RaP-RiVaL Напиша:
Не знам дали те сфатив ..
Али како и да е неможи секој да биди продуцент, така да имаш избор.Снимај дома , снимај во студио. И двете пари коштат.
Искрено, мој совет.
Убаво е да почнеш сам да продуцираш дома колку барем да поднаучиш или да добиеш идеа за музиката и звучни бранови во глобала и да снимаш демо траки колку да се чуеш како лежи некој текст, рецитирање на ритам, дали брз или спор, тип на инструменти итн...
За снимање ефтини демо снимки не ти треба ама ИЧ пари, еден скапан микрофон од пазар и секоја он-боард звучна денес повеќе од доволна ќе ти биде која е вклучена во сите стандардни ПиСи конфигурации. Значи ова го кажувам за луѓе што почнуваат, немој да се сметаш најдобар уште од прва песна и биди малце објективен коа си го оценуваш твоето дело, пробувај да се подобруваш секој нареден пат, мој совет дај други да чујат и да ти дадат искрено мислење.
Јас лично така почнав, правев демо снимки дома на скапам лап топ со микрофон од 600 денари од пазар, имав демо снимки материјал колку за цел албум земено во минутажа. За почеток почнав со Frooty Loops и Sound Forge, два прилично лесни програми за користење, после извесно време користење на тие програми почнав и да учам Cubase. Пробував секој текст на два, три различни инструментали да видам на која брзина, каков стил највеќе одговара и за текстот и за флоуто. После бааги време бафтање со демо снимки, снимив прва студио трака, со текст извежбан на 4 различни инструментали и преработен 100 пати, за подобар да биде.
Ако после ИЗВЕСНО ВРЕМЕ сваѓаш дека те влече продукција, сметаш дека имаш барем основни знаења за звушчни бранови, инструменти, pug-in ови, и сметаш дека има ПУН курац ствари кои би сакал и си одлучен да ги научиш за продукција тогаш се исплати да размислуваш да инвестираш во опрема. Иако знаењето и љубовта кон тоа што би го продуцирал е битен детаљ, сепак треба да имаш за кого да продуцираш освен самиот себе, начин барем да добиваш некој кеш со кој ако не да вратиш првичната инвестиција барем да имаш за идни надградби да обезбедиш. Фрлање тон пари за опрема онака е далеку поголем трошок и време него што да снимиш трака кај некој со веќе поголемо искуство, подобра опрема и репутација за тоа што го работи. Размисли убаво дали продукција е тоа што сакаш да постигнеш и дали ти фаќа уво за продукција уопште или пак примарна цел ти е да рецитираш и да станеш MC. Од тоа зависи дали парите ти се добро и паметно потрошени.