Сам против сите застанувам цврсто
без оружје во рака ви го ковам крстот
судбината ваша искажана е тука
чеканот на крстот продолжува да чука
името ваше е врежано на него
епа ајде не сум на седмо небо
нанесувам страв штом се појавам пред вас и што
останавте без глас
да сега атентирам без да покажам сила
вербална вештина на мојата рима
чудесниот свет сега ви се руши
сите паѓате како да сте круши
и душевно се полнам со тоа што ве серам
ќе продолжам вака со рима да ве денам
ќе ве дерам не ве оставам на мир
и пак ќе ви кажам почивајте во мир
зошто ја сум како чир
и потсвесно ве трујам
се е ок само што нема да ве пцујам
епа ајде да ве чујам што има да се каже
ајде да ве чујам што ке се лаже
паднавте во калта и сами ќе се давите
од искушение сами ќе се избавите
сега секој нека умре од мака
зошто престанав повеќе да подавам рака
2дел
Од самиот почеток оставен сам
од самиот почеток се давам во кал
не рецитирам од жал рецитирам од љубов
сите змнаеме колку животот е суров
исполнет со падови и рушевини на грб
но се што ме опколува ме прави уште поцврст
иако во срце носам немерлива тага
не можам да се изјаснам ке биде сватено како лага
уште една сага на чекор ново искушение
дали полека се губам или ова е само привидение
на кованиот крст што досега го ковав
неможам повеќе престанувам да зборам
нема да бегам ќе застанам цврсто
како на почеток ќе го ковам крстот
се исполни пишаното судбината дојде
мракот ќе се спушти сонцето ке зајде
а таму на ридот човек ќе се најде
кој ќе ги кине синѓирите смртоносни
на валканиов свет сите сме гости
последна почит бог нека ве прости
приказната ја завршувам со валкана мисла
кажано реално душата ми е чиста
нема потреба од вистината да се плашам
почивајте во мир последно ќе кажам
Траката е снимана и ја има на
www.myspace.com/ridot
Чекам коментари