Не дозволувај никој да е целиот твој живот,
зошто кога ќе го нема, ќе немаш ништо.
Ако ти е добро, нека биде - само напред,
но не заборавај сонцето некогаш ќе зајде.
Во секое добро се крие нешто темно,
запомни и љубовта не трае вечно.
Сакај го животот повеќе од луѓето во него,
нормално е за себе пред се да гледа секој.
Боли секое збогум како и секој солза,
секоја лажна насмевка и прикриена болка.
Не го давај срцето ако не сакаш да плачеш,
со тебе управува тој на кој ќе му го дадеш.
Запомни сам си роден, сам и ќе умреш,
сакаш да си среќен? Живеј ко да нема утре.
Не барај насмевка таа не значи ништо,
и онаа најболната навидум личи исто.
Сврти го листот, пред тебе има уште,
во овој свет и најмалиот чекор е успех.
Секоја вечер на улица до мугри,
така животот не учи да бидеме мудри.
Незнаеш каде те води патот, уживај денес,
сепак нема за се доволно време..
Се е добро, одкако ќе го осетиш злото,
тоа незначи дека повеќе не постои лошо.
Никогаш ништо не ни е доволно,
и да имаме се бараме подобро.
Секогаш можеш и пониско да паднеш,
како и да е - секогаш гледај напред.
Не е се така сурово само треба да сме спремни,
има парче светлина и срека и на улиците темни.
И кога ќе помислам за се за што некогаш се борев,
сепак на крај ќе кажам само - ГЛАВАТА ГОРЕ!!!
Ај нешо ново од мене.. Го заборавив пассот на прошлиот јузер така да.. Тоа е тоа. Peaceee