Ај да го сефтисам. Самошто стигнав од Струга, капната, преуморна ама МОРАМ И МОРАМ да го искоментирам овој неверојатен настан.
Значи:
1. Една од НАЈНАЈНАЈНАЈЛУДИТЕ ЖУРКИ на кои сум била. Едноставно, срце ти скока од радост што ги гледаш и слушаш највештите емсија во Македонија на едно место, а и од возбуда и од премногу адреналин и ендорфин
2. СТР2 Р А С Т У Р И Ј А !!!!!!! Момците ја имаат и ќе ја имаат мојата најголема почит и поддршка, зошто нивниот рап е ТОКМУ оној кој јас го сметам за еден од најквалитетните. Страјк, неверојатен на сцена, на Блажеј му го сјебаа микрофонот, ама тоа не ја спречи „Населба“ и останатите траки да се рецитираат беспрекорно. Совршено.
3. Green Out се приказна за себе. Исто така, успешна приказна. РНС е мајстор. И друго нема тука што. Малце ми беше жал зошто сакав да ја слушнам „Фрекфенции“ во живо, ама нареден пат се надевам. Огнен инаку многу ми се свиде, талентиран beatboxer.
3. Шлагот на крај, САФ. Нашата хип хоп гордост. Хип хоп кој едноставно не можеш да го заборавиш така лесно. Одлично, Piks, одлично Гоце, а Смилен, хаха закон бе
Луда журка. Јас, иако немав веќе крв во жиливе и воздух во дробовите, завршив во 6 наутро на автобуската, пишувајќи еден текст за кој бев инспирирана од Фонетика Хип Хоп сцената. Уште еднаш, момците ме потсетија дека мора да правиме квалитетен рап, да бидеме патриоти и да се сакаме и чуваме, без оглед на се, односно, дека ХИП ХОПОТ Е НАШАТА ЗАЕДНИЧКА ЉУБОВ.
Јас ви благодарам