Критика
Рецитирам слободно, не ме занима политика,
за да опстанеш во рапот мора да примаш критика,
а тој што не знае критиката да ја прими
не може да се соочи со сопствените рими.
Тогаш што од животот и од себе очекуваш?
Не можеш со празни зборови вечно да одолговлекуваш,
верувај-само добро мисли тој што те критикува,
да не ја прифаќа вистината на рапер не му доликува.
Знај-твојата лирика со посебен стил се одликува
и верувам твојот карактер како личност го отсликува.
Секогаш ќе има мислење што од твоето ќе се разликува
и секад ќе има од публика хејтер што ти довикува.
Сериозно сфаќај ги само од блиските луѓе критиките,
дигни ја главата високо, не гледај во патиките,
Не е срам да згрешиш, срам е да се тешиш
и тие што ти значат да ги одбациш да решиш.
Слушај ги тие што се подобри од тебе,
а не некој платен за пари што се гребе.
Учи од грешките и добро ќе биде,
а успехот сам по себе си иде...
Е сеа вака [за тие што ќе се потрудат да прочитаат и да ми помогнат во натамошното пишување]
како што можете да приметите [а можда и не], имам проблем со ритамот.
Колку и да се трудам, секоаш имам да кажам појќе отколку што има место у стихот да се каже.
Ау и гратис да ви кажам, не знам како да завршам онака...на крај на песнава нешо ко заклучок треба или...?
иначе , текстов е инспириран од една личност што секогаш ми значела во животот [штета што не беше и обратно] и на почетокот требаше да биде како совет за таа извесна личност, ама после сфатив дека у ствари напишаново се однесува на мене така да немојте да мислите дека се праам демек сум компетентна да им даам совети на други...коа не сум.
И ондак то.
Епа ај помогнете, даајте совети, ова-она...и...така....
Благодариме однапред xD
Респект до сите. Ајт.
