Од дирекцијата на Таксират ги најавуваат првите три настапувачи на јубилејниот 10-ти по ред фестивал. Тоа се ‘Д Рутс (The Roots), Свајзак (Swayzak) и Суперхикс!
Бендот од Филаделфија кој има 7 (седум) номинации за Греми и е добитник на еден ист таков златен грамафон доаѓа во Скопје. По промоцијата на последниот албум Рајзинг Даун (Rising Down) на крајот на април, ‘Д Рутс (фото 1), заминаа на турнеја, а кај нас се на 29.11 во Метрополис арената на скопскиот саем. ‘Д Рутс работат над 20 години, а имаат издадено осум албуми.
Соработувале со, Ерика Баду (Erikah Badu), Џеј Зи (Jay Z), Снуп Дог (Snoop Dogg) и многу други. Влијаеле на речиси сите хип-хоп артисти, но и на алтернатирни бендови од секакви жанрови. Својствени им се живите настапи каде што ‘Д Рутс всушност го користат тајното оружје. Последниот албум е набиен со енергија и е полн со политички револт. Настапите им се силни и бескомпромисни. Не е случај што токму ‘Д Рутс традиционално ги водат џем-сесиите на официјалната забава која се одржува пред главната Греми вечер...
______________________________________________________________