават квалитетни журки, а истовремено и квалитетен рап. Па како да не тоне културата?
Култура не се гради само со публика, културата ја градат пред се квалитетните МСиња.. А кога има квалитет ќе има и добри слушатели. Денешната публика.. Оние што сега одат по журки не оние што одеа некогаш се по другарска линија или поретко дел од оние дечиња што немале шанса да влетаат во екипа па останале фејк публика на фејк Македонски МСиња.. Кога ќе има квалитет ќе се видат вистинските.
Денес едноставно секој сака да биде рапер. Секој мисли дека е нешто посебно ако почне да го живее она што го нарекуваат улица. И секој мисли дека треба да пишува хардкор текстови за да биде почитуван. Само има една работа.. Рапер може да биде оној што го разбира рапот, а не само оној што го слуша со сила. Тие што го слушаат со сила не ни знаат што слушаат. Улица се оние кои биле во животот принудени да бидат улица.. Улицата ќе ја засакаш кога ќе ја живееш подолго, а оние што станале преку ноќ улица ја сакаат зошто им е нешто ново и интересно.. И ќе ја сакаат додека не осетат како горчи улицата понекогаш. А хардкор текстови неможе да пишува секој. За да си емси не треба да си поет, треба да си рапер. За да се пишуваат квалитетни текстови требаат двете погоре наведени работи.
Да се разбира рапот, да се живее Хип Хопот. Да се има проживеано за да може да се твори за тоа. Да се твори за реалноста, не за соништата и желбите. И пред се, да се има талент. А и всушност залуден ти е текстот без квалитетна матрица и добар рецитал но некој не ни знаат што е тоа па не им е нешто битно. Затоа ја уништуваат оваа култура мислејќи дека ја надоградуваат и фурајќи се со неа после. Треба некој да ги срамни овие фаци. Треба квалитетот да го надвладее квантитетот за да се прероди повторно Рапот во Македонија. Немора да живееме Хип Хоп, само сакаме да слушаме квалитетен рап. И по можност да ни се створи желба за да слушаме наши производи, не само странско. Но додека имаме само квантитет ќе имаме и само странски артисти во плеер.
Рапот во Македонија е скоро мртов. Ако не се прероди наскоро нема да се прероди никогаш.
Единствено ме разочарува тоа што како тргнале работите некогаш овој фејк *рап* и овие фејк размислувања на тема - Хип Хоп Култура луѓето ќе ги сметаат за правилни. Што рапот и Хип Хопот ќе се сведат на оваа катастрофа што е денес барем кај нас. Значи она вистинското мислам дека сосема ќе се истреби. Се надевам дека нема но како што кажав ако не се превземе нешто наскоро.. Ќе останеме без оваа култура. Ќе бидеме приморени само да слушаме странски артисти.. И казнувани да одиме само по фејк џет сет журки ако не ни се седи дома. Јебеш га.. Сами сме си криви што им дозволивме на фејкерите да се протнат, па и што е уште полошо да успеат да стекнат исто таква фејк слава кај некоја одредена фејк публика. Треба да сватиме дека е ова вака за да можеме да превземеме нешто, а се надевам дека дотогаш нема да имаме купено ковчег за на погреб.