Сега е точно : Декември 4th, 2024, 1:53 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Колку кошта?
ТемаИспратено: Aприл 13th, 2012, 6:49 pm 
Отсутен

Регистриран: Aприл 13th, 2012, 6:40 pm
Мислења: 1
Верувам дека го погодив местото за отворање на темава. Исто, гледам дека не е многу активен форумов, ама вреди да се обидам.

Да преминам директно на главното: Имам свој бит и текст, ме интересира како иде процесот на снимање на траката (мастеринг тие работи), кај би требало да се обратам и колку тоа би коштало (за жал, веројатно најбитниот дел).
Никогаш немам ни стапнато во студио па главна одлика од тој аспект ми е-неискуство. Ако е некаков релевантен фактор текстот е на англиски јазик.

Фала.



Кон врв
 Профил  
 
 Наслов на мислењето: Re: Колку кошта?
ТемаИспратено: Авдуст 16th, 2012, 2:52 pm 
Отсутен

Регистриран: Ноември 29th, 2011, 4:16 am
Мислења: 3
wakeup Напиша:
Верувам дека го погодив местото за отворање на темава. Исто, гледам дека не е многу активен форумов, ама вреди да се обидам.

Да преминам директно на главното: Имам свој бит и текст, ме интересира како иде процесот на снимање на траката (мастеринг тие работи), кај би требало да се обратам и колку тоа би коштало (за жал, веројатно најбитниот дел).
Никогаш немам ни стапнато во студио па главна одлика од тој аспект ми е-неискуство. Ако е некаков релевантен фактор текстот е на англиски јазик.

Фала.

Значи вака друже..пошто знам дека форумов не е активен долго време, но јас одвреме наврме го разгледувам и баш се изненадив кога го видов дека некој пишал. :D. Да преминеме на прашањето...Ти со својата креација на битот веќе си направил еден дел од продукцијата на траката.Мастерингот е финалниот процес на една трака.Ти сега најпрвин треба да ги уснимиш вокалите.Значи треба да знаеш вокалите да ги уснимиш што поквалитетно значи да бидат што е можно погласно уснимени без притоа да пикира вокалот. :) Откако ќе го уснимиш главниот вокал , следи на ред да се уснимаат добацките.Кога ќе ги уснимиш вокалите следи најглавниот процес на една трака според мене а тоа е МИКС.Значи во зависност од тоа каква музика правиш .. сите имаат различен микс(метал,рок,рап).
Пристап на миксот
- Развивај го миксот
- што вид на музика правиш
- види што е најважно

Миксот има 3 димензии
1.Висина(f) - фреквенција
2.Длабочина (G) - Геин
2.Ширина - Стерео димензија панинг

7 Елементи :
1.Прв Баланс
2.Фреквенција
3.Панорама
4.Динамика
5.Димензија
6.Интерес
7.Последен баланс

Добар микс звучи јако,транспарентно и меко.
Според мене во миксот исто така многу битен елемент е Еквилајзација.
Примена
За реконструкција и рестарврација (за чистење на траката од непотребни фреквенции) и тн..
Компресија ..е битен фактор за регулирање на динамиката на траката (особено на вокалите).
Панинг
Панорама е положба на звучниот елемент во стерео поле.Со панорама може да се постигне:
-возбуда
-листина
-големина,ширина и длабочина
-просторност
.....Откако ке го завршиш миксот следи мастерингување на траката .. но меѓутоа ако немаш добар микс не очекувај при мастеринг којзнае што да направиш од песната..Значи ако немаш добар микс .. немаш добра трака.! :)
Мастеринг
Придобивки на мастерингот се длабочина на миксот,ударност,чистина и јачина.Процесот вклучува еквилајзација,регулација на шум,ширина на стерео сликата,додавање на амбиент,проширување на динамика,динамичка компресија.
Еве друже јас накратко објаснив неколку работи околу аудио продукцијата ако некој мисли дека негде грешам слободно нека ме поправи..поздрав до тебе и ако имаш нешто нејасно слободно пиши на форумов :D


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ � теми ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап