Исклиширан муабет, ме мрзи да ги читам сите мислења, може моето мислење ќе се поклопи со нечие, но како и да е.
Жими ја, не сум ни приближно компетентна да зборам за рап, али се регистрирав на форумов само ради темава.
Морам да почнам вака, каде разграничувате комерцијала со андерграунд?
Ако се водиме најгенерално, моментално рапот е таман, само уклучете телевизор, троа Зенови, Слаткари и такви фаци, така се класифицират. Не дека се малце луѓето што нив не ги поштуваат, но пола од нив (луѓето што не ги поштуваат) се водат по махинацијата да бидат андерграунд, кул и tr00, што стриктно исклучува телевизор.
nyx Напиша:
Зашто кога има рап журка во Скопје организирана од групи надвор од тој град, нема скоро никаква публика од Скопје?
Ова е ради дефицит од реклами и (не)информираност, ништо друго.
Принципите ни се делумно контрадикторни, кога некој го знаат повеќе луѓе, станува комерцијала, срање, нели... Овде нема многу рап артисти, па верувам дека барем повеќето би сакале од време на време да видат и нешто ново/непознато, пример од друг град, или па на крај краева да кажат дека биле на "рап дешавка" or whatsoever.
Според моиве познавања, индивидуалната проценка на квалитетот на рапот е речиси еквивалентен на неговата тематика, Слаткар(ќе ме тужи човеков, али најкомпетентен пример е) си збори за шопинг со неговите, со негов речник, пички, а Str2 си пеат за нивните општествено социјални, финансиски, или какви и да се, бедови. Луѓето од публиката ќе се придржуваат до тематиката што им е поблиска (јасно е што е доминантно, нели). Тоа по извесни принципи докажува само колку е рапот андерграунд(мада звучи иронично), и јас радо би настапувала пред дваесетина души што ми ја разбираат музиката, отколку пред две илјади нафурани тинејџери себелабелирани како рапери *смајли што повраќа*.
Овде веќе преминав и на второто прашање на авторот на темава.
nyx Напиша:
Зашто рапот во Р. Македонија наместо да се издига на повисоко ниво тоне во калта се подлабоко и подлабоко? (се мисли на тоа дека нема нови и квалитетни изданија , нема оригинални цд-а албуми итн.) ?
Јас повторно да ја потенцирам мојата воопштонеинформираност околу оваа музика, комотно поправете ме ако грешам, али нели рапот у срж треба да биде хардкор, пред сè идеолошки, па пак ќе се навратам на тематиките, идеологијата со себе мора да повлекува и вистина уште од самите почетоци. Не би имало смисла артист што си рецитира за реалноста(муките) во негов живот или општеството, да вади платинести изданија со беспрекорна продукција. Тоа се случува во поп/комерцијалната музика.
Зборот ми е, сметам дека рапот е таман и моментално е таму каде што треба да биде, само мала, али соодветна пропаганда нема да му штети.