MC Напиша:
Широки познавства, на настап полна бина,
се исполнува љубов во оваа околина
преферирам средина, ни лево ни десно
пред мене Ривал, позади Принцесс - пак сум у тесно.
Полесно ми е кога Ќуринов е на работа
се дриблавме на фристајл, уфф бев на работ ја.
Еден против сите, знајте ве кинам трите
остај ме да го дочитам Вест-ов, ти читај Емитер.
Пред два стиха кажав трите, а требаше тројцата
двајца мажи и плус принцесс, хах, ми требаат очила.
Слеп сум брат, ослепев од компјутеров грд,
Хардкор сум, тврд, брат, сум подземен ко крт.
Уствари немора да си underground за фристајл да маваш,
доволно е кога ќе ти побараат да даваш.
Ај ти давај, а јас ќе збирам партали,
ме поштуваш, а у себе пцуеш... така ли ?
Се шалиш ти, а јас се трудам да бидам озбилниот
нека продолжи некој поискусен, мене ми ѕвони мобилниот!
Епа брат трчи јави се, може некој ти бара, дај му
а знаеш кој дава кога му бараат, па тоа знае и мајмун
за очила не знам, ама ти треба граматика
ти треба основна вербална воена тактика
сакаш да војуваш со зборови, мешаш жанрови полови
ете и очите ти страдаат од сите нет-часови јалови
знам дека ти е полесно кога отсутен сум
оти ко жива ограда го кастрам твојот поткусен ум
дур не остане ништо, освен промаја и пајажина
ко мониста на бројаница редам такви лити мажиња
нека служат како трофеј, и предупредување
од дување се јавуваат халуцинации и занесување
затоа прв чекор кон почит, е прекин на празните зборови
ако продолжиш така, живот како Емсее ти заборави...