Горчлива тема, не за џабе рекле старите колку ќе платиш толку музика ќе има..Да не се повторувам со другите мислења, ама горе долу ми се слични..Еве со мене што се дешава..Снимив две траки кај Тец, Ошав Продукција заедно со Нерв (од Парадокс)!Квалитетно студио, се во ред..Добро испродуцирани двете траки што ги снимив таму..Два месеца снимивме две траки..Секој месец јас требаше да издвојувам минимум 2000ден(не велам дека беа многу за трака,ама кога ќе ги немаш) за да дојдам еден ден во Скопје, па да снимам, па патни трошкови, па ќе земеш нешто за јадење, спиење ми беше обезбедено ама сепак не можев да го издржам тоа темпо и откажав, остана Нерв и Горан сами, бидејќи не бев во можност постојано да патувам и да се снаоѓам со кеш, а тие не беа должни да ме чекаат мене за да си ги снимат траките..Се имаат приватни трошкови, факултет,престој, јадење ова она и тие 2000ден ми беа барем мене премногу за збирање, па откажав
Не дека не сакам туку дека бев приморан..Сега со овој ваучеров од владата зедов компјутерче, па ќе се снаоѓам некако со микрофон, па Нерв ќе ми ги испродуцира(колку што ќе биде во можност да го стори тоа), и ќе плеткам нешто..Без борба не треба никој да се откажува, никој не треба да се предава..Ако си упорен се ќе се среди..Сакам во моево градче да створам одпрво домашно студио, каде има неколку дечки што ќе помогнат и ќе се потрудам да направам каква таква сценичка во моево градче,иако е мало но сепак за ништо не го менвам..Се ќе биде во ред..Ако имаш желба, ќе усовршиш и стил, и начин на рецитирање!Како викаат, 99посто е работа а само 1процент е талент!Така да лајф гоуз он...