Сега е точно : Aприл 27th, 2024, 5:29 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна Предходна  1, 2
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Re: R.I.P. Guru
ТемаИспратено: Aприл 23rd, 2010, 5:53 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Октомври 2nd, 2008, 9:53 pm
Мислења: 753
Локација: Кисела Вода, Скопје, Македонија
R.I.P Голем човеку ! Еден од оние кои направи многу за самата Хип Хоп култура а не само рапот !!! Вистински пример !!! Само земете за пример Jazzmatazz - вистинско ремек дело..!!! И не би било убаво да трачариме...што и да направил е негова работа..и е завршена..затоа..нека му лесна земја..и со сигурност тврдам дека неговите дела ке останат уште долго !


_________________
Hip-Hop nije fraza koja se pise. Hip-Hop je razlog radi koj ja disem. Rap is what we do. Hip-hop is how we live!!!


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: R.I.P. Guru
ТемаИспратено: Aприл 26th, 2010, 1:28 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
Отиде уште еден ЧОВЕК-ЛЕГЕНДА :(
Почивај Во Мир, Гуру!

Многу ми беше и сеуште ми е жал што распадна групата GangStarr.
Тоа беше неверојатно дуо, симбол за вистински рап... Хип-Хоп Икони... МС Гуру и ДЈ Премиер.
Истотака премногу го сакам Jazzmatazz серијалот. Гуру е човек којшто не научи дека Рапот и Џезот се она Вистинското, Животот!
Ни понуди перфектна комбинација со одлични гости...

90-тите години на Рапот цветаа со Гуру, тоа е факт!

Му благодарам многу за неговите дела и криво ми е многу што не успеав да бидам присутен на барем еден од неговите настапи....

Тоа што е напишано во писмото и реакцијата на ДЈ Премиер (ако воопшто беше тоа негова реакција :?: ) исто така ме зачуди... Не знам што и како било, тоа тие (Гуру и Примо) најдобро го знаат. Медиумите ги тераат работите по нивни правец за да заработат повеќе од „простата“ маса, тоа е факт.

Во писмото пишува Гуру дека не сака да биде поврзан со Примо за последните 7 години (значи во неговата биографија од 2003 до 2010 да не биде спомнато името ДЈ Премиер за било што, бидејќи очигледно тој не постоел тогаш за него :roll: )

Тоа е тоа... :(
Животот дава и зема.

_________________
http://www.myspace.com/SpeciaListMK

„Или ќе чекориме заедно, или ќе умреме како робови“ АГО


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: R.I.P. Guru
ТемаИспратено: Aприл 26th, 2010, 1:45 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

Регистриран: Maрт 26th, 2005, 4:17 pm
Мислења: 2628
Локација: ваму таму
Писмо од ДЈ Премиер:

„Беше тажен ден за мене кога ја добив потврдата за смртта на човек кого ќе продолжам да го викам мој брат, Кит Елам, попознат како Гуру на легендарните Gang Starr.

Од 1988-2004, доживеавме толку многу заеднички успеси што можевме да ги прошириме нашите бизниси независно еден од друг и меѓусебно да си го дадеме она што GURU го викаше "креативна дистанца", пред да се обединиме за нашиот 7ми албум кога времето ќе дојдеше. За жал, ние никогаш нема да дојдеме до тој ден.

Беше побарано од мене да го коментирам писмото во кое се говори лошо за мене, а кое наводно било напишано од GURU во неговите последни денови. Се што ќе кажам е дека времето кое го поминавме заедно беше прекрасно, заедно изградивме хип хоп наследство и никој не може да го промени ни тоа, ни мојата љубов кон него. Последната работа што би ја направил е да си играм со вистината за неговиот живот.

Ќе го славам животот на Guru. Ќе го чевствувам сеќавањето за него. Ќе жалам со семејството Елам за неговата прерана смрт. Ќе ја паметам групата/фондацијата Gang Starr и сите оригинални членови на Gang Starr кои биле пред мене. Сите се знаеме меѓусебно. Најмногу ќе го ценам сето тоа што го создадовме како Gang Starr, засекогаш. Ќе ми недостига неговиот препознатлив монотон глас кога влегува во соба, но неговите песни секогаш ќе го враќаат истиот тој глас кај мене... Неговото флоу на рецитирање беше лудо, и никогаш нема да го отстранам од моето срце и душа... Нека почива во мир човекот кој наоѓаше „SATISFACTION FROM THE STREET CROWD REACTION“... I love you Goo… DJ Premier.“



Според коментарите на светските хип хоп медиуми, ова е најискрениот говор досега по смртта на Guru. Сите сметаат дека ова е начинот на кој треба вистински да се раздели најмирољубивата хип хоп група во светот. Што се однесува до неговиот сегашен партнер (на Guru), Solar, никој не покажува емоции кон него. Едноставно, околу човекот се вртат многу контроверзни случки. Прво се тврдеше дека пред операцијата (и по неа) на фамилијата на Guru не им дозволил пристап до болничката постела, потоа дека го искористил за своја слава (и дека сеуште користи од неа), па дека се во љубовна врска со Guru, и што не друго. Вчера Солар излезе со соопштение во кое ги отфрла сите вакви тврдења.


Извор: http://www.hiphopmacedonia.com/vesti_mk.php?id=354

_________________
http://www.myspace.com/SpeciaListMK

„Или ќе чекориме заедно, или ќе умреме како робови“ АГО


Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: R.I.P. Guru
ТемаИспратено: Aприл 26th, 2010, 11:09 am 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Jуни 14th, 2008, 5:05 am
Мислења: 184
Локација: право па лево
http://www.youtube.com/watch?v=3IoPeNC4k_0

RIP

_________________
Фрлам шурикени како да се пенкала!


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ]  Оди на страна Предходна  1, 2

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 46 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап