Понекогаш, да си колумнист не е лесна работа. Секогаш треба да се смисли нова тема, секогаш мислата треба да се склопи совршено, секогаш треба текстот да испадне разбирлив, да има поента и порака, да допре до луѓето... За некого, може да стане двигател, за некого само губење време, за некого можност да научи нешто, а за некого - џабе се трудиме. Меѓутоа, реков ПОНЕКОГАШ работата на колумнистите не е лесна. Ама пак затоа, СЕКОГАШ тоа што го правиме, го правиме СО ЉУБОВ и ОД ЉУБОВ. Филозофираме, апстрахираме, конкретизираме, проповедаме, поетизираме... И ни јас, ни никој од екипата немаме никаков друг бенефит од оваа работа, освен душевното задоволство и љубовта што ја добиваме од оние кои знаат да ценат. Знаеме дека придонесуваме, дека сме тука, дека постоиме и најбитно од се – ЗНАЕМЕ ЗОШТО и ЗА КОГО ПОСТОИМЕ.
Секако, секоја работа си има две (или повеќе) страни. Во нашата култура, едната е онаа на поддржувачите, на истомислениците, на луѓето на кои сето ова нешто им значи, па не штедат на зборови и дела да ни покажат дека има почит меѓу нас. Да, да, ПОЧИТ. Нешто кое B.I.G. Girl многу добро го опиша во истоимената колумна. Флешбек до таму сами ќе си направите. Почитта, браќа и сестри, да не се повторуваме, тешко се стекнува, ама да му ебам мајката, ептен лесно се губи. Знам дека сте осетиле како е. Затоа, да се префрлам на другата страна на работите. Втората страна опфаќа луѓе кои прават многу за хип хопот, ама не знаат ЗА КОГО го прават тоа. Баш фина логика. Снимам, цртам графити, скречувам итн итн итн, се занимавам со хип хоп, се тоа за своја душа, ама настапувам, се промовирам и сум еминентно име во хип хопот за ПУБЛИКАТА. Срање. Срање х10. Срање, срање, срање и ништо друго. До душа, има луѓе/рап групи и сл. што се да речам поистакнати значи некаде на средината на двете страни, ама тоа што го прават се свесни за кого го прават. А знаете како знам? Зашто сум видела оти не се плашат дека ќе им отпадне раката ако се поздрават со луѓето што ги познаваат во публика и не се плашат дека некој друг (обичен, ама ЕБАНО ТАЛЕНТИРАН смртник) еден ден ќе сака да сними со нив, па не се вадат со бедни изговори од типот: „еј, извини, ама не можат да снимам со тебе зашто и други после ќе сакаат, знаеш како е...“ и со очи ширум отворени препознаваат SKILL. Има и од едните и од другите. Има и ликови кои гледаат се од птичја перспектива. Никој не може да оспори дека тие ликови направиле многу за хип хопот, ама има една работа која ја забораваат... Од калта, до ѕвездите, сите до еден сме растеле и растеме во иста култура. Некој останува, некој не... Некој е реален, некој не. Некој го бива, некој не. Ама сите сме тука и заедно. Само што, некој работите ги гледа од ЕПТЕН ВИСОКО, па му изгледаат ситни, скоро невидливи, а некој цврсто стои на земја и шири почит без оглед на се.
Така драги мои, стојат работите. Еднаш ќе снимаш со некого, ама утредента веќе нема да се знаете. Другпат, ќе одиш на журка со некоја екипа, утредента ќе станеш невидлив. Третпат, ќе се договориш за снимање, а утредента ќе бидеш заебан, зашто има и побитни работи во животот од одржување дадено ветување. Четврти пат ќе одиш по журки и ќе оддаваш почит, а утредента некој БУКВАЛНО ќе те лаже во фаца ко да си идиот, дека ептен те поштуе и цени и му се свиѓа тоа што го праиш. И така до недоглед. Ама, едно големо АМА ми заглави некаде во текстов... некаде помеѓу едната и другата страна на работите. Кога ќе има нареден пат некој да ти направи лице, извештачено, искривено и изопачено од дволичност, а ти си свесен за тоа, немој да си грешиш душа да земеш да го дисаш или да се одмаздуваш. Не, ти си подобар од тоа. Немој ни да бидеш дволичен и ти за да му вратиш. Покажи се во вистинско светло, покажи се кој си и што си, иако не си качен на облак и лагано се возиш по небото. Небото е за сите, само некои сакаат да летаат таму, а некои да го гледаат одоздола, од земјата по која цврсто и решително газат.
Знаете како рекле: “BE NICE TO PEOPLE ON YOUR WAY UP; YOU’LL MEET THEM ON YOUR WAY DOWN.” АМАААААА...тогаш ќе биде уште позабавно
Со почит
www.myspace.com/dasleetuvotuSleet