Што се ДЏ Конфигурации?
Тоа е збирот на хардвер - софтвер потребен за една ДЈ изведба, дали тоа е во живо, дали е дома или снимање на некоја компилација (mixtape), ремикс итн.
Кога би земале во предвид една генерална поделба би можеме да ги поделиме ДЏ конфигурациите на две категории, Стандардна и Хибридна.
1.Стандардна Конфигурација
Стандардна конфигурација се состои од 2 или повеке така наречени декови (decks) и миксер.
-Дек е изворот на музика: грамофон, CDj итн.
[align=center][/align]
-Миксерот е централната конзола на која се приклучени дековите, која контролира кој дек дава колку звук, која може да го моделира звукот со различни EQ поддесувања или ефекти, чија главна функција е миксање на два или повеке извори на звук за континуирана непрестајна музика, без паузи измеѓу.
[align=center]
[/align]
Веке подолго време како клубски стандард се смета два грамофони и 2-каналска миксета но во повеќе наврати може да забелжиме секакви различни конфигурации. Како хип хоп стандард е земен првиот пример кој можеме да го видиме на ДЏ битките / шампионатите (DMC, ITF...). Поркрај основните елементи можат да се додадат и микрофон, клавиатура, ефект процесори, ритам машини итн.
[align=center]
[/align]
2.Хибридна Конфигурација
Со напредоккот на дигиталната технологија, ДЏстворо соодветно напредува и се менува, се почесто го вметнува дигиталниот музички запис. Во последните неколку години се појавија многу нови системи кои ја применуваат дигиталната музика како стандард. Предноста на овој нов начин на ДЏство е достапноста и портабилноста на музичкиот запис.
-Како најосновен пример би го земале компјутерот со ДЏ софтвер на него. Софтверот служи како емулатор на стандардните ДЏ конфигурации, заменувајки ги дековите со виртуелни декови и миксетата со виртуелна миксета.
[align=center]
[/align]
-ДВС ситеми, кратенката доаѓа од Дигитални Винил Системи. ДВС ситемите се сметаат за голема револуција во ДЏ индустријата. Бидејки стандард за ДЏство веке повеке години е 2 грамофона и миксер, неколку компании успеаа да го инкорпорираат дигиталниот запис а сепак да ја задржат контролата на грамофоните. Поконкретно преку употреба на специанилни винили (плочи) така наречени Сигнал винили, движењето на плочата контролира плејбек на дигитална снимка. Како е тоа можно? Сигнал плочите содржат константен звук (сигнал) кој е преведен потоа во дигитален преку така наречените ДВС интерфејси, кој потоа му дава инструкции на софтверот во кој правец и со која брзина да го движи звукот. Освен едноставното пуштање и миксање на песни овие системи многу добро го емулираат вистинското скречање, што е и причина да бидат високо прифатени кај хип хоп ДЏите. Покрај сигнал винилите постојат и сигнал ЦДја кои можат да бидат употребени и со CDJs.
[align=center]
[/align]
[align=center][youtube]http://www.youtube.com/watch?v=OCkw7CV_6Ko[/youtube][/align]
-Дигирални Контролери. Дигиталните контролери служат како некој вид на тастатура да речеме кои се директно и дигитално врзани со компјутерот. Преку контролерите може да се емулираат дековите и миксерот но за разлика од едноставното користење на ДЏ софтвер и маус + тастатура, овој начин на манипулирање е од по интуитивен вид, самите контролери може да изгледаат на CDJs или пак да имаат површина слична ма грамофон за да го доловат чувството и прецизноста.
[align=center]
[/align]
[align=center][youtube]http://www.youtube.com/watch?v=K7d0-pAuZOU[/youtube][/align]