Еве ви нешто и од мене...ко за сефте
реф: едвај 60 кила сурат ванила
рими остри како моторна пила
лажни рапери фаќаат кила
ритам една ока тежок како стока
на тврдокорни рапери делува како кока
штом ме слушнат секој како мрднат скока
иако на странава сеуште нов делувам како гроф
ги предизвикувам „јаките“ рапери на лов
во една рака пуна двоцевка со другата по џебовите барам трефка
јас сум господарот Робинзо Крусо и ви се претставувам на кусо
а тие ко да фатиле кравјо лудило целите во бунило
се прашуваат: кај ли бил овој до сега што ли го пробудило?
но еден ден ми пукна филмот си реков доста беше хибернација
протриј ги очите јас сум вистинит, а не некаква имагинација
од секогаш дејствувам во позадина како поддршка
но највеќе мразам кога ме тешат и ме тапкаат по плешка
„рапери“ пуни кеш кои не сфаќаат дека звучат како Снешка
причина за на моето лице уште една гневна смешка
ајмо Угро ајмо Врчак високо кренете рака
кој од вас прв сака со мене да се соочи
мојот рап е тежок и секој лажњак го боде во очи
го прави да дрхта, да се кочи, излез да бара
не се брзај почекај да свиткам една мара....
со особена страст виткам фас
зимам ризла, турам ганџа, нежно виткам и лижам
на почетокот за поспоро да гори,
палам, земам дим, додека со уживање мижам
а тогаш некој друг од мене излезе и почна да збори...
јас сум лошиот, оној кој со рими тепа и никого не трпи
мразам педерчиња кои уште во прва рунда фрлаат бели крпи
се прават јаки, но штом влезат во рингот, полни гаќи
твој е изборот дали ќе излезеш смрдлив или на штаки
кога сум на микрофон се однесувам малку шлаки
безмилосен, полно свесен, не примам никакви поплаки
живеам живот кај што не успева ни пиреј
дојди и ти тука па ај пробај живеј
нема да издржиш ни еден ден во пустината
сакаш да бидеш тврдокорен рапер епа дојди соочи се со вистината
подобро јас да ти ја кажам отколку други околу тебе да те лажат
многу рапери како тебе се изродија, нивните рими жива пародија
но само најјаките успеаја и ја пребродија оваа низа
на рапери кои паѓаат во криза и напразно гризат
земаат микрофон и се лигават, победата на Макфест јавно ја слават
на теве ко пауни се пуваат, но можат само во мојот „микрофон“ да дуваат
анорексични типки им играат на шипки во нивните спотови
се расфрлаат со пари го слушаат Хари, ох Боже какви снобови
луѓе немаат леб да јадат они суети градат
кога ќе ги видам од кожа ме вадат и ме гадат
има да ги натерам на колена да паднат !!!
реф: едвај 60 кила, сурат ванила
рими остри како моторна пила
лажни рапери од нив фаќаат кила
ритам една ока тежок како стока
на тврдокорни рапери делува како кока
штом ме слушнат секој како мрднат скока, скока, скока...