" Таксират ќе се одвива во текот на седум вечери, од кои главната вечер ќе биде завршницата, на 17 декември во Скопски саем, со Фолтин, Едо Маајка (БиХ), Дисиплина кичме (СЦГ), Кирил, Дестракшан (Германија), Голди (Велика Британија) по цена од 600 денари. "
А еве го и целиот артикл од Вест:
Цитат:
Таксират е една широка платформа на изразување на уметници од многу земји, а овој пат таа привилегија ќе ја имаат навистина силни имиња кои од поодамна стекнале публика кај нас, како Кирил Џајковски, Фолтин, Тони Китановски, Черкези, Суперхикс, Бла, бла, бла, Едо Маајка, Рамбо Амадеус, Дисциплина кичме...
Таксират ќе се одвива во текот на седум вечери, од кои главната вечер ќе биде завршницата, на 17 декември во Скопски саем, со Фолтин, Едо Маајка (БиХ), Дисиплина кичме (СЦГ), Кирил, Дестракшан (Германија), Голди (Велика Британија) по цена од 600 денари.
Но, манифестацијата почнува в сабота, на десетти декември во МКЦ (150 ден.), од 19 часот- со фестивалот “Лузер фест”- на главната сцена Боргот- Скопје, Тил- Нови Сад, Коза Мостра- Софија, Небо- Битола, Хадр фасед- Охрид, Новиот почеток- Скопје, Кежуал Елвис- Загреб, и на споредна сцена - Дј Роботс и пријателите.
На 11 декември во 18 часот во киното Фросина ќе биде прикажан филмот "Шампионите од Шутка". Билетот е 120 денари. Истиот ден од 20 часот во МКЦ (150 денари) настапуваат "Форбиден ејпл", Тони Китановски и Димитри од Чаир и Черкези, Бла, Бла, Бла, Диџеј Соко (Германија).
На 12 декември (МКЦ- 200 ден.) се Нексус од Ресен и Рамбо Амадеус од СЦГ. Програмата на 13 декември, во МКЦ (200 денари) е посветена на "Азра" и "Екатерина Велика".
На 14 декември во МКЦ (150 ден.) се АДД - Гевгелија- ПМГ Колектив, Работам на случајот, Роботек, Мугер фугер.
Ноќта на 15 декември е насловена како реге-панк-скај. Од 20 часот (МКЦ 150 ден.)
настапуваат Промашена инвестиција-Битола, The TSC Hebberwooks grove (Австрија), Суперхикс.и Глоријан (чии песни се појавуваат екслузивно на оннет). Главното е, на 17 на Скопски саем.
Дел од содржините на Таксират 007, чиј организатор е Литиум рекордс, ќе бидат спакувани во ТВ емисија што ќе ја подготви и прикаже музичкиот канал Ем Ти Ви Адрија.
Постфестивалските журки се закажани за во "Ескејп "(Нова железничка) и во Џубокс.