Во новата 2010 година честа да го издадат својот деби-албум ја имаат Деки о2 & Страчка. Албумот го носи името "Во секој поглед" и е продукт од снимањето на песни во 2008 и 2009 година. Овој проект го работеа тројцата продуценти на Хипхоплетика: Далтон, Master Yo и Баже ДСЦ.
Промоцијата ќе се одржи на 8 јануари во скопскиот клуб Хавана со почеток од 20:30 часот. Влезницата е 150 денари, а со неа гостите го добиваат албумот гратис, плус mp3 CD од Хипхоплетика (на кое се наоѓаат песни снимени од 2005 до 2009). Освен овие две парчиња што ќе ги добијат присутните за 150 денари, самите изведувачи - Деки о2 & Страчка ќе се претстават со свој мини настап, а воедно со неколку песни ќе настапат и останатите членови од Хипхоплетика. DJ кој ке ја загрева атмосферата ке биде DJ Drazzy, кој е DJ на Хипхоплетика.
Колку за потсетување, групата Хипхоплетика, чии членови се Деки о2 & Страчка, се добитници на наградата за најдобар дебитант во 2009та година.
Членовите на групата ги покануваат сите заинтересирани за добар хип хоп да го посетат местото на настанот!
Извор:
www.hiphopmacedonia.com