Сега е точно : Maј 13th, 2024, 9:24 pm

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењето: Гсх фт. зУм - Дел Од Мене
ТемаИспратено: Јули 22nd, 2009, 12:41 pm 
Отсутен
Членски аватор

Регистриран: Ноември 4th, 2008, 12:42 pm
Мислења: 52
Локација: Битола, Ремо...
[url][/url]http://rapidshare.com/files/258652583/GSH_ft_Zoom_-_Del_Od_Mene.mp3.html[url][/url]

:mrgreen: Комент Плз... Поздрав!

Зум --->
Верувам во победа, давам љубов и доверба,
претрпев разделба, без насмевка, на душа болка налегна,
само зло со намера, ме натера, да научам,
како лошото кон добро, со прст да го насочам,
предавник да посочам, и тага да не премолчам,
да претрпам во тешки мигови, во студови,
да не се вратам назад, во тие тесни кругови,
да поможам во заблуди, пред времето да застуди,
тие што се лојални, веќе се бројат на прсти,
иако безнадежни сме цврсти, веруваме во себе,
остануваме дрски, во склоп со ова време,
надежта започна да вене, студот понатаму гребе,
јас по навика се снаоѓам, а ти гледај си пред тебе,
но разни влијанија, на дното те оставија,
бар грешката поправија, и врати се со сознанија,
јасно целта поставија, пред себе, не се двоуми,
како пред да созрееш, живеј го животот без заблуди...

Мартин (ГСХ) --->

Зар да спуштам долу глава кон асвалт,за поглед со сарказам,
зборови кој ги газат,иста фраза враќа назад со казна,
повторно си сакан,доби своја втора шанса,
со кое лице враќаш омраза во страшна тајна,
тргни наметка од огледалото зар се плашиш од демон,
ако бегаш од денот,горчлив ти е лебот,
влечиш немоќ и слабост,па стравот сите ќе не повреди,
вратиги бистрите мисли,од лавиринтот побегни,
зар не те просветлив,ти отворив очи и чувство,
ти копаш туѓи очи со мојата верба и љубов,
зар немаш прст да го ставиш на глава и да размислиш,
жалам што не ги запамти зборовите преболи и надмини...

Крис Д (ГСХ) ---->

Затворам врата, току кога злото доаѓа пред праг,
поглед в далечина кој доведе да стигнам се до работ,
стравот, го отфрлам за напред, да продолжам,
да можам да се изјаснам, уште пред да прозборам,
гледам низ сите ѕидови, одам низ сите препреки,
се гледам себеси в очи, заборавам на несреќи,
потег повлекувам со рака, раката твори од душа,
глув за валкани усти, само својот глас го слушам,
се бранам да опстанам, за истиот да останам,
бродот тони, ќе се симнам, без мене го оставам,
ледот се топи брзо, очекуваното го гледам,
со свртен грб накај мене, друг избор и стварно немам...

Панде (ГСХ) ---->

Секоја надеж ко ден, потопен во бесада,
и огнот изгоре одамна од земја крената е пепелта,
сеќавање изгубено, зошто градот е пустина,
она што го направила ноќта, го нема в утрина,
велат судбина, во мракот без зракот тивко умирам,
те молам прости ми, но обвини невини погледи
сам се повредив кога тагата ме победи,
боли кога во туѓи очи, гледаш свои спомени
оставив зборови да ме заведат, во тивка афера,
станав скитник низ ноќи дур не се раздена, барав замена...


_________________
Think Twice Before Ya' Post Comment!


Кон врв
 Профил  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ 1на тема ] 

Часовникот е според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови and 7 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
Copyright © 2004-2023 Македонски Рап