Абе ја имам клипови ама од моб. - значи дизастер, ни се гледа ни се слуша нешто, плус и бев на сепарињата у далекуто:)))
се слушаше ама мн малку видов. пики сипи не ме бендиса туку речи ич. мислам, очекував многу повеќе од човек со толку долга кариера. многу повеќе - во смисол на квалитет. не повеќе песни, туку подобар настап. после втората песна, немаше душа да прдне, а не па да рецитира. што е и до негде нормално, а штом е тоа нормално, тогаш уште понормално е да си земеш еден дечко за испомош...па ваљда толку планиран настап не те фатил изненада па да си немал време да организираш барем еден со тебе горе да ти помага. зошто се качуваш сам кога знаеш дека нема логика 15 песни сам да ги рецитираш од почеток до крај, па ќе ти варира бојата на гласот, па ќе летаат недоискажани зборови, ќе се прерипуваат по 2-3 стиха...мерак имав за сите песни што беа изведени, и затоа си поминав мн добро, ама пики сипи повеќе се посрамоти отколку што ја расипа забавата. не може да се расипе забавата со тие песнички, барем не мојата. така е кога не се работи редовно, а се сака камбек. да не беше уникатот од позадина именуван како диџеј Гоце, најверојатно ќе фрлаа патлиџани на емсито.
се надевам дека овој состав нема да гине со "fade out"...ама сака работа, рецитирање, вежбање ет сетера, ет сетера...
оечкувам уште добри журчиња да се празниме на креативен начин
почит
мир!
п.с. знам дека прашањето беше дали има слики и клипови, од кај мене - нема, ако најдам нешто ќе ставам, ако има некој нека обеси нешто...
out