Вака сеа...текстов го напишав кога бев шесто-седмо одд чисто за зафрканција...знам дека не е ништо посебно, ама има длабока сентиментална вредност:) Прочитајте па кажете ми што мислите...
ДАСКА ИЛИ ДВЕ
Луда сум баш и тоа го знам
но не ми е срам, всушност се гордеам.
Една мисла постојано ме следи
-насекаде само лица бледи
цртам графити со спрејови и креди
а сите ме гледаат со лути погледи.
го знам јас тој поглед и не ми треба двоглед
за да сфатам дека сите луѓе
мене не ме сакаат, лути погледи ми праќаат
-мислат грам мозок ми фали,
се прашувам дали...
Даска или две
мене ми фалат или не
тоа е вечно прашање.
Си велат...
Знам дека знаеш дека немам ништо против
-чудовиштето во тебе без проблем јас го скротив.
Со денови проблеми на школо и по дома,
за глупавост можат да ми дадат и диплома.
Имам дилема која долго се раскажува,
секој приказни кажува и деца залажува...
Даска или две
мене ми фалат или не
тоа е вечно прашање.
Кои се па тие кога мене ми се спие
од сабајле да ме будат, а потоа се чудат?
Пуштам музика гласна и јадам храна масна,
велат-не било здраво, но знам не се во право.
До мене сакаат да допрат, но нема да ме сопрат,
вечно јас ќе се глупирам за нив да ги нервирам...
Даска или две
мене ми фалат или не
тоа е вечно прашање....