..Ми текна на деновите кога почнав да слушам рап..
првата трака која влезе во мене беше трака од 2pac..да..
од тогаш па се до денес рап ми е во вените..
широки панталони долга мајца боде в очите на постарите..
не ми е гајле што мислат тие ја си фурам свој сон..
се што ми треба денеска..е еден бит и микрофон..
Се сеќавам слушалките во уши лист и молив пред мене..
Смислував смешни текстови..на кој и самиот се смееев..
никој не ми велеше продолжи можеби ке успееш..
сите велеа одкажи се од рапот..со тоа неумееш..
многу пати посрамен..многу пати пофален..
со првата трака..знаев од светот ке сум одделен..но ми појде..
една од траките стана вистински хит..
ми велеа добра е траката..нема везе што си земал бит..
се оделив од нормалните..станав хип-хоп зависник..
беше тешко кога бев сам..но најдов истомисленик..
почнав да пушам трева..да се пијанчам ко стока..
од нектар сокчиња..прескокнав на вотка..
секој ден нови текстови..секој ден нови рими..
после неколку траки..и спот снимив...
не е битно дали екстра..или е навистина многу лош
сепак се гордеам со тоа...тоа е првиот спот..но..
подоцна пробаа да ме бутнат...но сватија дека неможат..
бев спремен за втор удар..но несакаа да продолжат..
сега сум на врвот мамо малиот Аце стана МС...
порано плукаше по мене..а сега се гордееш што сум ти син..
поздрав...