Помина и ова случување, некои беа задоволни, а пак некои не - ако имаше некој таков
. Според мене се помина одлично, целокупната организација и план на одвивање на работите се исполни, а публиката беше цело време задоволна. На едно место се собраа највлијателните луѓе од оваа сцена, и беа наградени соодветно. Ова е како повод и причина за сите артисти во 2010 година да работат повеќе и да вадат се поквалитетни материјали од нивните продукции, за наредната година да имаме уште поинтересно шоу. И организаторите се уште позадоволни од најдобрата публика на настанот, а и самата посетеност. Се слушнаа некои дезинформации дека изведувачите си ги платиле картите, и го нагласија тоа како срамота за организаторите. Тоа не е вистина. Не може изведувачот да си ја плати картата - тоа е правило. Целата фрка беше за еден бесплатен влез на секој артист т.е тој да може да внесе некој без пари. За жал тоа не зависеше од нас, поради многуте изведувачи локалот реши да не го дозволи тоа. Покрај тоа се случи и промоција на албумот на Парадокс, кој можевте да го добиете на самиот влез, и да го преслушате пред почетокот на македонските хипхоп награди. Јас ве прашав на настанот но сега ќе ве прашам пак. Дали сте си поминале друг пат поинтересно и повозбудливо ?
. Поради вашата заинтересираност, овој настан преоѓа во традиција, па во 2010 ќе бидете изненадени со уште подобро шоу, на вас останува да не следите и да се информирате за овој настан на
http://www.hiphop.mk и
http://www.hiphopmacedonia.com.
Еве ги и победниците во категориите:
- Најдобар дебитант (или млад артист): ХипХоплетика
- Најдобра продукциска куќа: ДНС Продукција
- Настан на годината: Легија - концерт во МКЦ (февруари)
- Најдобар битбоксер: Кртот & Огнен
- Најдобар DJ: DJ Славе
- Најдобар спот: Рецензија - ДНС Екипа
- Најдобра песна: Ти треба срце – СВП
- Најдобар албум: Од Против Сите до Легијата – Легијата
- MVP на годината: Легијата
Првите Македонски хипхоп награди ви ги овозможи - Hiphopmacedonia.com, Hiphop.mk, Ошав продукција, Арена Рекордс, Play HipHop и BoomBox.
Превземено од http://www.hiphop.mk.Има некој шо бил да дади лично мислење за ова? Зарем никој не беше?