Има луѓе што ме знаат имам почит и за нив
Има луѓе што не ме знаат имам почит и за нив
Има луѓе што ме почитуваат имам почит и за нив
Има луѓе што не ме почитуваат имам почит и за нив
Има луѓе што ме мразат што ме колнат што ме дисаат
Има луѓе што би ме фрлиле по секоја цена
Има луѓе што за мене би ја секле својата вена
Па почит и за нив зошто за мене сум жив
Растен сум без другари во самосвои околности
Кога ми требаше помош немаше кој да ми помогни
Самиот си помагав и никој не ми рече фала
Благодарен сум на себе како коњот на штала
Кога сите се против тебе кога сите те мразат
Дали можеш да избегнеш насекаде да не те газат
Понекогаш се прашувам има ли тежина овој табак
На него што пишувам или јас сум само слабак
Искрено ми треба љубов кај да одам немам со умов
Ваму-таму лево-десно самото си е лабаво тесно
Дојде време да се извади се на виделина
Кој во туѓа каша тура јака киселина
Имам повеќе имиња, FLooX е доволен за сега
за тебе ЕФ ЕЛ doubleО ЕКС
Менувам стилови како вкусот на кекс
Да прочиташ внимателно ќе дознаеш кој сум бееееее...!!!