Во среда (26 август), со почеток од 19 часот, во битолскиот кафе-бар Интермецо екипата на Хип Хоп Македонија ќе одржи предавање кое ќе биде насочено кон проучување на хип хоп културата од поинаква гледна точка. Предавањето ќе биде интерактивно, со можност посетителите да се вклучат во дискусијата, и е дел од манифестацијата Битола - Отворен Град.
Сето ова е направено да им се даде шанса на обожавателите на хип хоп културата да ги искажат своите ставови и да бидат слушнати од пошироката јавност, а не само од своето поблиско друштво.
Предавачи се Александар Ковилоски - Алек, Славчо Ковилоски - Профо, со поддршка од DJ G-Kidd.
Сите заинтересирани за овој нов начин на практикување на хип хопот можат да го посетат посоченото место. Се гледаме таму!
http://www.hiphopmacedonia.com/vesti_mk.php?id=149